Петиција за формирање полиција за заштита на животни

Поддржувате ли формирање на полиција за заштита на животни?

  • Да

    Гласови: 18 69.2%
  • Не

    Гласови: 6 23.1%
  • Не Знам?

    Гласови: 2 7.7%

  • Вкупно гласале
    26
  • Poll closed .

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
у право си и за тоа срцка, ама тоа веќе е мешање у политика а ја мразам политика и обожавам животни, и затоа радо би гледала animal planet.
И никаде не спомнав дека само јас имам тв и дека само јас ја знам таа програма, само сакав да кажам дека таму веќе имаат animal police и таму би можеле да виите како сето тоа функционише.

Јас пак си мислам како и сите други освен Animal lovers дека требало да има посебна полиција..??// Не е само таа проблематика, исто имаме проблем и со други работи кои што нема потреба да ги набројувам овде.
Со оглед на досегашниве настани и случувања јас и чувањето на животни би го ставил во луксузни работи кои што сака да ги користи и има човекот. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

jovanKH2O

Староседелец
1 март 2012
54
82
1,018
Јас мислам дека обавезно треба да се формира. Денес сум преразочаран и лут на комшијата, идиотот позади мене кој пред некое време разбрав убил две невини кученца со секира по глава и за нозе ги исфрлил од неговиот двор, а денеска беше на мета мојот мачор кој го чувам веќе 4 месеци :-( Го унаказил страшно, со искрварен нос како и исекотина на ногата и исекечни му се сите нокти, запрепастен сум :-( Не знам што да правам, дајте ми совет, ветеринарни познавања. Сето тоа се случи сабајлево во 9 кога ме разбуди неговото болно мјаукање и кога го видов каков му е крвав цел нос. Идиотот беше позади двор и ми рече, мачиштево твое прави бељи, ми влегува во двор и се меша со моите мачки, да си го врзеш да не прави проблеми :mad: Сум го почитувал како и сите други, а сега ми е наголем непријател и му посакувам да не се разбуди утре :mad: Болно ми е да го гледам мачео, а навистина е премило и ништо беља не правеше, препитомо беше, а сега е здивено и не знам дали ќе преживее. :-(
 
Што би направила полицијата доколку постои за заштита на животните?
-Зарем би го затворила?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Замисли... Само на миг хипотетички замисли дека тоа маче е малечко дете кое е патем и неспособно да се заштити. Тогаш? Што би требало да направи полицијата, да го приведе тој будала, така?

А ако некој ужива да нанесува болка на толку беспомошно суштество, тогаш е со нарушено ментално здравје и би требало да оди директ во психијатриска болница, постоела или не полиција за заштита на животни.

Страшна работа.

А што ако е обратно?
-Дали би го уапсила кучето, доколку те нападне некое куче кое што може да остави несакани видливи и долготрајни повреди?
Ако одиш мирно по улица и тоа те „апне“ - би требало да биде згрижено во некоја институција(ама кај нас нема такви институции)
А ако те гризне а притоа се наоѓаш на приватен имот, што мајка си барал без дозвола да влезиш? :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
А што ако е обратно?
-Дали би го уапсила кучето, доколку те нападне некое куче кое што може да остави несакани видливи и долготрајни повреди?
Јас сум за тоа aко куче е опасно за средината да се успие, а доколку човек убива и мачи животни да се затвори.. Ете. Правдата да биде задоволена : )
 
Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Замисли... Само на миг хипотетички замисли дека тоа маче е малечко дете кое е патем и неспособно да се заштити. Тогаш? Што би требало да направи полицијата, да го приведе тој будала, така?

А ако некој ужива да нанесува болка на толку беспомошно суштество, тогаш е со нарушено ментално здравје и би требало да оди директ во психијатриска болница, постоела или не полиција за заштита на животни.

Страшна работа.

Не можам да замислам, затоа што ако замислувам ќе се загубам.
Единствено што може таа полиција е да го гони виновникот парично и ништо повеќе.

А ти вака како поголем маж можеш да се замислиш да се спаси без никакви повреди од страна на ротвајлер или пит бул? :)

Ако одиш мирно по улица и тоа те „апне“ - би требало да биде згрижено во некоја институција(ама кај нас нема такви институции)
А ако те гризне а притоа се наоѓаш на приватен имот, што мајка си барал без дозвола да влезиш? :)

Ова првово ко пореално ми изгледа, со оглед на тоа колку има (не)совесни сопственици на кучиња што се поопасни од типот на пит були, бул дози, ротвајлери кои ги чуваат и не ги дресираат правилно, а притоа го пуштаат од синџир и не му клаваат маски... големи се шансите да те апне 5-6 пати. :)
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Не можам да замислам, затоа што ако замислувам ќе се загубам.
Единствено што може таа полиција е да го гони виновникот парично и ништо повеќе.

А ти вака како поголем маж можеш да се замислиш да се спаси без никакви повреди од страна на ротвајлер или пит бул? :)
Е сега, ако одам по твојот изговор не можам да замислам затоа што ќе се изгубам.
Ама јас не сум како тебе на таков начин да избегнам одговор :)

Кажав и претходно. Јас како поголем маж(и фаличен) од пекинезер не можам да се спасам, а не од ротвајлер.
И јас не реков дека животните треба да бидат „помилувани“ во секој случај.
Кажав дека би требало веднаш да се однесе во некоја институција(а доколку има газда, газдата да биде казнет затоа што несовесно го чувал својот миленик).
Ама тука е оној дел кој вели дека животните немаат разум, а ние луѓето имаме.
Така да, ако овој човек посочен погоре со својот разум, размислил дека треба да се иживува на маче(кое патем не може апсолутно никако да му наштети), мислам дека е јасно кој е виновникот во случајов и како треба да се гони.

А види ти, да беше во Шпанија овој господин, во овој момент ќе лежеше во затвор, и ќе му се судеше исто како што би му се судело во Македонија за полово иживување врз малолетник.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O

Да, беше Шпанија, да беше Катар, да беше Дубаи...
Сегде да бевме, а да не бевме во Македонија ќе беше подруго. ;)

Јас секогаш зборувам за тоа како стојат работите на местото и положбата кај што се наоѓам, а не да правам споредби што се правело во другите држави, а што не. Што се однесува до Македонија не се обрнува многу внимание на животните, единствено што може да биде казнет е парично. А и ретко кога полицијава се ангажира за нешто повеќе доколку пријавиш за животно. :)

Доколку е обратно и те нападне куче расно кое што го поседува некој човек, човекот одговара... мислам дека сме јасни. :)

А за да се формира полиција за животни е малце рано, најпрвин од финансиски план. Кој ќе ги 'финансира' нив? - Зарем не глеаш дека владата во АРМ многу слабо дава финанскиска поддршка па камоли за некоја нова измислена полиција :), имај малце онака грижа на совест како би се почувствувале војниците кои што тренираат во искинати чизми и алишта, а да не зборувам и за хигиената и храната што ја добиваат. :)