Koлкава слобода треба да им се дава на децата?

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Не наидов на слична тема,доколку има спојте ја..

Во последно време се повеке налетувам на деца кои посакуваат да бидат повеке ослободени од страна на родителите..
Ослободени-да објаснам што сакам да кажам со зборот а и верувам дека многумина знаат што сакам да кажам.
Да се слободни,да излаваат до период до кога тие сакаат,да се дружат со кој што сакаат,да имаат партнери уште во период кај што не се се уште оформени.
Знам случаеви кај што некои родители целосно ги оставаат своите деца на "цедило"во стил прави што сакаш јас имам доверба во тебе.
А и случаеви кај што децата се повеке строго држани дома со разни совети кои еве на нас децата ни се качува притисокот...

Како родител како би постапиле?Дали био дозволиле и што би дозволиле да праваат своите деца,што мислите дека е правилно а што не е правилно...
Нели,како дете јас живеам во друго време а моите родители во друго кое било построго а не како сега...И многу пати сме се ваделе со таа реченица..
Ама вие сте живееле во друг период а јас во друг-јас си живеам за мене ти за себе...
И до кога гледа родителот дека нема разбирање мегу него и своето дете едноставно го остава...Зборувам за оние кои не се премногу строги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не наидов на слична тема,доколку има спојте ја.. Многу деца се незадоволни од ограничувањата на родителите и посакуваат поголема слобода или целосна. Но дали стварно децата заслужуваат комплетна слобода од родителите? Тинејџери сметате дека сте доволно зрели и искусни да можете без ограничувањата од родителите да го одберете правиот и вистинскиот пат за вас? А и родителите на кајгана нека се изјаснат колкава е слободата што им ја даваат на децата?
Има деца од 14 години кои се вракаат и во 7 наутро но битно родителите им веруваат ним...Или пак керка од 13 години дома носи дечко. Дали родителите треба да внимаваат со кои им се дружаат своите деца,што прави во слободно време а постојат случаеви кога родителите се преокупирани со работата па го оставаат детето да прави што сака кога не е дома.Твој живот живеј го како сакаш . Колку е тоа позитивно или негативно?
Кога крадете идеа за тема, барем нека биде воведот со ваши зборови.

А што се однесува до прашањето. Детето не треба да има буквално целосна слобода.
Ако 12 годишна ќерка посака да биде излезена цела вечер во некој бар, јас би бил „кул“ родител ако ја пуштам... ама не би бил доволно сериозен за својата улога како воспитувач на детето.
За овој вториот пример што го кажа... АКо веќе девојката на 14 години одлучила да има дечко, подобро да го донесе дома, мајка и’ да го види, јас да го видам, да видам што „суртук“ е, па да знам какви совети да и’ давам.
Знаеш ако јас не сум успеал да пренесам порака дека животот со љубовни обврски да го започнеш уште на 14 е премногу рано, тогаш барем да ја натерам да сфати како да се заштити од проблемите што можат да настанат поради таа врска.

Има една незнам како да ја наречам, ајде теорија.
Кога во животот ќе бидеш бројка 1(и одреден број нули) или ќе бидеш само нула цел живот.
Значи, родителите... се оние кои до некој одреден период од твојот живот(додека си малолетен) ти ја даваат Единицата(1) потоа ти самиот социјализирајќи се, користејќи го разумот додаваш одреден број на нули... А ако родителите не ти ја дадат единицата, колку и да додаваш нули ти самиот, секогаш ќе си една обична нула...

Муабетов ми е, детето мора да има ограничувања затоа што децата не секогаш знаат сами да си постават граници.
 
Инаку пола и повеке од темите,не само мојата туку и на останатите членови(ок имам приметено)... не се секогаш со свои зборови...Не се факај за сламка...:)Целта е да продискутираме а не да гледаме од каде е и како е напишана.
Ама велиш дека ке ја пуштиш а од друга страна дека нема да си сериозен во твоето воспитување.Нема да ја пуштиш,ке се случи да избега од дома,да се однесува лошо со тебе...да пага во расправии...
За дечко?јас сум строго против уште на 13 14 години да има дечко.
Како прво не е доволно оформена како личност...зошто може да налета на секаква личност кој може да ја пролаже,ти доколку не и дозволиш да биде со него... од кај си толку сигурен дека ке те послуша и нема да се крие од тебе?

