Опсесија со Бог

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ако сметате дека местово на темата не и е овде слободно можете да ја фрлите во канта...

Многупати сум сретнувала луге во мојата околина на живеење како се опседнати со Бога...
Да дадам пример за ова:Ми кажувале а и лично имам читано како некои луге сметаат дека работат за него,други постојано ги бацуваат неговите икони (исто и јас бев сведок на ваков случај кај што ме тераа да ја бацувам иконата,нормално не го направив тоа пошто сум атеист)а трети шетаат постојано од врата на врата и кажуваат како Господ наскоро ке се симне...
Што мислите за оваа појава...На што е резултат?
Дали имате доживеано вакви ситуации?

Се надевам дека ке наидам на разбирање за темава.

(wasntme)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Знаеш... секој има право на свое мислење. Така секој има право да почитува различно нешто.
Ако тебе не те исполнува да бакнеш икона можеби некој друг го исполнува.
Ако ти не веруваш дека Бог е таму некаде...можеби некој друг верува(во тој некој друг сум и јас).
Ваквата појава е резултат на верата....
Имам доживеано вакви ситуации, кога и да влезам во црква палам свеќа бакнувам икона, тоа е ритуал кој го почитувам и со кој ја искажувам љубовта, ништо срамно и ништо лошо.
Лошо е да шетам по светов да се поистоветувам како Атеист а да сум крстен(ете тоа е лошо) а такви примери има милион и еден.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Arkantos изгледа не ми ја сФати поентата на темата...
Значи што сакав да кажам за неа...
Како гледаш ти на тие луге кои упорно велаат дека работат за Бога?Дека се Син Божји,па к*рци палци?
Еднаш дури на брат ми му пријде човек кој му рече:Ти си син божји спремај се,наскоро ке дојде твоето време.
Можеби е Бог таму некаде,можеби не е...Тоа верниците нека му ја мислаат...
Ама толку продлабочени во тоа,уверени...дека се пратени?
Не,јас не им бранам да ги бацуваат иконите но да ги тераат останатите на нешто што не сакаат?
Значи не зборувам општо што прави оној кој е верник..Кога оди во црква.
Туку оние...за кои спомнав погоре...
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Искрено првото она шетање од дом до дом го имам видено од јаховини сведови или слични заедници да ги наречам , не ич не сум против кој како сака и осека може да си искаже мислење во врска со верата и со Бог, јас на пример мислам дека ако бакнам икона тоа не ја докажува мојата вера туку докажува уште еден ритуал , според мене Бог е во сите нас , и верата е онаа која ја осекаме во нас , Бог не е само во црквите или во книгата што некој ми ја нуди на врата , Верата треба да доаѓа од внатре од човекот а не од иконите или ливчињата на поповине или слично , не дека сум кизнае колкав верник само верувам дека постои нешто ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Arkantos and parvati

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos да те прашам нешто од твојот пост што прочитав. Сакаш ли да кажеш дека секој кој што е крстен не смее да се нарече атеист?

Инаку, милион пати имам кажано и пак ќе кажам. Мене не ми пречат верници, кој што сака нека си верува. Но (не)верата е лична работа и се` дур некој не почне да ми соли памет јас нема ни да спомнам религии, вери и сл.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Знаеш... секој има право на свое мислење. Така секој има право да почитува различно нешто.
Ако тебе не те исполнува да бакнеш икона можеби некој друг го исполнува.
Ако ти не веруваш дека Бог е таму некаде...можеби некој друг верува(во тој некој друг сум и јас).
Ваквата појава е резултат на верата....
Имам доживеано вакви ситуации, кога и да влезам во црква палам свеќа бакнувам икона, тоа е ритуал кој го почитувам и со кој ја искажувам љубовта, ништо срамно и ништо лошо.
Лошо е да шетам по светов да се поистоветувам како Атеист а да сум крстен(ете тоа е лошо) а такви примери има милион и еден.
А, не Аркантосе. Еве ќе ти кажам јас сум крстен иако сум атеист по убедување. Пребрзо ја донесуваш одлуката како лошо/добро. Можеби имало причина која детето не знаело па било крстено. Пример - што знае едно новороденче кога ќе биде однесено во црква и покрстено, а потоа со тек на време и окружување, да го гледа светот сосема од поинаков агол? Има исклучоци и тоа не се 1 во 10 000 туку може да се каже 10 во 50. И тоа не е лошо. Лошото е како што и ти самиот викаш - кога некој пробува да те разубедува во твоите најинтимни верувања било дали се атеистички (невеувања де) или обратно. Ерго, имам луѓе кои се страсни верници, ја почитувам нивната определба, понекогаш и одам на нивните религиски прослави но сето тоа пропаѓа во вода откога ќе почнат на било кој начин тие да ми ја вметнат својата верска определба во моите најинтимни неверувања.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Верба, надеж и љубов. Трите ми се опсесии.
Љубовта ја славам преку безбројните бакнежи кон моите најблиски. Ги бакнувам да им искажам љубов, благодарност.
Надежта ја очекувам со позитивните мисли за подобро утре. Таа е светлината на крајот од тунелот.
А Верата преку бакнување на она во кое верувам, библијата, иконите на Исус, Марија, и сите светци кои ми помагаат во животот.Ги бакнувам затоа што сум им благодарна за се до овој ден и за се од овој ден. И трите немаат облик за да ги видам, но и трите ми се столбови во животот.

