Петиција за формирање полиција за заштита на животни

Поддржувате ли формирање на полиција за заштита на животни?

  • Да

    Гласови: 18 69.2%
  • Не

    Гласови: 6 23.1%
  • Не Знам?

    Гласови: 2 7.7%

  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Ова првово ко пореално ми изгледа, со оглед на тоа колку има (не)совесни сопственици на кучиња што се поопасни од типот на пит були, бул дози, ротвајлери кои ги чуваат и не ги дресираат правилно, а притоа го пуштаат од синџир и не му клаваат маски... големи се шансите да те апне 5-6 пати. :)
Јас со глава ти гарантирам дека пит бул нема да те касне 5-6 пати. Ќе те апне еднаш и вилицата ќе му се укочи и забите ќе ти останат зариени на местото се додека не дојде некој и те спаси :)

И види сега колку реално изгледа ситуацијава.

Јас чувам пит бул, цел живот. Пред да го земам овој што го чувам сега, имав женка Лина се викаше. Беше толку мила и мирна, што внуците и’ се качуваа буквално со ноџињата на стомак таа не псинуваше.
Ама имаше една маана. Кога ја пуштав во двор, ако некој влезеше без јас да сум или некој од домашните надвор, тешко него.
Од таа причина, јас претходно дворов го заградив квалитетно, ставив ознака „внимавај куче“ патем со нејзина слика, за да се види колку страшно изгледа.
Еден ден, децата од комшиите си играле со фудбал. Фудбалот преку ограда дошол кај нас. Татко им, наместо да ми заѕвони на ѕвонче, да му ја дадам јас, си зел нешто да се поткачи(затоа што за да прескокнеш на ѕид висок метро и седумдесет дефинитивно ти треба мала „помош“) си скокнал, и си влегол кај нас(патем при скокот му се свиткала ногата и го болела), е сега ко го видела Лина, му се нафрлила и го „апнала“. Потоа одеше тужење, јас морав да ја усмртам Лина.
А поради што?
Поради моја несовесност? Не пријателе... Поради несовесност на човекот. Само ако се осудеше да ми ѕвони на ѕвонче се’ ќе беше поинаку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Kaarikuto

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да, беше Шпанија, да беше Катар, да беше Дубаи...
Сегде да бевме, а да не бевме во Македонија ќе беше подруго. ;)

Јас секогаш зборувам за тоа како стојат работите на местото и положбата кај што се наоѓам, а не да правам споредби што се правело во другите држави, а што не. Што се однесува до Македонија не се обрнува многу внимание на животните, единствено што може да биде казнет е парично. А и ретко кога полицијава се ангажира за нешто повеќе доколку пријавиш за животно. :)

Доколку е обратно и те нападне куче расно кое што го поседува некој човек, човекот одговара... мислам дека сме јасни. :)

А за да се формира полиција за животни е малце рано, најпрвин од финансиски план. Кој ќе ги 'финансира' нив? - Зарем не глеаш дека владата во АРМ многу слабо дава финанскиска поддршка па камоли за некоја нова измислена полиција :), имај малце онака грижа на совест како би се почувствувале војниците кои што тренираат во искинати чизми и алишта, а да не зборувам и за хигиената и храната што ја добиваат. :)
Во ред, ајде да зборуваме за Македонија тогаш.

Во Македонија ако наштетиш на животно не си казнет ни парично(или ако има такви примери се ретки како дијаманти).
Ако е обратно, кучето автоматски ќе биде усмртено, газдата нема да одговара, ни парично, ни никако.

За да се финансира некоја нова полиција за животни е малце рано?
А не е рано да се прават проекти (непродуктивни) на секој чекор, сали, споменици, и триста чуда?
За да се финансира некоја нова полиција е малце рано?
А за да се става нова фасада барокна (која нема никаква врска со историјата на Македонија) не е рано?

Секако дека на тие од АРМ ќе ми биде мака, ама и мене ми е мака кога ми угнетуваат животни а јас немам начин да ги казнам угнетувачите.

И патем, може тебе не ти е јасно, затоа што животните ги сметаш за така... различен вид од тебе кој после смртта треба да заврши на буниште(ова е претпоставка можеби не гледаш така).
Ама мене ми е јасно пријателе, затоа што секое животно што се вртка во куќава моментално(дури и хрчакот) го чувствувам како дете.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А за да се формира полиција за животни е малце рано, најпрвин од финансиски план. Кој ќе ги 'финансира' нив? - Зарем не глеаш дека владата во АРМ многу слабо дава финанскиска поддршка па камоли за некоја нова измислена полиција :), имај малце онака грижа на совест како би се почувствувале војниците кои што тренираат во искинати чизми и алишта, а да не зборувам и за хигиената и храната што ја добиваат. :)
А немаш грижа на совест за некое кутро животинче што било измачувано, претепано и убиено од некој тиранин, а тој си поминува неказнето, како ништо да не било, па и уште и се фали и објавува слики на фб?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
А немаш грижа на совест за некое кутро животинче што било измачувано, претепано и убиено од некој тиранин, а тој си поминува неказнето, како ништо да не било, па и уште и се фали и објавува слики на фб?

јас та работа?
-Јас сакам кучиња и сум љубител, едно време чував и куче. Повторно сакам да чувам, но условите не ми дозволуваат.
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Прво нека се формира сериозна институција за згрижување на животните скитници (кучињата ). Неколу пати бев скоро нападната од група на 10 разгневнети кучиња од кои едниот пат ќе беше фатален. Сега, од голем љубител и мераклија за чување на домашни животни, галење и играње со миленичињата од моите другарки, јас се плашам и буквално ме фаќа паника кога некое куче ќе помине до мене. Навечер не сакам да се шетам бидејќи одат во чопор и напаѓаат луѓе. Еден мој комшија пред некој месец беше нападнат, испокасан, и сериозно повреден. Имаше неколку операции на двете нозе, и сега едвај оди со помагала.

Радо би ја потпишала петицијата затоа што и јас уживам да гледам анимал планет, меѓутоа за да се реализира истава, треба да постои како прво и основно институција за згрижување на уличарските кучиња, а не собирање од повеќе градови и пуштање рандом во некој друг град.
Кога ќе си шетам слободно по улиците, и кога ниту мојот а ни животот од моите сограѓани нема да биде во опасност, во истиот момент ќе ја потпишам петицијата.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Прво нека се формира сериозна институција за згрижување на животните скитници (кучињата ). Неколу пати бев скоро нападната од група на 10 разгневнети кучиња од кои едниот пат ќе беше фатален. Сега, од голем љубител и мераклија за чување на домашни животни, галење и играње со миленичињата од моите другарки, јас се плашам и буквално ме фаќа паника кога некое куче ќе помине до мене. Навечер не сакам да се шетам бидејќи одат во чопор и напаѓаат луѓе. Еден мој комшија пред некој месец беше нападнат, испокасан, и сериозно повреден. Имаше неколку операции на двете нозе, и сега едвај оди со помагала.

Радо би ја потпишала петицијата затоа што и јас уживам да гледам анимал планет, меѓутоа за да се реализира истава, треба да постои како прво и основно институција за згрижување на уличарските кучиња, а не собирање од повеќе градови и пуштање рандом во некој друг град.
Кога ќе си шетам слободно по улиците, и кога ниту мојот а ни животот од моите сограѓани нема да биде во опасност, во истиот момент ќе ја потпишам петицијата.
Гледаш... Не се виновни кучињата. Тие се гладни, незгрижени, и се’ околу себе гледаат како храна. Дури и на луѓето гледаат како да се храна.
Виновни сме ние.
Да отиде некој да рече дека треба да се одвојат пари од буџетот за правење „дом за кучиња скитници“ ќе не направат улулулу, од проста причина што не е можно перење пари преку нив.
Ама да не мешам политика да не ме секнат од горе.
Јасно е дека кучињата скитници прават џубус, и кај нас има еден милион... на времето се правеа хајки и се убиваа сите скитници, сега хајките не се дозволени...
Јас лично бев против хајките, ама кога веќе не им текнува друг начин на средување на овој проблем нека почнат пак...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady* and Oleri

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ме мрзи да ги дочитам сите коментари и да цитирам и не сакам никој да ме цитира зошто само сакам изреволтирано и разочарано да си кажам: се повеќе ја мразам државава. Да, ова е една од тие причини. Човек кој мачи невини животни... да, невини, зошто (пример) мачето само прошетува низ негов двор, максимум легнува да одмори... и тој ПСИХОПАТ да не биде казнет?! Ма м:cenzuraе му е:cenzuraм ! Се надевам дека него ќе го киднапираат и ќе му го направат сето тоа што тој го има направено ! Возрасен човек се решава да грабне маченце и да го мачи цел ден? Зарем нема попаметна работа, кога веќе нема срце и морал? И сега што, јас да се плашам мачето да го пуштам надвор со страв дека ќе го пронајдам унаказено или мртво? Ма ЗАТВОР + огромни парични казни ! Се прашувам само дали истиот тој психопат би почувствувал страв, колебање и гадење да го направи истото на човек.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Разумно би рекол дека ваквата полиција во овој реон на јужен балкан би претставувала огромен луксуз.
Скапо е одржувањето (и плаќањето) за обичната полиција не па за овие.

Емоционално би одговорил дека треба да се казнуваат злоставувачите.
There is a life on a stake.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Зошто мора да има полиција специјално за казнување на овие тиранини?
Не е ова некоја тешка наука па да треба да ја изучува специјална полиција..
Нека си има одредено казна дали парична или затворска за тој вид злодела и готово.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Исто ме мрзи да ги читам сите коментари особено твоите Kaarikuto . Ги читам твоево размислување и се прашувам дали кога би имал можност (или навистина чуваш) да чуваш куче уште од мало и ненадејно да ти се одврзи и да отиде кај твојот комшија кој го почитуваш со добри манири и му е на нишан на воздушна пушка го гаѓа во око и кучето во страшни болки ти доаѓа дома... Со кои очи би го прифатил?? Е да постои таква полиција ќе го пријавиш, не за парите кои би фи добил како оштета за кучето, туку за доброто на тоа невино куче кое се отпуштило од ланец и настрадало неповратно... Јас сум за казни од типот на кинескиот правен систем, со која рака си го убил, таа да ти ја исечат, па пробај пак ако имаш м:cenzuraа!!! Иначе мачето на крај го пронајдов, фала богу живо, но со сериозни повреди од воздушната пушка на челото близу левото око кое му е во крв и не може да гледа, а другата на носот од десна страна облиен во крв и потечен. Страшно и жално ми е да го гледам. Му ја пружам целата нега со домашни работи со надеш дека ќе оздрави и ќе има нормален вид. :-( од причина што ни се знае стандардот и условите нажалост. Како и да е се се враќа и плаќа, така да и он за многуте невини сушствества кои ги повредил, ќе пропати еден ден. И да, уште ова " Господ не е мачка одма да ти ги истера очите, постепено ќе ти врати за сите злобни дела".