Опсесија со Бог

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ајде сега со ред:
Arkantos изгледа не ми ја сФати поентата на темата...
Значи што сакав да кажам за неа...
Како гледаш ти на тие луге кои упорно велаат дека работат за Бога?Дека се Син Божји,па к*рци палци?
Еднаш дури на брат ми му пријде човек кој му рече:Ти си син божји спремај се,наскоро ке дојде твоето време.
Можеби е Бог таму некаде,можеби не е...Тоа верниците нека му ја мислаат...
Ама толку продлабочени во тоа,уверени...дека се пратени?
Не,јас не им бранам да ги бацуваат иконите но да ги тераат останатите на нешто што не сакаат?
Значи не зборувам општо што прави оној кој е верник..Кога оди во црква.
Туку оние...за кои спомнав погоре...
Знаеш постоеле и ќе постојат луѓе што сакаат да манипулираат со верата. Како тие што проповедаат дека се синови Божји итн итн.
Не викам дека е добро, затоа што не е.
Едноставно некои тоа го прават поради финасиски причини некои од што се чакнати во умот и така.

Arkantos да те прашам нешто од твојот пост што прочитав. Сакаш ли да кажеш дека секој кој што е крстен не смее да се нарече атеист?
Оној што е атеист би требало да го искине документот кој го декларира како крстен човек. Да отиде во црква да го побара документчето и да го среди.
Како што тоа го има направено секој Јаховин сведок.

А, не Аркантосе. Еве ќе ти кажам јас сум крстен иако сум атеист по убедување. Пребрзо ја донесуваш одлуката како лошо/добро. Можеби имало причина која детето не знаело па било крстено. Пример - што знае едно новороденче кога ќе биде однесено во црква и покрстено, а потоа со тек на време и окружување, да го гледа светот сосема од поинаков агол? Има исклучоци и тоа не се 1 во 10 000 туку може да се каже 10 во 50. И тоа не е лошо. Лошото е како што и ти самиот викаш - кога некој пробува да те разубедува во твоите најинтимни верувања било дали се атеистички (невеувања де) или обратно. Ерго, имам луѓе кои се страсни верници, ја почитувам нивната определба, понекогаш и одам на нивните религиски прослави но сето тоа пропаѓа во вода откога ќе почнат на било кој начин тие да ми ја вметнат својата верска определба во моите најинтимни неверувања.
Тоа што го одговорив кај slb_bobo важи и кај тебе. Значи мене не ми пречат атеистите. Ми пречат атеисти што ме убедуваат да не верувам а истите тие се крстени одат во црква, ги гледам секој Велигден пред црква вртат кругови. А оние што се убедени дека не треба да бидат верници нели би требало да го искинат тоа ливче? Да отидат во црква да се одречат од верата да го побараат документот - и ќе го добијат.

Јас сум крстена и сум атеист, и што сега?
Зошто е тоа лошо?
Не сум одлучила јас да бидам крстена, не било тоа моја одлука, никој не ме прашал дали сакам или не сакам.
Не си одлучила точно. Затоа е грешка она што го правиме(што ги крстуваме децата пред да си се изјаснат самите) ама ете постои можност да се одречеш од верата...
Кога тоа ќе го направат атеистите од мене ќе имаат почит наклон и се поред, до тогаш за мене се лаици, немаат ни А од Атеисти.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека е права глупост да се омаловажува нечие мислење за бог и воопшто вербата.
Ако еден верува во бог,
а некој друг е атеист и не верува во ништо,
треба да се почитува индивидуалноста на истиот.
Јас верувам но немам ништо против тие што не веруваат.
Дојде ли до таква тема на разговор не би ги омаловажувала и не би ги убедувала дека не се во право.
Јас сум крстена христијанка но верувањето го најдов во сосем друг правец кој нема врска со христијанската религија.
Сепак ги почитувам тие што веруваат во црквата( иако црквата е најголемиот лопов што постои исто како и поповите)
и всушност неможеш да веруваш во црквата.
Можеш да веруваш во бог и да одиш да се помолиш во црква како во "свето место".
Сега свето место.
Колку е света незнам. Зошто црквата е свето место?
Тогаш и џамијата е свето место.
Будистичкиот храм е свето место.
Лабараторијата би била исто свето место
за оние кои се крепат или веруваат само во докажани нешта.
Иако ако сакаш да се помолиш можеш и дома да се помолиш без да одиш во црква исто ти е.
Бакнување икони... не би..
Нема никаква смисла сето тоа.
Зошто да ја бакнувам иконата?
Тоа е предмет( добра слика) нацртана од уметник. Зошто е тогаш света?
Ако е нацртана од уметник и е света, тогаш значи уметникот е светец и ќе си бакнувам сликите дома кои ми висат на ѕидот.
И тие се уметнички дела, значи "свети".
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Arkantos, едно ливче никого не прави верник или неверник...или прави, а? Искрено еве јас сум крстен и ни на крај памет не ми е да одам јас по цркви да им кажувам дека ќе го скинам тоа ливче или пак некого да убедувам за моите лични работи како што е неверувањето.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Arkantos, едно ливче никого не прави верник или неверник...или прави, а? Искрено еве јас сум крстен и ни на крај памет не ми е да одам јас по цркви да им кажувам дека ќе го скинам тоа ливче или пак некого да убедувам за моите лични работи како што е неверувањето.
Тоа ливче ќе ти го одземе правото да се венчаваш во црква, да ги крстуваш своите деца и ред други работи.
Ако си Атеист би требало да немаш поврзна точка со црквата.

