Знаеш постоеле и ќе постојат луѓе што сакаат да манипулираат со верата. Како тие што проповедаат дека се синови Божји итн итн.Arkantos изгледа не ми ја сФати поентата на темата...
Значи што сакав да кажам за неа...
Како гледаш ти на тие луге кои упорно велаат дека работат за Бога?Дека се Син Божји,па к*рци палци?
Еднаш дури на брат ми му пријде човек кој му рече:Ти си син божји спремај се,наскоро ке дојде твоето време.
Можеби е Бог таму некаде,можеби не е...Тоа верниците нека му ја мислаат...
Ама толку продлабочени во тоа,уверени...дека се пратени?
Не,јас не им бранам да ги бацуваат иконите но да ги тераат останатите на нешто што не сакаат?
Значи не зборувам општо што прави оној кој е верник..Кога оди во црква.
Туку оние...за кои спомнав погоре...
Оној што е атеист би требало да го искине документот кој го декларира како крстен човек. Да отиде во црква да го побара документчето и да го среди.Arkantos да те прашам нешто од твојот пост што прочитав. Сакаш ли да кажеш дека секој кој што е крстен не смее да се нарече атеист?
Тоа што го одговорив кај slb_bobo важи и кај тебе. Значи мене не ми пречат атеистите. Ми пречат атеисти што ме убедуваат да не верувам а истите тие се крстени одат во црква, ги гледам секој Велигден пред црква вртат кругови. А оние што се убедени дека не треба да бидат верници нели би требало да го искинат тоа ливче? Да отидат во црква да се одречат од верата да го побараат документот - и ќе го добијат.А, не Аркантосе. Еве ќе ти кажам јас сум крстен иако сум атеист по убедување. Пребрзо ја донесуваш одлуката како лошо/добро. Можеби имало причина која детето не знаело па било крстено. Пример - што знае едно новороденче кога ќе биде однесено во црква и покрстено, а потоа со тек на време и окружување, да го гледа светот сосема од поинаков агол? Има исклучоци и тоа не се 1 во 10 000 туку може да се каже 10 во 50. И тоа не е лошо. Лошото е како што и ти самиот викаш - кога некој пробува да те разубедува во твоите најинтимни верувања било дали се атеистички (невеувања де) или обратно. Ерго, имам луѓе кои се страсни верници, ја почитувам нивната определба, понекогаш и одам на нивните религиски прослави но сето тоа пропаѓа во вода откога ќе почнат на било кој начин тие да ми ја вметнат својата верска определба во моите најинтимни неверувања.
Не си одлучила точно. Затоа е грешка она што го правиме(што ги крстуваме децата пред да си се изјаснат самите) ама ете постои можност да се одречеш од верата...Јас сум крстена и сум атеист, и што сега?
Зошто е тоа лошо?
Не сум одлучила јас да бидам крстена, не било тоа моја одлука, никој не ме прашал дали сакам или не сакам.
Тоа ливче ќе ти го одземе правото да се венчаваш во црква, да ги крстуваш своите деца и ред други работи.Arkantos, едно ливче никого не прави верник или неверник...или прави, а? Искрено еве јас сум крстен и ни на крај памет не ми е да одам јас по цркви да им кажувам дека ќе го скинам тоа ливче или пак некого да убедувам за моите лични работи како што е неверувањето.
други постојано ги бацуваат неговите икони (исто и јас бев сведок на ваков случај кај што ме тераа да ја бацувам иконата,нормално не го направив тоа пошто сум атеист)
Бакнувањето икона и поклонувањето е искажување почит и понизност пред светецот кој што е на иконата.
И тоа не е опседнатост со Бога.
Тоа ќе си ги прашаш тие што те тераат.Значи во ред,нека почитуваат,нека бацуваат немам ништо против но зошто пак ке прашам ги тераат останатите кои не се верници да го праваат тоа?Која е целта на тоа барање?
Значи не се сите луѓе исти, а најверојатно тоа ти рекле да го направиш, кога веќе си влегла во црква, барем можеш да покажеш почит.,други постојано ги бацуваат неговите икони (исто и јас бев сведок на ваков случај кај што ме тераа да ја бацувам иконата,нормално не го направив тоа пошто сум атеист)
Тоа ќе си ги прашаш тие што те тераат.
А едно не ми е јасно, за да те тера некој да бакнеш икона треба да одиш во црква.
Нели си ти атеист?
Значи не се сите луѓе исти, а најверојатно тоа ти рекле да го направиш, кога веќе си влегла во црква, барем можеш да покажеш почит.
Значи има луѓе кои што веруваат или барем викаат дека веруваат само ради реда или затоа што така требало.Да,атеист...истото и го кажав на тој човек што ме натера да ја бакнам но наидов само на негодување и упорно терање да ја бакнам...Излегов од простотијата се додека таа личност не си замина....
Нејзиното зборување околу тоа:Бакнувајте сите,ке имате здравје..и дојде до мене и јас изреагирав како што претходно кажав...Дека одбив...
Инаку...Тоа се случи во домот на една моја пријателка.