Марија Реми Sarah lady_blue violetmoon Bum-Bum Anastasija JaMi Angiie Lena Smile Kitty alba Selene melpomena И ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ДЕВОЈКИТЕ (големо извинување што не ми текна на никовите од сите)
Добравечер мои дами.
Ова писание ви е посветено вам. И кога викам „вам“ тоа се однесува на најсовршеното битие кое чекори на планетава. На вас жените и девојките.
Јасно ми е дека половина од вас не го празнуваат овој празник, сметајќи дека тоа е ден само за мајките, но јас не сметам така.
Исто така кристално јасно ми е дека половина од вас ќе речат „Баш ли овој ден треба да се воздигнува жената?“ и во право ќе бидат, и јас стојам зад тоа дека жената треба да се чува над дланка ден и ноќ, 365 дена во година, но сепак ова е ден кој слободно може да се каже колективен роденден на жените/девојките, кој би требало да се прослави.
Некогаш си викам, срамота. Како можел човекот(читај кретенот) да биде толку слеп и да не им дава право на најсветите нешта што газат по земјава? И никогаш не можам да најдам објаснување, само секогаш можам да го повторам зборот „срамота“.![]()
Вечерва сакав само да ви посакам утре да го имате најубавиот ден. Сакам да ви посакам утре да застанете пред огледало и да си речете „Да, јас сум дел од најсовршениот облик на живот што постои на планетава. Да, јас сум мајката во чија утроба се зачнува човештвото“ и ви посакувам да бидете среќни.
Нека ви е вечен денот мои дами.
Што и да кажам не би било доволно за да ти ја искажам благодарноста која ја чуствувам во моментов. Имај прекрасен ден со твоето семејство

Ти благодарам !



ама 25април


