Атеизам (генерална дискусија)

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Атеизам(генерална дискусија) - соодветно место за да го поставам уште еднаш моето прашање и вероватно да добијам нормален одговор.

Зошто драги мои Атеисти, сте толку желни да докажете дека Верниците не треба да бидат Верници, дека се во заблуда?
Не станува збор за убедување, туку за обична дискусија. Атеизмот изгледа наметливо зошто е логички многу поиздржана позиција, на секој теистички аргумент има десетина рационални контра-аргументи. Ова нема никаква врска со опонентот и неговото познавање на религијата, туку со самата позиција која ја застапува. Вербата во Бог е ирационална, затоа секој обид истата да се рационализира, секој обид да се докаже дека верата во антропоморфен бог е совршено разумна наидува на исмевање.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам. Liber X
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Abraxas
Атеистите не веруваат во ништо друго освен во науката. Во филозофојата пак ич, а пак во во нумерологијата и асторлогијата двапати по ич, а во стариот завед 10x ич.
Ама зошто мешате Атеизам со наука, зошто??? По не знам кој пат кажувам дека атеизмот и науката не се директно поврзани, не можеш да веруваш во наука. Атеистите не веруваат во ниеден бог или било што над човекот и толку. Нема науки, нема филозофии, нема божества и виши сили.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ама зошто мешате Атеизам со наука, зошто??? По не знам кој пат кажувам дека атеизмот и науката не се директно поврзани, не можеш да веруваш во наука. Атеистите не веруваат во ниеден бог или било што над човекот и толку. Нема науки, нема филозофии, нема божества и виши сили.
Научниците биле првите атеисти кои се криеле од црквата.
Кога велам верувам во наука, по дифолт верувам во медицина или физика на пример....верувам во тоа каде постојат факти да докажат дека нештото постои... на пример лек за грип (медицина), закон за релативитет (физика).
И не само што се директно поврзани, односно атеизмот потекнува од науката, и ги негира верувањата во богови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Научниците биле првите атеисти кои се криеле од црквата.
Кога велам верувам во наука, по дифолт верувам во медицина или физика на пример....верувам во тоа каде постојат факти да докажат дека нештото постои... на пример лек за грип (медицина), закон за релативитет (физика).
И не само што се директно поврзани, односно атеизмот потекнува од науката, и ги негира верувањата во богови.
Зборот ми е дека не можеш да веруваш во нешто што е егзактно. Тоа е факт и така е, не може да биде поинаку. Тоа не е верување. Се знае дека срцето пумпа крв и дека има две преткомори и две комори и толку. Нема верувам дека има 5 комори, верувам дека има плава крв, верувам дека срцето работи на бензин или не знам ти што, туку точно се знае како е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Науката на човечката раса и живиот свет од религиски гледано е многу проста и глупава.Никогаш нема да разберат и светлината пред нив да свети тие нема да ја видат.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Abraxas
Атеистите не веруваат во ништо друго освен во науката. Во филозофојата пак ич, а пак во во нумерологијата и асторлогијата двапати по ич, а во стариот завед 10x ич.
Погрешно. Поимот Атеизам се однесува на Теизам и е негова негација, тоа "А" има негациска улога.

Theism, in the broadest sense, is the belief that at least one deity exists.[1] In a more specific sense, theism is a monotheistic doctrine concerning the nature of a god or goddess, and their relationship to the universe.[2][3][4][5] Theism, in this specific sense, conceives of God as personal, present and active in the governance and organization of the world and the universe.

Што значи може да бидеш атеист, а да веруваш во реинкарнации инкарнации...и слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Погрешно. Поимот Атеизам се однесува на Теизам и е негова негација, тоа "А" има негациска улога.

Theism, in the broadest sense, is the belief that at least one deity exists.[1] In a more specific sense, theism is a monotheistic doctrine concerning the nature of a god or goddess, and their relationship to the universe.[2][3][4][5] Theism, in this specific sense, conceives of God as personal, present and active in the governance and organization of the world and the universe.

Што значи може да бидеш атеист, а да веруваш во реинкарнации инкарнации...и слично.
Дочекав да се сложам и со тебе :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Саламандер

Нов член
17 февруари 2013
17
12
3
Abraxas
Атеистите не веруваат во ништо друго освен во науката. Во филозофојата пак ич, а пак во во нумерологијата и асторлогијата двапати по ич, а во стариот завед 10x ич.

Има атеисти кои ја подржуваат идејата за реинкарнација. Имаш атеисти кои ни благе везе немаат со науката нити можат да се изразат интелигентно. Од друга страна имаш религиозни научници, кои поради природата на својата струка, нашле доволно дебел ѕид да ги одвојат своите верувања и фактите со кои баратаат на дневна база. Понекогаш тој ѕид е доволно тенок и мал да двете страни се смешаат, ама не секогаш.

Клучниот збор овде е "верување". Зошто мора некој да верува во било која од овие работи, особено науката? Верување и знаење не е исто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas