Koлкава слобода треба да им се дава на децата?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
па сварно немате мозок вие демек ако му речите за овие работи ти ќе го спречиш сака неќи ќе пиее сака неќи ќе пуши цигари и ќе легни со проститука ЕДНО..ДЕНЕС НЕМОЖИШ ДА МУ НАРЕДИШ НА ДЕЦАТА ТИЕ ВРЕМИЊА ПОМИНАЈА !!
Времето кога родителот може да му влијае на детето и да го насочи кон правиот пат никогаш нема да мине.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Времето кога родителот може да му влијае на детето и да го насочи кон правиот пат никогаш нема да мине.
па сигурно нема да го терам на тие работи ќе му велам на добро ама знам колку и да речам то нема никаква врска тој ако сака ќе го напрај сето то..понатаму не коментирам
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
па сигурно нема да го терам на тие работи ќе му велам на добро ама знам колку и да речам то нема никаква врска тој ако сака ќе го напрај сето то..понатаму не коментирам
Тој нема да сака да го направи нештото ако ти си доволно кабожен како родител да му посочиш колку е нештото лошо.
Ти би легнал со проститутка ако знаеш дека притоа можеш да добиеш Сида и да си го скратиш животот?
Ти би направил кражба ако знаеш дека ако те фати полиција ќе завршиш во затвор, и притоа ќе ти помине најубавиот дел од животот во затвор?

Очигледно е дека си се’ уште малечок...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: radioactive

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Еве неколку мои совети....од лично искуство....Најпрво и најважно....децата се како билките. Една билка правилно ке се развие ако добие правилен третман уште од првите денови -(кај децата години)Ако се направи тоа билката (детето)без проблем ке се развива.Слобода уште од мали нозе.Да се пусти детето да биде слободно...само слободно дете е насмеано и раздрагано.Да се набљудува....секоја висок на енергија да се канализира....спорт или друга област...родителот треба да почувствува што би го интересирало.Разговор ....во разговорот детето да се третира како возрасен човек...Сте слуснале сигурно....На билките да растат им е потребно да им говориме....И нема да должам...ке кажам.....велат-фали го детето за да може да расцвета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Не наидов на слична тема,доколку има спојте ја..

Во последно време се повеке налетувам на деца кои посакуваат да бидат повеке ослободени од страна на родителите..
Ослободени-да објаснам што сакам да кажам со зборот а и верувам дека многумина знаат што сакам да кажам.
Да се слободни,да излаваат до период до кога тие сакаат,да се дружат со кој што сакаат,да имаат партнери уште во период кај што не се се уште оформени.
Знам случаеви кај што некои родители целосно ги оставаат своите деца на "цедило"во стил прави што сакаш јас имам доверба во тебе.
А и случаеви кај што децата се повеке строго држани дома со разни совети кои еве на нас децата ни се качува притисокот...

Како родител како би постапиле?Дали био дозволиле и што би дозволиле да праваат своите деца,што мислите дека е правилно а што не е правилно...
Нели,како дете јас живеам во друго време а моите родители во друго кое било построго а не како сега...И многу пати сме се ваделе со таа реченица..
Ама вие сте живееле во друг период а јас во друг-јас си живеам за мене ти за себе...
И до кога гледа родителот дека нема разбирање мегу него и своето дете едноставно го остава...Зборувам за оние кои не се премногу строги.

Како пример ќе се земам самиот себе си.
Од секогаш сум сакал да имам слобода.Да правам што сакам јас.Да не зависам од никого.Никој да не ми наредува.
Имав 14.5 години кога со тие мои ставови застанав цврсто на нозе.
Океј, рекоа моите.Штом така тогаш ти сам снаоѓај се.
Од тогаш, јас имав излез до кога сакам.Имав право да не кажувам каде одам.Со кого сум, итн итн.

Е сега да погледнеме од другата страна на тие смели потези од страна на тинејџерите денешни.
Моите видоа дека ја прифатив таа игра и дека терам по мое ми рекоа: Пари за скитање и пијанчење не добиваш.Не ни имаме.Снајди си се работи си, печали си твоја пара па кај сакаш оди крши глава.
Почнав да работам.Печалев доволно за да си платам интернет, кредит за телефон, за искачање и да можеш да тргнеш нешто пари на страна.
Никогаш денар не ми побарале за да платам сметки дома или било што што мислам дека е многу фер од нивна страна.

Денешните тинејџери сакаат да имаат потполна слобода, да се курваат и курцаат цела ноќ, и тоа на сметка на нивните родители.Ајде бе?
Лесно е така, тате носи мама меси.
Ако толку сакаш да бидеш либерте тогаш сноси си ги одговорностите што идат заедно со тоа.
Е кога ќе почнат денешните мрсулковци и ороспичиња да печалат сами пари, тогаш да ги видам дали ќе се фрцкаат во град и ќе се пијанчат како жедни камили.

Како одат генерациите се’ повеќе и повеќе тонат.Многу ги жалам..

Така да мојот став е, доколку бидам родител ќе играм исто како моите родители.Па ако му држи гзот нека си биде слободен, кој го е*е.Еден товар помалку од мој грб.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 990Freak and Saladin

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
па сварно немате мозок вие демек ако му речите за овие работи ти ќе го спречиш сака неќи ќе пиее сака неќи ќе пуши цигари и ќе легни со проститука ЕДНО..ДЕНЕС НЕМОЖИШ ДА МУ НАРЕДИШ НА ДЕЦАТА ТИЕ ВРЕМИЊА ПОМИНАЈА !!
Очигледно си тинејџерче штом вака површно размислуваш...и само така мислиш дека на детето денес не можеш да му наредиш или забраниш нешто...можеш и тоа како...а ти само си се залажуваш...ама добро, не ти замеруваме, нормално е за твои години да живееш во таква илузија нели?
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Зависно од годините на детето треба да му се даде слобода до одредени граници односно без претерување и испуштање од раце...она што е својствено за одредена возраст не треба во никој случај да му се скрати или забрани...јас лично од ништо не сум била скратена и ништо не ми било забрането ама тоа било така затоа што сум створила доверба кај моите и биле мирни дека никогаш нема да направам нешто непромислено или незрело...и мислам дека воспитувањето треба да оди баш во таа насока, да се разбуди свеста кај детето и да се изгради како совесна, трезвена и промислена личност....а забранувањето, казнувањето мислам дека не секогаш се продуктивни и многу често резултираат со контраефект од типот на бегања од дома и слични драми...
Разговорот, најблизок и најискрен е она што е најважно....никој не сака да се почувствува омаловажен или потценет, а со казнување и забранување децата се чувствуваат баш така, а пристапот да се разбуди совеста и да му се укаже дека згрешил и дека заради тоа нешто ќе му се скрати(излегување, џепарлак и сл) мислам дека е далеку попродуктивно...барем кај мене запалило и така сум воспитана и тоа во најкритичните години и фала му на Бога излегов сосема во ред....
Она што е најважно во односот родител -дете е градењето на меѓусебната, взаемната доверба и блиска комуникација...тешко е да се оствари ама не е невозможно..само треба да се одбере соодветниот начин кој би запалил кај детето...
Детето треба да се пушти слободно да си ја живее младоста, ама родителот треба да го контролира и следи секој негов чекор без да му прави соодветен притисок на детето, да биде информиран за секоја негова активност и движење без да се почувствува детето дека му е загрозена или нарушена приватноста и интимноста....
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
да не се дрогират
машко - шо сака нека прај само да не е геј
женско - шо сака нека прај само да не е проститутка
Мала дигресија Мартин, ама да се биде геј не е избор туку од старт си предодреден. Се работи за хормонално пореметување. Затоа тука не си баш во право.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Очигледно си тинејџерче штом вака површно размислуваш...и само така мислиш дека на детето денес не можеш да му наредиш или забраниш нешто...можеш и тоа како...а ти само си се залажуваш...ама добро, не ти замеруваме, нормално е за твои години да живееш во таква илузија нели?
со тоа шо му забранваш то полошо му прајш и со самото напорвање вакво ти ќе го направиш детето да е она шо неќиш да биди пошто тоа ќе биди присилено..И ЦЕЛ СВЕТ ДА МИСЛИ ПОИНАКУ ЈАС ПАК КЕ СИ ОСТАНАМ НА СВОЕТО ЗАТОА ШО НИ ЕДЕН МОЗОК НЕ Е ИСТ И СЕКОЈ РАЗЛИЧНО РАЗМИСЛУВА.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Мала дигресија Мартин, ама да се биде геј не е избор туку од старт си предодреден. Се работи за хормонално пореметување. Затоа тука не си баш во право.
како и да е тоа е мое мислење и ќе стојам зад него..ги почитвам и вашите, секој различно мисли ! :)