Кога веке ме праша,за украдената идеја...Баш на тој форум прочитав разни мислења...и на останати форуми со иста тема,кое едно мислење ме натера да ја отворам темата.Дека треба да бидаат целосно ослободени од разни причини но нема да кажам од кого е.И да...уште нешто...Нема што да кријам и да се правдам.Идејата е од таму земена но во различен контекст кажана...
Твое е колку си сфатил.Зошто ако не се лажам и од тој форум дојдоа овде... и се родители а се запознаени подобро...

Родителите од кајгана кои ги има повеке и се овде,родителите од црно бело форум,нека се изјаснат.Дали е сега појасно Господине Совршен?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
МериСелест
Прво да разјасниме ова со копирањето теми. Не знам за другите членови, ама јас лично за себе знам дека воведот секогаш го пишувам со свои зборови, колку и да сум добил идеа од некој ИКС форум од некоја ИКС телевизиска програма и слично.
И како второ кога веќе си одличила да копираш барем зборот кајгана смени го во „а вие родители од ЦрноБело“ оти не сме на кајгана, на ЦрноБело сме.

Е сега он топик:
1. Ама велиш дека ке ја пуштиш а од друга страна дека нема да си сериозен во твоето воспитување.Нема да ја пуштиш,ке се случи да избега од дома,да се однесува лошо со тебе...да пага во расправии...

- Прво, јас не реков дека ќе ја пуштам. Реков дека ќе бидам кул родител ако одлучам да ја пуштам. Ама не би ја пуштил затоа што девојка од нејзина возраст, па и момче од таа возраст е несвојствено да биде подоцна од 12 часот по улици. Според мене е, според некој родител ако не е тоа е друга работа.
Е сега расправиите ги има секогаш. Ама сигурен сум дека и пред да наполни 12 - 14 години, ќе и’ зборувам за тоа излагање до доцна, за тоа колку сум против некои работи. Тоа мое зборување ќе вроди плод сигурен сум, и таа сама ќе може да сфати дека подоцна од 12 не и’ е местото во кафе бар. Ако задоцни час, половина час, не би се лутел.
А дека нема да избега од дома, е тука сум најсигурен.

2. За дечко?јас сум строго против уште на 13 14 години да има дечко.
Како прво не е доволно оформена како личност...зошто може да налета на секаква личност кој може да ја пролаже,ти доколку не и дозволиш да биде со него... од кај си толку сигурен дека ке те послуша и нема да се крие од тебе?

- Истото го кажав и јас, дека е многу лошо да почнеш со љубовен живот толку рано. Ама кога веќе почнала(зборувам хипотетички) во ниту еден случај нема да добие забрана од мене да се гледа со некој дечко. Затоа што јас не гледам со нејзини очи. Јас можам само да ја посоветувам, да кажам дека мислам, дека така согледувам, дека дечкото не е на место. И ќе ја учам според мои претпоставки како да се заштити како да реагира... Ќе ја научам како е убаво да се однесуваат со неа, што не треба да трпи. Ако потоа сама одлучи да му раскине во ред, ако не, пак во ред, јас никогаш, апсолутно никогаш нема да забранам дечко на ќерка ми, ниту па девојка на син ми.
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
МериСелест
Прво да разјасниме ова со копирањето теми. Не знам за другите членови, ама јас лично за себе знам дека воведот секогаш го пишувам со свои зборови, колку и да сум добил идеа од некој ИКС форум од некоја ИКС телевизиска програма и слично.
И како второ кога веќе си одличила да копираш барем зборот кајгана смени го во „а вие родители од ЦрноБело“ оти не сме на кајгана, на ЦрноБело сме.

Е сега он топик:
1. Ама велиш дека ке ја пуштиш а од друга страна дека нема да си сериозен во твоето воспитување.Нема да ја пуштиш,ке се случи да избега од дома,да се однесува лошо со тебе...да пага во расправии...

