Петиција за формирање полиција за заштита на животни

Поддржувате ли формирање на полиција за заштита на животни?

  • Да

    Гласови: 18 69.2%
  • Не

    Гласови: 6 23.1%
  • Не Знам?

    Гласови: 2 7.7%

  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Темава ја копирав од друг форум па така да вреди да помонеме на кого му се допаѓа дајте го својот глас.

Он-лајн петицијата има до сега собрано 3264 потписи, ако сака некој може и да се потпише. :)

Значи, поентата е следнава:

“ANIMAL POLICE” истотака треба да ја спроведува кампањата за подигање на свеста на јавноста и граѓаните за одговорноста на власниците на домашни миленици, бескомпромисно и детално да ги истражува, решава и спречува сите случаи на злосторство над животните. Да пронаоѓа домови за напуштените животни и да се заложува за востонавување на целосен хуман однос кон животните во секој смисол и пора од општеството !

1. Да се воведе одредба за добробитта на животните во Уставот на Република Македонија. ПРЕДЛОГ–ОДРЕДБА : „Животните имаат право на живот во согласност со својот вид и законот.“
Да се изменат членовите од постоечкиот Кривичен Закон:
(1) Оној што ќе убие, повреди или мачи животно кршејќи ги прописите, ќе се казни со парична казна или со затвор до 6 месеци.
(2) Ако по делото од став 1. Од овој член дошло до убивање, маќење или повредување на поголем број животни, или, пак, делото е сторено во однос на животно што им припаѓа на заштитени животински видови, сторителот ќе се казни со парична казна или казна затвор до 3 (три) години.

Со следново:
(1) Оној , којшто кршејќи ги прописите на жиовотното ќе му нанесе полесни телесни повреди или го мачи животното, ќе се казни со парична казна во износ од 30 000 денари и 150 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижените животни.)
(2) Оној , што кршејќи ги прописите на животното ќе му нанесе тешки телесни повреди, ќе се казни со парична казна во износ од 60 000 денари и со затвор од 6(шест) месеци до 2(две) години и 300
часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижени животни.)
(3) Ако од делото од став 2. на овој член дошло до убивање или повреда на поголем број животни или, пак, делото е сторено во однос на животното коишто му припаѓа на посебно заштитени животиснки видови, ќе се казни со парична казна во износ од 120 000 денари и затвор од 1(една) до 5 (пет) години и 500 часови општествено корисна работа (во некои од засолништата за незгрижени животни.)
3. Со посебен Закон да се регулира основањето на СЛУЖБАТА ЗА ЗАШТИТА И КОНТРОЛА НА ЖИВОТНИТЕ-\\"ANIMAL POLICE\\" ( во натамошниот текст „СЛУЖБА“ ), овластувањата и надлежноста на оваа служба.
4. Во законот споменат во став 4 да бидат и следниве членови:
1.) Им се наложува на властите од сите градови во Република Македонија, да основаат азили- засолништа за незгрижените животни коишто ќе функционираат исклучиво врз основа на принципот \\"NO KILL\\".
2.) Овие азили мораат да имаат ветеринарна служба за згрижување и нега на животните.
3.) Во рамките на азилот-засолништетот од член 1. мора да има адекватни простории за сместување на припадниците на Службата.
4.) Единствено припадниците на СЛУЖБАТА имаат овластување и воедно се обврзани, во соработка со припадниците на Ветеринарната инспекција и со задолжителен минимум од 2 представници на друштвата за заштита на животните да организираат хумано заловување на животните-скитници и нивно згрижување во азилите се до нивното посвојување.
5.) Сите животни што ќе влезат во програмата за згрижување, мора да бидат чипувани и евидентирани пред посвојувањето, со постојана и беспрекорна ветеринарна грижа и нега.
6.) Возилата на припадниците на Службата ќе ги набави република Македонија по пат на посебно распишан тендер, исто така ќе организира нивно опремување за да одговараат на намената (хуман превоз на животните).
7.) Припадникот на Службата има овластување да побара итно излегување на лице место на Ветеринарните инспектори и припадниците на МВР во случај на потреба од интервенција по основ на овластувањата на овие лица.
8.) Сите средства собрани од наплатата на казните според одредбите од „законот за добробитта на животните“ според членовите од Кривичниот Закон на РМ, ќе се користат исклучиво за финансирање на Службата.
9.) Секое полнолетно и малолетно лице со писмено одобрение од родителите, може да волонтира во азилите на Службата, во согласност со својата возраст и способности.
5. Во „Законот за добробит на животните“ со посебна уредба да се внесат и членовите со следнава содржина:
1) Лицето што го напуштило животното за коешто се грижело, ќе плати казна од 15 000 денари и ќе ги сноси трошоците на лекување и исхрана на животното до неговото посвојување (или природна смрт).
2) Лицето коешто повеќе не сака да го чува животното за коешто се грижело, може, споменатото животно да го предаде на азилот на службата под услов да ги плати трошоците на исхрана на споменатото животно за 1 (една) година.




