Гдедам на фб многу прашина се крена за исповедта негова па викам ај и тука да се изнадаваат мислења
Тешко е да се биде човек, да. Тешко е, но отсекогаш се трудев да бидам што е можно човечен во дадените животни ситуации, не сакав никогаш да осудувам, затоа што бев свесен дека со себе носам нешто што доколку утре луѓето би го знаеле за мене, веднаш би ме осудиле...
Немав многу пријатели... впрочем немав ниту еден вистински, а невистински, ги имаше многу такви, ќе се прашате зошто ?! Па зошто да се зближувам со некого, кој што знам дека доколку ја дознае мојата тајна, можеби нема да сака да ме погледне. Во животот бев доста повлечен човек, пораснат во конзервативно религиозно семејство, со правила и норми, со високи морални граници, а впрочем се прашувам, нели секој човек најдобро си ги знае до каде му се границите и што и до каде може да згреши и дали воопшто е потребна црквата тука да проповеда до каде може да се оди?!
Бев многу религиозен, но откако ја сознав таа тајна која до пред некое време и за мене беше тајна, дефинитивно се променив, сфатив дека постои Бог, да, постои, но знаете ли кој е тој?! Тој е врховното битие кое сите го чувствуваме, знаеме дека има нешто поголемо од нас, кој што сите не обединува, ни дава дозвола да бидеме свои, уникатни, посебни... ја дозволува љубовта, без разлика каква е, помеѓу маж и жена, помеѓу жена и жена и помеѓу МАЖ и МАЖ, да, таа е љубовта која јас ја чувствувам, тоа е она вистинското за мене, никогаш не одбрав сам вака да се чувствувам, таков сум создаден од оној бог што пред малку го споменав, тоа сум јас, и што, НЕ ТРЕБА ЛИ ДА ПОСТОЈАМ, нешто грешам, што е тоа ?!
Само сакам да сакам, слободно, како сите вие, човечно е тоа да се дозволи и никогаш не треба да се осуди! Ако ја осудувате љубовта, сте осудиле нешто најчисто, искрена емоција, дојдена од срцето... И знам, ќе речете, па вие сакате геј-паради, се однесувате феминизирано, е па НЕ, НЕ се сите такви, јас сум човек кој никогаш нема да го препознаете дека е геј, се однесувам како и сите други мажи и геј парадите ги сметам за најлоша промоција на хомосексуалноста, затоа што ја промовира во најбедното можно светло...
И да, секако дека на крајов, нема да го запишам моето име, но се надевам дека ќе дојде ден, кога тоа слободно ќе можам да го кажам и да бидам конечно ЈАС ЈАС, свој на своето, да се чувствувам дека да тоа е тоа, да не ги лажам повеќе луѓето околу мене, затоа што со секоја лага и лага, потешко се живее, преживува...
Во надеж за посреќно следно пишување, поздрав и љубовта не ја осудувајте, таа се чувствува, а хомосексуалноста сфатете ја како нешто со што човек се раѓа, а оние кои сакале само да експериментираат, па затоа се впуштиле во неа, за нив вие одлучете дали ќе ги осудите...