Петиција за формирање полиција за заштита на животни

Поддржувате ли формирање на полиција за заштита на животни?

  • Да

    Гласови: 18 69.2%
  • Не

    Гласови: 6 23.1%
  • Не Знам?

    Гласови: 2 7.7%

  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Ок се повлекувам...гледам дека си пристасен на темава...:)
Знам за кое непродуктивно зборуваш...многу битни работи се занемарени заради тоа не продуктивното....
ама да се разбереме не ги мразам животните, не сум за нивно труење по улици, ама мислам дека ќе поминат години за и тоа да дојде на дневен ред кај нас...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ок се повлекувам...гледам дека си пристасен на темава...:)
Знам за кое непродуктивно зборуваш...многу битни работи се занемарени заради тоа не продуктивното....
ама да се разбереме не ги мразам животните, не сум за нивно труење по улици, ама мислам дека ќе поминат години за и тоа да дојде на дневен ред кај нас...
И повеќе од пристрасен драга...
Ако само ти кажам дека кучињата, мачињата и се што имам во моето мало животинско царство ги сакам како соптвени деца... натака се’ ќе ти биде јасно :)
Можеби си во право дека не е време сега кога трули се’ друго, ама јас сепак... навивам да се оствари тоа што побрзо :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci and MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Што мешате баби и жаби? Значи петицијава (и темава) е конкретно за заштита на животни.

За сите други работи за кои зборите, проблеми и приоритети поврзани со луѓето, или се работи на нив и постојат петиции и организации за помош и заштита, или не се работи и не постојат, па тогаш започнете ги вие. Со таков муабет засекогаш може да се одовлекува прашањево. Зошто како што викате, во нашата држава, никогаш нема да биде перфектно и никогаш нема да бидат решени проблемите, па макар и да се запоставуваат (петициите за заштита на) животните.

Значи, во глобала станува збор за кучиња и мачиња, не за животни на фарма (прасиња, крави, whatever). Животни кои имаат газди и кои немаат и се на улица; кои се измачувани, на кои се истресуваат човечки фрустрации на нив, кои се фрлани во река, кои се труени, итн, итн. Животни кои се беспомошни. Ако е улично животното, не значи дека е агресивно. Сум слушала приказни за домашни животни кои нападнале човек. Значи, тука и газдите се виновни и мораат да ги сносат последиците од ваквата полиција, кога веќе самиот не е доволно заинтересиран за добрата природа на сопственото домашно милениче.

Криви или невини, полицијата ќе реши што понатаму ќе се случува со животното, какви последици ќе претрпе и тоа и сопственикот (доколку има) и повеќе би биле решени проблемите поврзани со животните, отколку вака како што е, секој препуштен сам на себе, вклучувајќи го и човекот.

Едит: дојден е тој час каде што постои вистинска шанса за да се (или барем обиде да се) реши проблемот со животните. Можеби да, можеби не, но мораме да се обидеме и да видиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood and Arkantos

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
се регистрирав и ја подржувам оваа петиција.
а за останатите кои само знаат да бидат негативни кон оваа идеја, ако не ви е јасно за шо станува збор пуштете Animal Planet и се ќе ви биде јасно како тоа изгледа;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Stop-animal-abuse-animal-rights-10822026-500-333.jpg
 
Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Да ја видев темава пред некој ден ќе бев ЗА, ама по тоа што ми се случи сношти со едно куче скитник и тоа во центарот на градов мислам дека повеќе ни едно куче скитник нема да добија ништо од мене, а ако ми се укажи шанса со кола баш тоа куче што за малку ќе ме каснеше би го изгазил па и на пешачки премин ако сака нека биди.Таков страв и уплав немам добиано во живото, како што си одев замислен почна да лај и да трча по мене и замислете да имав некој предмет со мене (мотика, метла, џогер или нешто што има рачка) да го удрам и да налета полицаец за заштита на животните ќе треба да платам казна а сум го удрил во самоодбрана. Дали сте размислиле како би било тоа изводливо кај нас кога има еден куп скитници кучиња и тоа убај големи што ако две или три ве нападнат да не дај господ незнам дали сами би можеле да се спасите.
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Интересно е тоа, што најгласните негодувачи на темава, појма немаат што пишуваат.
Значи никој нема да ви префрла за кременадлите у Идадија, ако ја подржите оваа петиција...освен ако јадете кучешко :unsure
Мене само ми е жално тоа што во еден свет, каде Природата му се предала на хомосапиенсот со сите благодети, убавини со цел да се создава универзумска хармонија и балансиран живот, недостасува она најважното, совеста.

Навистина е жално.(nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
се регистрирав и ја подржувам оваа петиција.
а за останатите кои само знаат да бидат негативни кон оваа идеја, ако не ви е јасно за шо станува збор пуштете Animal Planet и се ќе ви биде јасно како тоа изгледа;)

Види, колку си била понапредна од другиве членови на форумов.... Зарем само ти имаш ТВ и ја знаеш таа програма?
Animal Planet ми се чини е во странство, и тие немаат скоро никакви проблеми како што имаме ние во нашава држава, па ни остана уште да го решиме проблемо со кучиштана шо скитаат по улици???
-Да се разбериме, љубител сум на кучиња ама имаме поголеми проблеми од ова и не ја поддржувам оваа акција.

Полицијава не може да ги запри оркине шо секој ден прават нереди во Скопје, Тетово и другите градови каде што преовладува поголем процент на албанци... па требало да има и полиција за кучиња...
Онде по болници да им однесиш чоек шо е со едната нога во гроб, ако немаш пријател нема да го внесат моооре преку ред за да му пружат нега. Ќе умри од чекање, не од то болеста шо го зафатила.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

у право си и за тоа срцка, ама тоа веќе е мешање у политика а ја мразам политика и обожавам животни, и затоа радо би гледала animal planet.
И никаде не спомнав дека само јас имам тв и дека само јас ја знам таа програма, само сакав да кажам дека таму веќе имаат animal police и таму би можеле да виите како сето тоа функционише.