Што мешате баби и жаби? Значи петицијава (и темава) е конкретно за заштита на животни.
За сите други работи за кои зборите, проблеми и приоритети поврзани со луѓето, или се работи на нив и постојат петиции и организации за помош и заштита, или не се работи и не постојат, па тогаш започнете ги вие. Со таков муабет засекогаш може да се одовлекува прашањево. Зошто како што викате, во нашата држава, никогаш нема да биде перфектно и никогаш нема да бидат решени проблемите, па макар и да се запоставуваат (петициите за заштита на) животните.
Значи, во глобала станува збор за кучиња и мачиња, не за животни на фарма (прасиња, крави, whatever). Животни кои имаат газди и кои немаат и се на улица; кои се измачувани, на кои се истресуваат човечки фрустрации на нив, кои се фрлани во река, кои се труени, итн, итн. Животни кои се беспомошни. Ако е улично животното, не значи дека е агресивно. Сум слушала приказни за домашни животни кои нападнале човек. Значи, тука и газдите се виновни и мораат да ги сносат последиците од ваквата полиција, кога веќе самиот не е доволно заинтересиран за добрата природа на сопственото домашно милениче.
Криви или невини, полицијата ќе реши што понатаму ќе се случува со животното, какви последици ќе претрпе и тоа и сопственикот (доколку има) и повеќе би биле решени проблемите поврзани со животните, отколку вака како што е, секој препуштен сам на себе, вклучувајќи го и човекот.
Едит: дојден е тој час каде што постои вистинска шанса за да се (или барем обиде да се) реши проблемот со животните. Можеби да, можеби не, но мораме да се обидеме и да видиме.