Атеизам (генерална дискусија)

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
ја сам воздржан на овуј тему, затој што..
од едну страну убаво е да се веруе у нешто, верба га праи човека посилан и појак у сфе
али од друу страну како да верују у нешто што још не е докажано
ја поише верују у доброга човека, нели човек на човека е бог
што може човек да ми напраи господ неможе никад, барем до ск никад ништо не ми е помогнаја : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

house_on _a_hill

Нов член
9 декември 2012
5
13
3
Добрината на еден човек произлегува од неговата верба спрема нешто.Религијата ни претставува еден патоказ кон она моралното,етичко.Значи не ми е јасно како некој може да не верува во ништо,т.е. да западне во атеизмот.Оној кој не верува во ништо,не чувствува никакви морални обрски спрема друг човек,јас така го сваќам тоа.Воздухот сме го виделе!?Не..но тоа не значи дека не постои...Сите оние кои придонеле за развојот на човековиот свет,т.е. за модерната технолошка денешнина имале многу голема религија спрема некое божество како на пример Ајнштајн,Тесла итн.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena, Redhead and parvati

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Добрината на еден човек произлегува од неговата верба спрема нешто.Религијата ни претставува еден патоказ кон она моралното,етичко.Значи не ми е јасно како некој може да не верува во ништо,т.е. да западне во атеизмот.Оној кој не верува во ништо,не чувствува никакви морални обрски спрема друг човек,јас така го сваќам тоа.Воздухот сме го виделе!?Не..но тоа не значи дека не постои...Сите оние кои придонеле за развојот на човековиот свет,т.е. за модерната технолошка денешнина имале многу голема религија спрема некое божество како на пример Ајнштајн,Тесла итн.
Кислородот не може да се види, но може да се измери неговото присуство, можеш ли ти да го измериш Бог или да дадеш некаков доказ за неговото постоење? Не, значи лоша споредба. Друга работа, на атеистите не им треба книга за да заклучат дека педофилијата или силувањето се погрешни, на пример. Они се раководат по свој морален кодекс, а ти запрашај се дали си морален во вистинска смисла на зборот ако твојата моралност се базира врз страв од некој невидлив брадоња горе на небото. :D

И Ајнштајн не бил теист...
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Религија и атеизам. Вечната борба на верувањето дека замисленото другарче на небото постои и здравиот разум. После малку повеќе од недела дена од масакрот во Њутон, Конектикат, САД каде беа убиени 20 деца и 6 наставници од рацете на еден МЕНТАЛНО пореметен човек,слушнав една од најголемите бљувоштини во 21 век. Според некој, најверојатно самопрогласен, експерт во САД таквите масакри се случувале зашто, пази сега, луѓето ја изгубиле верата и правеле лоши работи. Нешто во стилот на Венко Андоновски во неговата колумна во Април оваа година каде после убиствата во Смиљковци жестоко со целата артилерија што ја имаше ги нападна aтеистите велејќи дека тие се виновни за сите лоши работи што се случуваат. Само aтеист може да направи такво лошо дело(според него).

Нешто во тој стил слушнав сношти на дебатниот настан aргумент од професорот Ферид Мухиќ. Тој исто така во своето излагање спомна дека Атеисите се луѓе без срце и душа и се желни за крв и насилства. Ги спомна Француската и Бољшевичката револуција како свои аргументи дека Атеизмот е лош и дека само религијата може да го унапреди општеството. Почитувани професори,Мухиќ и Андоновски, Џон Ленон беше Атеист па никогаш не видов да има говор на омраза, да мрази некого.Напротив тој ширеше љубов и мир преку својата музика иако беше Атеист.Неверојатно нели? Атесит а проповеда мир и љубов? Немогуче..

Искрено не можам да сфатам, според она како јас ги перцепирам работите, како може двајца такви интелектулаци како Андоновски и Мухиќ да веруваат дека постои замислено другарче на небото. Не можам да сфатам како мислат дека религијата може да го унапреди човештвото и проповеда мир и љубов а ЗНАМ дека едни од најголемите масакри во историјата на човештвото се случиле во име на религијата и тоа директно поддржани од првите верници во хиерархијата на организираните религии. Масакри директно поврзани со оние кои седат највисоко на престолот и директно разговараат со другарчето на небото.

Знам дека имало милиони жртви на страната на неверниците од рацете на крстносците кои имале за задача дадена од бог да го исчистат светот од неверници. И сето тоа во име на љубовта и мирот што го проповеда религијата.Инквизицијата е уште еден пример за тоа. Жртви на таа инквизиција биле едни од најголемите умови во историјата заслужни за основите на многу научни откритија што ги имаме сега, научници како Јан Хус, Џордано Бруно и многу други. Самиот Галилео Галилеј бил жртва на божјата рака управувана од џелатот а по наредба на папата затоа што кажал: Сепак се врти. Светата војна или џихадот што го имаме во муслиманскиот свет кон западното општество. Во името на алах -извикува носејќи на себе бомби и разнесувајќи се окулу се. Не ретко цели на таквите напади се и пазари, игралишта и училишта.Не ретко жртви на таквите самоубијци се и ДЕЦА. Кога сме веќе кај децата, не е мал бројот на деца сексулано злоставувани од божјите слуги на земјата во католичката црква.Најлошо во се во овие слуачи со децата е тоа што црквата ги крие извршителите овозможувајќи им повторно да го сторат тоа.