Затоа реков, таквите Атеисти имаат почит од мене.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Темава пак ќе биде вртење во круг, како и другите теми.
Дали некој верува или не, тоа си е негово.
Право на избор.
А крштевањето и опсесијата со Бог (за што впрочем е и темава) нема благе везе.
Мене не ми смета проповедањето по врати. Ги нема толку кај нас, не памтам од дете да помине некој од Јеховини сведоци или кои било други.
Туку мене ми сметаат оние другите, поинаквите верски фанатици.
Што идат во екстремност.
други постојано ги бацуваат неговите икони (исто и јас бев сведок на ваков случај кај што ме тераа да ја бацувам иконата,нормално не го направив тоа пошто сум атеист)

Бакнувањето икона и поклонувањето е искажување почит и понизност пред светецот кој што е на иконата.
И тоа не е опседнатост со Бога.

Значи секој верник не е фанатик и опседнат.

Верник или атеист, тоа си е право на личен избор и исмевање од било која страна, навистина е бедно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and melpomena

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Бакнувањето икона и поклонувањето е искажување почит и понизност пред светецот кој што е на иконата.
И тоа не е опседнатост со Бога.

Значи во ред,нека почитуваат,нека бацуваат немам ништо против но зошто пак ке прашам ги тераат останатите кои не се верници да го праваат тоа?Која е целта на тоа барање?
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Значи во ред,нека почитуваат,нека бацуваат немам ништо против но зошто пак ке прашам ги тераат останатите кои не се верници да го праваат тоа?Која е целта на тоа барање?
Тоа ќе си ги прашаш тие што те тераат.
А едно не ми е јасно, за да те тера некој да бакнеш икона треба да одиш во црква.
Нели си ти атеист?
,други постојано ги бацуваат неговите икони (исто и јас бев сведок на ваков случај кај што ме тераа да ја бацувам иконата,нормално не го направив тоа пошто сум атеист)
Значи не се сите луѓе исти, а најверојатно тоа ти рекле да го направиш, кога веќе си влегла во црква, барем можеш да покажеш почит.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and JaMi

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Тоа ќе си ги прашаш тие што те тераат.
А едно не ми е јасно, за да те тера некој да бакнеш икона треба да одиш во црква.
Нели си ти атеист?

Значи не се сите луѓе исти, а најверојатно тоа ти рекле да го направиш, кога веќе си влегла во црква, барем можеш да покажеш почит.

Да,атеист...истото и го кажав на тој човек што ме натера да ја бакнам но наидов само на негодување и упорно терање да ја бакнам...Излегов од простотијата се додека таа личност не си замина....
Нејзиното зборување околу тоа:Бакнувајте сите,ке имате здравје..и дојде до мене и јас изреагирав како што претходно кажав...Дека одбив...
И кога одбив вели ке закачиш леукемија...Абе ужасно...
Инаку...Тоа се случи во домот на една моја пријателка.
Имаше една икона,жената ја зеде и почна да зборува нешто,не ја слушав...ама кога почна да ни ја дава иконата...натаму веке кажав што се случи.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Да,атеист...истото и го кажав на тој човек што ме натера да ја бакнам но наидов само на негодување и упорно терање да ја бакнам...Излегов од простотијата се додека таа личност не си замина....
Нејзиното зборување околу тоа:Бакнувајте сите,ке имате здравје..и дојде до мене и јас изреагирав како што претходно кажав...Дека одбив...
Инаку...Тоа се случи во домот на една моја пријателка.
Значи има луѓе кои што веруваат или барем викаат дека веруваат само ради реда или затоа што така требало.
Што мислат дека ако бакнат икона, дека ќе им се случат кој знае какви благодети.
Различни луѓе различни карактери.
Верата е многу повеќе од бакнување на икони.