Хомосексуалност

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Гдедам на фб многу прашина се крена за исповедта негова па викам ај и тука да се изнадаваат мислења


Тешко е да се биде човек, да. Тешко е, но отсекогаш се трудев да бидам што е можно човечен во дадените животни ситуации, не сакав никогаш да осудувам, затоа што бев свесен дека со себе носам нешто што доколку утре луѓето би го знаеле за мене, веднаш би ме осудиле...
Немав многу пријатели... впрочем немав ниту еден вистински, а невистински, ги имаше многу такви, ќе се прашате зошто ?! Па зошто да се зближувам со некого, кој што знам дека доколку ја дознае мојата тајна, можеби нема да сака да ме погледне. Во животот бев доста повлечен човек, пораснат во конзервативно религиозно семејство, со правила и норми, со високи морални граници, а впрочем се прашувам, нели секој човек најдобро си ги знае до каде му се границите и што и до каде може да згреши и дали воопшто е потребна црквата тука да проповеда до каде може да се оди?!

Бев многу религиозен, но откако ја сознав таа тајна која до пред некое време и за мене беше тајна, дефинитивно се променив, сфатив дека постои Бог, да, постои, но знаете ли кој е тој?! Тој е врховното битие кое сите го чувствуваме, знаеме дека има нешто поголемо од нас, кој што сите не обединува, ни дава дозвола да бидеме свои, уникатни, посебни... ја дозволува љубовта, без разлика каква е, помеѓу маж и жена, помеѓу жена и жена и помеѓу МАЖ и МАЖ, да, таа е љубовта која јас ја чувствувам, тоа е она вистинското за мене, никогаш не одбрав сам вака да се чувствувам, таков сум создаден од оној бог што пред малку го споменав, тоа сум јас, и што, НЕ ТРЕБА ЛИ ДА ПОСТОЈАМ, нешто грешам, што е тоа ?!

Само сакам да сакам, слободно, како сите вие, човечно е тоа да се дозволи и никогаш не треба да се осуди! Ако ја осудувате љубовта, сте осудиле нешто најчисто, искрена емоција, дојдена од срцето... И знам, ќе речете, па вие сакате геј-паради, се однесувате феминизирано, е па НЕ, НЕ се сите такви, јас сум човек кој никогаш нема да го препознаете дека е геј, се однесувам како и сите други мажи и геј парадите ги сметам за најлоша промоција на хомосексуалноста, затоа што ја промовира во најбедното можно светло...

И да, секако дека на крајов, нема да го запишам моето име, но се надевам дека ќе дојде ден, кога тоа слободно ќе можам да го кажам и да бидам конечно ЈАС ЈАС, свој на своето, да се чувствувам дека да тоа е тоа, да не ги лажам повеќе луѓето околу мене, затоа што со секоја лага и лага, потешко се живее, преживува...

Во надеж за посреќно следно пишување, поздрав и љубовта не ја осудувајте, таа се чувствува, а хомосексуалноста сфатете ја како нешто со што човек се раѓа, а оние кои сакале само да експериментираат, па затоа се впуштиле во неа, за нив вие одлучете дали ќе ги осудите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5 and kizzo

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
I don't care if you're black, white, straight, bisexual, gay, lesbian, short, tall, fat, skinny, rich or poor. If you're nice to me, I'll be nice to you. Simple as that. - Eminem.

Секој човек што сака нека си прави со животот. Се дури не ми наштетува во мојот, нека се сака со кого сака, нека живее како што сака и нека прави како што сака. Воопшто, ама воопшто не ми е гајле што прави некоја рандом фаца со својот живот. I don't care.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Па има цела тема за хомосексуалност. (wasntme)
А со вакви наши просељачки избацувања, пароли и сфаќања, ни јас не би се изложувала јавно за полуписмена раја да ме плука оти им крадам дунде плус, као демек баш судената сум им ја земала. Пф...
Најјако е што оние што пишуваат против само со погрдни зборови, уствари очајно се обидуваат да се покажат во светло на алфа јебачки створења, а баш напротив оставаат спротивен, очаен ефект. И дома го сушат на порно со напумпани лезбејки.
Нека се плеска кој со кого сака бре. Дури не ми се дома и не сум лично инволвирана, најмалку ме заболе кој, што и со кого прави во кревет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LaJa5, Rodeo Tvrdo and JaMi

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Па има цела тема за хомосексуалност. (wasntme)
А со вакви наши просељачки избацувања, пароли и сфаќања, ни јас не би се изложувала јавно за полуписмена раја да ме плука оти им крадам дунде плус, као демек баш судената сум им ја земала. Пф...
Најјако е што оние што пишуваат против само со погрдни зборови, уствари очајно се обидуваат да се покажат во светло на алфа јебачки створења, а баш напротив оставаат спротивен, очаен ефект. И дома го сушат на порно со напумпани лезбејки.
Нека се плеска кој со кого сака бре. Дури не ми се дома и не сум лично инволвирана, најмалку ме заболе кој, што и со кого прави во кревет.
Тука не се работи за тоа кој шо прави у кревет. Тие фаци ги има у секојдневен живот и можеби секојдневно поминуваат покрај тебе. Да ги знаеш кои се, веднаш се менува мислењето за нив. Такви и кога ги гледаш треба едноставно да ги гледаш како и сите други (или бар ја мислам така). Кај нас треба време и време за работите да станат такви. Сепак, секој се одлучува на кој начин ќе живее и ќе се претставува во околината. Мене искрено не ми смета никој, и муабет ќе правам со „такви“, и на кафе би седел ако знам дека во карактерот на тој човек имаме нешто заедничко кое што не мора да е поврзано со сексуалноста. Зашто карактерот го прави човека човек - а не изгледот и сексуалната ориентација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo and violetmoon

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не е во тие просељачки сфаќана а ни во тоа кој со кого го дели креветот ама педерите се гласно само кога се анонимни и после демек сакале права сакале она ова а никаде ги нема.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не е во тие просељачки сфаќана а ни во тоа кој со кого го дели креветот ама педерите се гласно само кога се анонимни и после демек сакале права сакале она ова а никаде ги нема.
Тоа не се педери туку хипстери. Вистинскиот п***р нема да кука и да моли. Тој ќе си најде свој партнер и ќе си работи за свое и ничие право. А п***р со п***р се распознаваат.
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Тоа не се педери туку хипстери. Вистинскиот п***р нема да кука и да моли. Тој ќе си најде свој партнер и ќе си работи за свое и ничие право. А п***р со п***р се распознаваат.
Се распознаваат ама и тие вистинските некако ми претопуваат во оние другите педери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena