Значењето на опцијата „ми се допаѓа" или лајк

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Да, мене ми значи најмногу. Планирам секој пост да добијам намалку 6 лајкови и многу сум среќен кога тоа ќе се оствари. Од среќа чорапите почнуваат да ми мирисаат затоа што со тоа ми се потврдува тезата дека јас сум оној избраниот. Исто така мојата самодоверба е уште појака и знам дека тие што имаат помалку лајкови од мене се тапа фаци и се послаби од мене. Јас уствари на форумите сум само за да си го хранам егото со лајкови и ако некој ја избрише таа опција ќе си приумрам, стварно не знам што ќе ми се случи затоа што ќе ми пропадне светот.
Ти успеја финтата еј. Добра е. xD
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
:rofl Ги обожавам часниве сестри на форумов, мајке ми.
Можам да им ја замислам фацата на невиноќа, проследена со мал шмек на поглед ала ранет голуб кога се изјаснуваат дека лајковите не им утичаат на самодоверба, дека не им значат ништо, дека они сакаат само мир во светот и топли симити за гладните во Етиопија :D

А, истите тие чмаат 24/7 тука, праќаат поздрави и честитки на сите могуќни форумџиски ликови, темите ги претвораат во иселенички џубокс и насабајле со гурелки во очите и неиспразнета бешика прават смотра на сите свои мислења.
Значи немојте да бидете лицемерни, смешни сте.
Се разбира дека погоре кажаното не се однесува на сите.

Опцијата „ ми се допаѓа “ јасно си кажува што значи. Ја користам кога се согласувам со нешто, кога некој ќе ме побие со издржан аргумент макар и да не е во согласност со моите размислувања, кога ќе ме насмее....
Се разбира дека ми е мило кога некој има исти гледишта како мене, односно ми ја капира поентата на тоа што сум го кажала.
Нема филозофија во таа опција, додека се користи правилно и не се силува, „ ми се допаѓа “ си е сосема нормален процес на места каде што се развива дискусија.
 
Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43

:roflе ал свака част..навистина...ме уби од смеа уште од сабајле!
Во целост го делам твоето мислење..само би додала дека "ми се допаѓа" го користам и кога некој одговорил на мојот коментар -како "прочитано/забележано...како год" :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
обично ставам лајк на истомислениците како мене и за да не се повторувам со исто мислење само има ставам лајк,а и го почитувам таквото мислење,убаво се чувствувам штом сум го прочитала,ме развеселило или предизвикало убави чувства кај мене

а лајковите за мене и моите мислења не ни ги гледам,искрено не ми значат многу,секој може да ти ставе лајк и што ќе бидеш најпаметен-хахахах не се лажете (сеедно ми е ,моите ставови се тие и со и без лајкови милион)
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кога прв пат дојдов тука-како ги читав членовите, им гледав и колку допаѓања имаат спрема постовите и мислев дека е некое мерило, па почнав да ги следам, да запазувам што пишуваат, пошто си реков сигурно нешто ептен паметно имаат да кажат. И онака чекам јас со недели ни трага ни глас од постот на дотичните...
Потоа, известување-некој ме тагнал во кафе муабети, па во поздрав до членот, на одмор ќе ги носам членовите... Мене и уште 10 души. И така секој ден...
Ете кај лежел зајакот.
Не знам сега зошто веќе не ме тагнуваат откако не стискам ми се допаѓа на тие постови: ))
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Обично ставам лајкови на мислења кои што се да речеме слични како моите , но почесто на мислења кои ќе ме натераат да се подзамислам за дадената тема , макар и пред да го прочитам поинаку да сум мислела од после да ги видам работите од сосема друга страна , е тие мислења најмногу ме фасцинираат, би издвоила и членови али тоа е во сосема друга тема :zelen