Оние кои одат од дом до дом, и проповедаат нешто (јеховините сведоци поточно) , велат не верувајте во христијанството, бидејќи знаат дека неможеш ниту еден човек да го убедиш да верува, зошто верувањето е способност која не секој ја поседува, а да убедиш некого да не верува е многу полесно, а зошто е тоа така...?
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се сложувам со Бобо и Саладин. Се додека некој не почнува да ми наметнува став, во ред. Кој колку сака во што сака нека си верува и најдобро, кога е сам нека си го величи тоа нешто. Таков пример како што кажа Мери искрено ми наликува на секташка постапка. Или закана.

Патем, крстењето на бебе во најмала рака е наметнување на став/вера. Ако некој сака да биде крстен, може тоа да го стори во било кое време. Можеби некои родители од страв да не им биде детето атеист го крштеваат додека не знае што се случува. (wasntme)

And word to the wise, ако бакнувате икони, немојте да го правите тоа додека имате кармин на устата. Многу икони се неповратно уништени бидејќи карминот влага во "срж'та" и не може да се исчисти...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Saladin

radioactive

Истакнат Член
14 април 2013
54
39
118
Се согласувам со DarkPassenger патем крштевањето во најголемиот број случаеви се изведува кога ние не сме во состојба да одлучуваме за себе, па поради тоа родителите одлучуваат за нас и ни ја наметнуваат својата вера, иако можеби некој од нас подоцна ќе се декларира како атеист, а можеби и како дел од друга вера.

Е сега мој одговор на прашањето, сум била сведок на безброј безсмислени изјави на оние „верници“ кои не знаат за граници. Имено ми имаат кажувано дека само христијанството е религија, а сите останати се секти, дека Библијата не смее да се чита без благослов, дека треба да бидеме скромни на Земјата за да „живееме“ после смртта во рајот и блабла, постојат дури и онакви кои шетаат со иконите насекаде. Јас разбирам да си верник, ама ова е надвор од контрола, луѓето си го уништуваат животот посветувајќи се на нешто за кое не се сигурни дека воопшто постои.
Башка то според мене ваквите луѓе ја зголемуваат дискриминацијата во светот, така да not my type of people...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and DarkPassenger

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Знаеш... секој има право на свое мислење. Така секој има право да почитува различно нешто.
Ако тебе не те исполнува да бакнеш икона можеби некој друг го исполнува.
Ако ти не веруваш дека Бог е таму некаде...можеби некој друг верува(во тој некој друг сум и јас).
Ваквата појава е резултат на верата....
Имам доживеано вакви ситуации, кога и да влезам во црква палам свеќа бакнувам икона, тоа е ритуал кој го почитувам и со кој ја искажувам љубовта, ништо срамно и ништо лошо.
Лошо е да шетам по светов да се поистоветувам како Атеист а да сум крстен(ете тоа е лошо) а такви примери има милион и еден.

Јас сум крстена и сум атеист, и што сега?
Зошто е тоа лошо?
Не сум одлучила јас да бидам крстена, не било тоа моја одлука, никој не ме прашал дали сакам или не сакам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and slb_bobo