Arkantos веруј мене тоа ливче ништо не ми менува. А да го скинам, само ќе си накалемам световни проблеми, иако минорни. Вака нека се седи мене не ми мења ништо. Свадбата уште од старт ми е предодредена барем во глобала дека нема да биде во верски објект. Децата ако сака жена ми нека ги крсти, мене тоа не ми менува ништо. Велигден и Божиќ пред се ми се фамилијарни празници потоа и световни. Одам од куртоазија во црква за велигден затоа што знам дека има многу луѓе што се таму а и не се верници. Ќе седнеме надвор, ќе се видиме, ќе скршиме два реда муабет. И толку. Исто како што сум одел кај луѓе на бајрам на благо.
Но еве имаше и случај кога почнаа да воведуваат веронаука по школите (ако се сеќаваш крајот на 90тите пееше поп на разглас по училиштата). И требаше да се станува. Многу од нас децата тогаш веќе малку повеќе свесни, не го сторија тоа. Знаеш ли зошто? Затоа што не е во ред во училиште каде што шансите да наидеш на мешан етникум и вера ти се огромни, ти да проповедуваш една вера. Ние децата повеќето ја знаевме таа задна нелогична намера. И затоа не ја испочитувавме.
Што се тиче бакнување на икони, тоа е сосема небитен чин. Јас никад не сум го сторил тоа просто од лични причини дека се гадам од нешто што е пипано и бакнувано од 100 души тој ден.

Лично јас почитувам атеисти, муслимани....било што, секој поединец има можност да си одбери во што и дали ќе верува. Немам никакви предрасуди во врска со верата... Јас сум христијанка, крстена во црква...верата не ја гледам во тоа колку пати јас ќе одам во црква и колку свеки ќе запалам. Верата е во нашата душа, хуманоста, добрината, смиреноста, колку ние сме спремни да помогнеме и да направиме некое добро дело во тоа е верата, а не колку пари ќе те издрапа попот, црквата, џамијата. Ако се молите молете се тајно и не се докажувајте на светот колку сте вие големи верници, за тоа има кој да суди, гледа, казнува и наградува...БИДЕТЕ ЧОВЕЧНИ, А НЕ ФАНАТИЦИ КОИ ЗАЛУДНО СИ ГО ТРОШАТ СКАПОЦЕНОТО ВРЕМЕ. 