За несовесната употреба на отрови:

Потребно е итно регулирање и строга контрола на продажбата на отрови во земјоделските аптеки:
1. Да не се продаваат отрови под тезга - строга контрола на земјоделските аптеки - особено што се продаваат недозволени канцерогени отрови и за прскање на храната што ја јадеме, што приватни фирми препакуваат токсични и канцерогени материи за поголем профит и при тоа не ги заштитуваат своите вработени.
2. Да не се издаваат отрови без запишување на личните податоци од лична карта / пасош и целта на употреба.
3. Строги казни за недозволена употреба на отрови (во земјоделски производи, труење на животни и др.).
4. Да не се именуваат отровите во медиумите.
5. Медиумите да направат поголема кампања и почесто да предупредуваат на опасностите од фрлањето отров, не само за милениците, бездомните животни, туку и децата и бездомниците.
6. Поголема кампања и осуда во медиумите на нехуманото убиство на животни.



Е сега, вие што мислите за оваа иницијатива? Мислите ли дека би функционирало ова кај нас и тие што се за, нека образложат како мислат дека би успеало, тие што се скептици исто нека си го образложат мислењето. Имам читано во неколку држави дека успеало ова и дека има формирано полиција за заштита на животни.

И полека со дискусијата, обично сте жестоки кога станува збор за овие дискусии, поентата е секој да го искаже своето мислење, да видиме како стоиме на ова поле.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Добро бе, толку сте се запнале по оние Западнине закони каде што немаат друга работа па формирале полиција за животни.
Впрочем во нашава чудесна Македонија има животињи т.е. орки,тролови и гоблини кои што полицијата не може да се справи со нив или точно кажано им попушта...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ај објаснете ми го овој апсурд „Животните имаат право на живот во согласност со својот вид и законот“, а после објаснете ми каде е регулативата која ќе одреди кој ќе сноси одговорност кога животно ќе нападне човек. Не не не, да не се лажиме дека не напаѓаат. Такви приказни на друг. Најсвеж пример ми е оној од Велес кога дете било прегазено бегајќи од група кучиња скитници. Одговорност не сноси никој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip and melpomena

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
полицијата народот не го штити..................а овој збори за животните...........глупа нација (facepalm)
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
И јас обожувам животни, и океј е да се заштитени, но од друга страна сосема се согласувам со Бобо. Да, напаѓаат - и тоа како напаѓаат. Некогаш тоа чини човечки живот, а жално е вредноста на човечкиот живот да се потценува, кога животинскиот и онака е потценет(користејќи животни за исхрана пред се).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Петиција за нарко дилерите,нацистите,шовинистите,педофилите,чедоморците.....
Самосвест за односот спрема животните.
Уште малку ке излезе работава да треба да потпишеме петиција за заштита на предметите и нивната преобразба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ова ко оние порано што беа актуелни: Да се собереме 10.000 и да тешиме свињи пред колење.

Јес да има нечовечен народ. Оо, болни до коска се што се фрлаат на беспомошни животни, ама малку предалеку и невозможно се оди со петицијава.
Ние народот не сме си го средиле, фамилии немаат леб да јадат. Смешно е што кон животни сакаме да покажеме човечност, а онаму кај што можеме, бегаме од просјаци (пример од ракав) ко од лепрозни.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се што имате коментирано погоре, во право сте.

Но сето тоа е друг муабет. Човекот треба да гледа за човекот. Прво сам за себе, како да биде подобар и да допринесе на општеството и општо, на природата. Сега збориме за заштита на животите. За оние кои се агресивни и напаѓаат мора да се превземе мерки, па дури и ако треба успивање. Но сепак, мислам дека е потребно вакво нешто. Но, треба премногу да се работи и добро да се организира работава, за да нема инциденти и повредени луѓе.

Можеби гледам премногу розово, но мојот потпис го имаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
This has gone too far... Дај прво нека се оправи полицијата и системот за заштита на ЛУЃЕТО (со исклучок на подвидот наречен животињи), па после нека се мисли за вистинските животни.