-
Прво, јас не реков дека ќе ја пуштам. Реков дека ќе бидам кул родител ако одлучам да ја пуштам. Ама не би ја пуштил затоа што девојка од нејзина возраст, па и момче од таа возраст е несвојствено да биде подоцна од 12 часот по улици. Според мене е, според некој родител ако не е тоа е друга работа.
Е сега расправиите ги има секогаш. Ама сигурен сум дека и пред да наполни 12 - 14 години, ќе и’ зборувам за тоа излагање до доцна, за тоа колку сум против некои работи. Тоа мое зборување ќе вроди плод сигурен сум, и таа сама ќе може да сфати дека подоцна од 12 не и’ е местото во кафе бар. Ако задоцни час, половина час, не би се лутел.
А дека нема да избега од дома, е тука сум најсигурен.

2. За дечко?јас сум строго против уште на 13 14 години да има дечко.
Како прво не е доволно оформена како личност...зошто може да налета на секаква личност кој може да ја пролаже,ти доколку не и дозволиш да биде со него... од кај си толку сигурен дека ке те послуша и нема да се крие од тебе?

- Истото го кажав и јас, дека е многу лошо да почнеш со љубовен живот толку рано. Ама кога веќе почнала(зборувам хипотетички) во ниту еден случај нема да добие забрана од мене да се гледа со некој дечко. Затоа што јас не гледам со нејзини очи. Јас можам само да ја посоветувам, да кажам дека мислам, дека така согледувам, дека дечкото не е на место. И ќе ја учам според мои претпоставки како да се заштити како да реагира... Ќе ја научам како е убаво да се однесуваат со неа, што не треба да трпи. Ако потоа сама одлучи да му раскине во ред, ако не, пак во ред, јас никогаш, апсолутно никогаш нема да забранам дечко на ќерка ми, ниту па девојка на син ми.

Пак ке повторам...Пола Кајганџии се дојдени овде... Кои се веке одамна родители... Дали е веке појасно? А пола црно бело не се родители...Значи целта ми беше да ги поделам едните што би направиле (родителите кајганџии кои се повеке овде на форумот) и оние кои не се (црно бели повекето) ама да не исправам криви краставици...Очигледно е дека не ми ја сфати поентата.
Знам на кој форум сме... не сум барем денес луда...:D
Aма еве зборуваш дека ке и кажуваш ке ја советуваѓш.Едноставно има деца кои не разбираат од збор и си тераат по свое...Ке ја пуштиш до десет а таа ке задоцни и денес и утре и ке дојде до казна нели?
Колку си сигурен дека нема да избега?Еве ке се случи и тоа што тогаш?
Децата на таа возраст се многу наивни...Ете ке ја советуваш дека не ти чини а таа го сосема спротивното мисли...ти си во право не таа...Се зборува за дечкото дека е од лоша фамилија...таа продолжува со него и што потоа?Што ке направиш?Со совети ке ја убедуваш иако не разбира?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
МериСелест
Ме налути сега. Едноставно можеш да признаеш дека сакаше да развиеш дискусија тука и си го копирала текстот - ништо повеќе.
А дека е копиран со модификации(последната модификација поради мојата сугестија) е факт. Доказот е тука:
Untitled.png
Имаш право да не вадиме криви краставици, да продолжам јас со прашањата што ми ги поставуваш.

1. Aма еве зборуваш дека ке и кажуваш ке ја советуваш. Едноставно има деца кои не разбираат од збор и си тераат по свое...Ке ја пуштиш до десет а таа ке задоцни и денес и утре и ке дојде до казна нели?

- Во моево досегашно искуство како родител и низ светов сфатив дека не постоид ете што не се разбира од збор и си тера по свое. Постои само родител кој не научил да го следи ритамот на детето. Не сум знаел правилно и навремено да изреагирам со збор со постапка. Не сум знаел да дадам пример што ќе го заинтересира, до некој степен уплаши и слично.

2. Колку си сигурен дека нема да избега?Еве ке се случи и тоа што тогаш?

- Ако веќе до толку не сум успеал да го следам ритамот и на време да реагирам со постапка, откако ќе се случи, ќе му раскажам што ми се случи мене еднаш кога избегав од дома поради икс причина. Се надевам дека нештото ќе го исплаши доволно добро за да се освести.

3. Децата на таа возраст се многу наивни...Ете ке ја советуваш дека не ти чини а таа го сосема спротивното мисли...ти си во право не таа...Се зборува за дечкото дека е од лоша фамилија...таа продолжува со него и што потоа?Што ке направиш?Со совети ке ја убедуваш иако не разбира?

- И за мене се збореше дека сум од лоша фамилија, па ако жена ми ги послушаше нејзините денес ќе бев без жена :)
Јас не ги судам луѓето по тоа од каква фамилија се, туку како се однесуваат. Може да е син на милијардер, да спрема докторат а да е најголемиот идиот на планетава, што пие, што зема дрога, што е агресивен, а и обратно, може дете од агресивен родител да е срце...
Ти објаснив што ќе направам зошто не сфати? Јас ќе продолжам да зборувам се додека сама не си научи дали треба или не треба да биде со некого...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dorina

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
А дали реков некаде дека идејата е лично моја? Не реков никаде.Копирај го она кај што пишав дека е лично моја...И еве те честам гајба пиво.
Ја зедов само како идеја од тој форум а не напоменав дека јас ја измислив.Има разлика...Во ред?
Кој дел не го сфати?
Сакам и мислење да слушнбам од тие кајганџии кои се овде и се родители сакам и од тие што се овде...Тие што се овде сигурно ја виделе претходно темата и таму,нема што да кријам.

Кога веке ме праша,за украдената идеја...Баш на тој форум прочитав разни мислења...и на останати форуми со иста тема,кое едно мислење ме натера да ја отворам темата.

Инаку пола и повеке од темите,не само мојата туку и на останатите членови(ок имам приметено)... не се секогаш со свои зборови...Не се факај за сламка...:)Целта е да продискутираме а не да гледаме од каде е и како е напишана
Значи еве го делот кај што кажав дека идејата е превземена исто и текстот...Дали имаш уште нешто да додадеш во врска со тоа?А дека не е моја смислена...Дали е сега подобро?И појасно?Може без расправии?
Прочитај подобро пред да сугерираш нешто.

1:Родителот?Па до некаде да до некаде не но зависи и од околината кое го опкружува,друштвото...пријателите...Но јас знам едни строги родители кои што едното дете го изгледаа одлично а другата беше мирна се додека не се здружи со лоши деца.Сега дали е секогаш и до нив?едното супер одгледано едното испуштено...
Ке повторам,се здружи со лошо друштво...
2:Ке му кажеш а како ке го сфати тоа тој/таа?И велиш до твоето досегашно искуство...значи досегашно што не значи дека нема да се случи во иднина.
Не знаеш што ке се случи.Така?
3:Не мислам на фамилија со лошо финансиска ситуација туку со однесување...Татко Пијаница,Мајка Ај донт гив а фак...Детето барабиште...Ама еве што ке се случи ако лугето ја зборувале вистината и самиот се осигураш во тоа? Arkantos самиот?
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Со „ покојна “ Бароница дискутирав околу овој проблем. Јас не знам озбилно ли толку не сте инвентивни и имате потреба да копирате од а до ш теми од други форуми и со тоа овој форум да го направите клон на кајгана, фемина, и кои и да се други.
Значи уште на почетокот на ipopovski му викав да превземе нешто околу тоа, зашто се губи кредибилитетот за издржаност на самиот форум и се претвора во нечии копии.
А, зошто?
Зашто ве мрзи да склопите неколку прости реченици, да внесете малку креативност и да создадете вовед, потик за дискусија.
И кога може да има толку глупави правила на форумов у име диктатура, нека има конечно и нормално правило кое ќе забранува копирање, не на наслов, туку на вовед.
Како и да е...

