Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Или.


Море нек биде Случувањата на розевата улица. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Тема за пишување во наредните недели е„Случувањата на розевата улица“.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Случувањата на розевата улица
Мина долго време откако последен пат ги послав моите чекори по уличката, нели? Можеби цела вечност. Навистина мина, а со минувањето времето избриша се’ по што беше забележителна таа уличка. Дури ни костенот под кој ги оставив сите свитоци на сеќавањата од тоа време веќе го нема. Го избриша. Времето го избриша.​
Се сеќавам знаев да бидам многу тажен, и да поминам таму и да заборавам на се’. Ќе плачев поради немоќта да го сменам злобниот поглед на луѓето кои ме гледаа, и ќе ги насочев чекорите кон таа уличка, кон тој мој втор дом и заборавав дека воопшто се слеале врз мене толку злобни погледи.​
„Бев дете“ - би требало да речам. Да, тоа е она што би очекувале сите да го кажам. Дека бев дете и дека работите не ги гледав во она светло во кое реално би требало да гледам. Бев дете, и се’ ми беше розево. Тоа треба да речам.​
Не, нема да го кажам тоа затоа што не го чувствувам. Чувствувам само празнина. Еден дел од мене замина во неповрат заедно со розевата улица. Но не, не замина детето, бидејќи ете го се’ уште во градиве лудува на свој начин. Не замина детето. Замина само уличката. Времето ја избриша. А со уличката заедно замина и спокојот. Спокојот кој таа ми го даваше со секое минување по неа. Замина. Заминаа и годините, и свитоците под стариот костен, со нив и спокојот...
Кога би бил Ниче, би рекол „Остана само нихилизмот, што значи ништо“. Бидејќи Ниче не сум, туку сум еден друг чие име исто така има четири букви, ќе речам „Остана само немирот и чувството на злобните погледи слеани врз мојата кожа. “​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: *V****** and Photographer

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Чекорам... Сосем сам... По дождливата калдрма. Некогаш толку препознатлива, толку мила и привлечна. Тоа беше таа улица. Каде погледите прв пат ни се сретнаа. Кога држејќи се за рака, си се смешкавме еден кон друг. Кога се корнев во себе за да ти признам дека си убава. Кога плачеше со мене штом ми соопшти дека заминуваш. Ја шетав и кога бев осамен, со огромна верба дека се е во ред со тебе. Дека кога ќе се вратиш, ќе направиме уште неколку низи на нашата улица. Поплочена со спомените кои и ден денес ми искраднуваат насмевка. Горчлива насмевка.
Траеше кратко потоа. Еднаш, два пати. Колку да ми кажеш дека не ме имаш заборавено. А ме имаш, откако замина оттука знаев дека е така. Уште тогаш. Последниот пат. Кога за прв пат ги слушнав зборовите кои издаваа болка. Дека нема повеќе никогаш да биде исто. Истата улица. Истите коцки камен тогаш обложени со среќа до заборавот. Сега срудени и влажни. Наеднаш се` пукна. Не беше истата, ни од далеку. Сите случувања од розевата улица ги обои со бојата на индиферентноста. Боја, која тек допрва ги заплискува моите чисти кондури.
 

Smile

Истакнат Член
6 февруари 2013
84
190
143
Мојата розева улица,јас ја доживувам како мојот ум,мозок попрецизно.Низ него секојдневно се сретнуваат мали и голeми мисли,некои и се здружуваат.Но,секогаш настанува хаотичен неред,да розевата уличка е полна со турканици,брканици,метежи.Но таа поседува и одлични скривници кој се наогаат веднаш зад аголот,не знам но можеби и Вие драги читатели сте забележале,секогаш таму се кријат оние важни мисли проследени со помали како -Пази да не го заборавиш ова .Така мудро зад аголот,ги набљудуваат малите мисли.Постојат и оние мистериозни,па и оние кој ги закачкаат крајчињата на Вашите усни,поткревајки ги,создавајки го најсветото нешто на постоењето на човештвото-онаа итра,мала,опасно примамлива,но искрена насмевка :) Затоа Вие драги мој довзволете да блесне Вашата насмевка,затоа што некоја мала мисла успеала да допре до Вашето срце.
Не розевата уличка не самува,таа е секогаш посетена од некого,некогаш некој значаен оставува траг во неа,како траг од кондура оставен на нејзиниот жежок асфалт,и никогаш не е заборавен.А,некогаш пак пред да се склопат очите,многу мали мисли светкаат како звездички обидувајки се да останат уште некој момент на улицата.Добра ви нок на сите,драги мои :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Marchisio