Значењето на опцијата „ми се допаѓа" или лајк

live.your.life

Нов член
26 март 2013
20
24
3
И јас сум нова на форумов али да си го кажам и јас своето. Темава прераснува во препукувања,не знам зашто. Јас ја подржувам тезата дека некои луѓе лајкуваат поради тоа што им се допаѓа напишаното, а за жал има и такви што ја лајкуваат персоната уствари и не е битно што пишал,битно ќе види кој го лајкнал... хахаха.. така е ама не е битно,секој прави што сака и убаво е на некој начин тоа што сме различни и имаме различни размислувања/ставови/гледишта. За крај ќе го кажам и мојот став за ова, ставам лике на нешто напишано што ми се допаѓа, е паметно,хумористично итн итд. И да сакам да лајкнам некој ради него самиот не можам бидејќи не ве познавам и скоро сите немате слика од себе ,така да.. :p Шала , шала. Еден огроооооооооомен лике за сите вас :wub
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and parvati

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Уште една од оние теми кај што со докажувањето колку нештото не ни значи, само се побиваме себе.
Мислам, под нормални околности, сосема ок си е темава, туку е табу оти е срамота да се признае, зошто, искрено очекувате некој да каже „Да, мене ми значи“, за после истото да му се плеска по нос во секоја можна прилика? Мех, па се научивме веќе.
Тешко оној што живее за репутација изградена од лајк на анонимен форум, ама па и да не се лажеме, барем во таа една секунда кога ќе отвориме известување, мило ни е дека некој се сложил со нас. Е, сега, лошото е што се очекува као ако тие тебе ти лајкнале, треба и ти нив, па тука настанува увреџење.
А дека повеќе се „лајкува“ личноста, а не постот, е веќе одамна јасно, нема што да се правиме наудрени. Се знаеме кои сме и што пишуваме, а тука нема ништо срамно во тоа што признавам дека постојат личности кои преферирам да ги читам и кои според мене имаат нешто интересно да кажат, отколку да лајкам рандом поздравчиња и лигушки со надеж дека ќе ми вратат во иста мера.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Не би рекол,темите за книги и филмови се преполни а лајк ни за лек,најчесто лајковите идат во неврзани муабети кога има расправии,затоа и квалитетот се намалува.
Мојата тема каде што постирав интересни приказни за некои песни едвај некој да ја читаше така да пиши си во сакам да кажам некој пост и имаш инстант внимание (зборам општо не лично за тебе);)

cuc.gif

Да си ми жив и здрав.

Веќе одамна трубев за ова иако не ме засегаа(т) многу лајковите. Но факт е дека најмногу лајкови се „печалат“ во малограѓанските муабети. Ова има мала тесна врска за оноа што одамна зборев дека добрите теми остануваат заборавени, додека „чамче“ муабетите се најзастапени. Сепак изгледа лајковите кај повеќето имаат некакво значење.
Полека сеа... не пробувам тука да омаловажувам, едноставно е дека ако не се појавува никаков фидбек - човек има чувство дека е последната будала тука и дека сиот труд пишан со саати, е пуштен во заборавот. Факт е дека лајковите се еден вид на индикатор. Но уште подобро е кога во една таква отворена тема се разврзе дебата.
Ерго, ретко, многу ретко се случува некоја тема од таков калибар да заврши како популарна. Ќе да е човековата природа за желба за мал муабет, нечиј „мизерен“ живот, сеирење отстрана.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Да, мене ми значи најмногу. Планирам секој пост да добијам намалку 6 лајкови и многу сум среќен кога тоа ќе се оствари. Од среќа чорапите почнуваат да ми мирисаат затоа што со тоа ми се потврдува тезата дека јас сум оној избраниот. Исто така мојата самодоверба е уште појака и знам дека тие што имаат помалку лајкови од мене се тапа фаци и се послаби од мене. Јас уствари на форумите сум само за да си го хранам егото со лајкови и ако некој ја избрише таа опција ќе си приумрам, стварно не знам што ќе ми се случи затоа што ќе ми пропадне светот.

Одлично реален си дека ти значат многу и дека очекуваш лајкови.

Која теза?

Зошто ги потценуваш луѓето или како мал те учеле да немаш поштовање ни кон постари луѓе па сега ќе плукаме по сите?

На форум или општо на социјалните мрежи сите се силни, а во јавност се далеку послаби.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Значењето на опцијата "ми се допаѓа" e дека на еден член на форумот му се допаѓа мислење на друг член од форумот.
Може да седнам,наставничке? :D
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Значењето на опцијата "ми се допаѓа" e дека на еден член на форумот му се допаѓа мислење на друг член од форумот.
Може да седнам,наставничке? :D

Дали тоа е механичко лајкување на пост ради некоја си врска помеѓу тие членови или лајкувањето е искрено поради напорот и квалитетното мислење на другиот член?
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Дали тоа е механичко лајкување на пост ради некоја си врска помеѓу тие членови или лајкувањето е искрено поради напорот и квалитетното мислење на другиот член?
Kaj некои е искрено,кај некои е механичко. slb_bobo има тенденција механички да и лајкнува постови на melpomena на пример :)
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Kaj некои е искрено,кај некои е механичко. slb_bobo има тенденција механички да и лајкнува постови на melpomena на пример :)
Затоа што slb_bobo во многу работи се согласува со melpomena, но таму каде што не се согласува или не му се допаѓа нејзиното мислење не ставил лајк.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Па тоа сакав да го кажиш без да те прашам/цитирам или мора детално да се испрашува?
Воопшто. Само мислев дека е тоа нешто што секој форумџија што потрошил повеќе од 12 часа на форумот го увидел.