Треба да се знае и почитува релација родител - дете, како прво и основно.
Arkantos имаше спомнато нешто дека ако пушти 12 год дете во бар цела ноќ, наводно ќе биде кул.
Знам дека кул беше во наводници, само која е логиката и нишката на нормално и морално и природно 12 годишно дете воопшто да помисли да биде во бар, а не дај боже неговите родители?
И тоа времињата се други, напредна младина, бла бла се булшет тези кој ги смислил некој што најверојатно го праќале по бурек како дете па лечи фрустрации на сопствената челад.

Значи родител е одговорност, благослов и мисија и сега и во 16 век и во некој паралелен универзум. Точка.
Грев е сопственото дете да го присилуваш да го прескокне детството и автоматски да му ги труеш можностите да израсне во изградена личност.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Во последно време се повеке налетувам на деца кои посакуваат да бидат повеке ослободени од страна на родителите..
Ослободени-да објаснам што сакам да кажам со зборот а и верувам дека многумина знаат што сакам да кажам.
Да се слободни,да излаваат до период до кога тие сакаат,да се дружат со кој што сакаат,да имаат партнери уште во период кај што не се се уште оформени.
Знам случаеви кај што некои родители целосно ги оставаат своите деца на "цедило"во стил прави што сакаш јас имам доверба во тебе.
А и случаеви кај што децата се повеке строго држани дома со разни совети кои еве на нас децата ни се качува притисокот...

Како родител како би постапиле?Дали био дозволиле и што би дозволиле да праваат своите деца,што мислите дека е правилно а што не е правилно...
Нели,како дете јас живеам во друго време а моите родители во друго кое било построго а не како сега...И многу пати сме се ваделе со таа реченица..
Ама вие сте живееле во друг период а јас во друг-јас си живеам за мене ти за себе...
И до кога гледа родителот дека нема разбирање мегу него и своето дете едноставно го остава...Зборувам за оние кои не се премногу строги.

Eве го мојот нов вовед со мои смислени реченици само ве молам да не ја загадуваме темата со непотребни работи.Ако може да се промени воведот,благодарам.

True_Blood истото и јас го велам...но денешните деца не го почитуваат тоа правило...со родителот се однесуваат како со другар и многу често знаат да го задеваат на негова сметка...Прифакам да биде родителот и другар но сосема поинаков другар,не налик на оние со кои се дружиме...
Додека бев во Основно училиште многупати гледав девојчиња кои од излегување доагаа пијани на предавање...
А на прашање дали знаат твоите родители каде си?Одговор-ги излажав ке спијам кај другарка...
И кога подоцна бараат уште поголема слобода а родителите дознаат за нејзиното лошо однесување се лутаат зошто се казнети...
Значи да повторам...Никаква слобода на 12-13 14 години па и преку сила 15...Зошто не се оформени како личности...Се уште...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
МериСелест првично одговорноста паѓа на родителот, тој е возрасниот, тој е реперот за неговото дете, тој е изградениот карактер.
Можно е, да западне во лошо друштво, да направи некоја грешка, да подлегне на искушение, што е ај да речам и очекувано од дете во пубертет, ама затоа треба навреме да се интервенира..

Не може да очекуваме дека детето ќе го чуваме во карантин, не можеме да се надеваме дека нашето дете ќе биде совршено, зашто на крајот на краиштата еден карактер не се оформува само со теории, мора да се кова и искуство, да ги опипа и неубавите работи за да знае да направи избор.

Јас не сум мајка, не сум компетентна тука да давам совети за воспитување, ама знам дека ако имам дете, ќе дадам се од себе да ги разбере и да ужива во етапите од неговиот живот како што треба, да биде дете, да биде тинејџер и да биде изграден човек.

И уште нешто, тоа што спомна дека иделе пијани на школо и лажеле и тоа на нивни 14 год. веќе повлекува и друго прашање.
Зошто дете, зашто реално на тие години е дете, смислува лаги , ги лаже воопшто родителите?
Мислам сите ние сме лажеле, ама на таа возраст тие бели лаги биле за глупости, а не за собиранки и за пијанчење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Arkantos