Ова се само мал дел од примерите за злоуотребата на религијата.Тука можам да набројам уште милион причини и настани директно злоупотребени од религиите.Протестите и немирите проследени во Египед, тепањето на хриситјаните во блискиот исток, малтретирањето и секогаш со префикс сомнителни лица во западниот свет на мусиманите, говорите на поглаварите на ИВЗ и МПЦ во Македонија.Едниот се меша директно во политика а другиот дека господ зацртал сите лабанци да живеат во една држава. Или како шо би рекол големиот ЏорџКарлин: Религијата е Мејџор Лиг, биг тајм БУЛШИТ!!!

Друг проблем со религијата е тоа што не трпи критика. религијата е конзерватива организација која не сака многу многу да се чепка ида се отвара сомнеж.Едноставно не сакаат да прашувате ид а учите. Сакаат само да заборавите на сите лоши работи направени во име на таа религија, Религиите во светот кои иако не се регистрирани како трговски друштва имаат неверојатно голем протокот на пари, пари непријавени за данок.
Религијата никогаш, според оваа поставеност што ја има сега во светот ,никогаш нема да го унапреди општеството туку само ке го уназади.
Заради мрачниот среден век создаден од раката на религијата денес сите сме жртви.Голем број на интелектуалци и големи умови беа ликвидирани во име на религиите и сме жртви на стагнирање на технолгијата тогаш.Замислете до кај ке бевме сега стигнати ако Галилеј не беше убиен и многу такви како него..

Не ме сфаќајте погрешно, немам против во тоа, некој да верува во нешто.Како што јас ја сакам слободата , така и ја дозволувам.Не велам дека сите верници се согласуваат со ваквите страшни настани во име на религијата туку дека еднаш засекогаш, христијанството исламот и сите други религии мора да расчистат со минатото и вистински да почнат да шират мир и љубов..

За крај ке завршам со реченица на професорката Биљана Ванковска: Јас немам проблем со вашиот бог кој е семоќно и севишно суштество, имам проблем со неговите слуги на земјата и со тоа што вие не ми давате слобода да одберам да сум атеист.

Рубин Јованоски за Мактел.мк линк : http://maktel.mk/index.php?kolunique=49
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf and slb_bobo

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Верувањето или неверувањето во нешто секогаш било право на избор и никогаш не сум се заинтересирала за нечии верување а уште помалку да ги осудувам истите. Многу пати сме дискутирале во друштвото на оваа тема со оглед на тоа шо повеќето од мојте најдобри пријатели се Атеисти. Честопати сме дошле до истиот заклучок дека религијата односно нејзината злоупотреба доведува до едно исто. Омраза и војни и раздор помеѓу луѓето. И од тоа некој си има и те каков голем профит. Е сеа глеам у последно време е актуелен тој напад меѓу атеисти и верници. Пред неколку месеци прочитав еден текст на Венко Андоновски кого многу го почитувам ама таа колумна му беше с*ање. Беше у контекст дека атеистите се криви за се ...незам дали беше непосредно по убиствово на децава кај езерово оти ми се мешаат неколку статии во глава ама тоа шо го прочитав ме замисли и непријатно ме изненади. Академици и високо истакнати луѓе у 21 век да се понашаат како у средновековие...На Клада безбожнику !!! Тоа е срамота. Ми пречи нетолеранцијата кај луѓето и непочитувањето на туѓиот избор. Очи си вадат за тоа кој у шо веруе / неверуе ( големите интелектуалци ). Па една индивидуа со висок степен на свест треба да ја поттикнува толеранцијата и слободната волја на човекот. Ние не сме родени со неккаво верување. Наметнато ни е верувањето во нешто. Ако еден е доволно свесен за да се изјасни дали верува или не верува во нешто никому ништо. Пола од луѓето што тврдат дека веруваат не знаат во што веруваат и зошто веруваат. Пола од нив не знаат зошто не веруваат ! Тој јаз очигледно направен од една многу позната цел прави да биде онааа старата Човек на човек е волк. Никогаш ама никогаш не ми засметала нечија определба од било кој аспект. Незнам зошто би ми сметала. Ми смета оној превез на очите и она I m right and You are Wrong во овој контекст.
 

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
бог вели дека кога ќе умрете ќе го видите синот човечки како седи во царството свое и ќе поверувате но ќе биде доцна.Како што ѓаволот го искушувал Бог ќе ти ги дадам сите царства и богаства на земјата бидејки се мои само ако ми се поклониш па така е исто и со атеистите.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
бог вели дека кога ќе умрете ќе го видите синот човечки како седи во царството свое и ќе поверувате но ќе биде доцна.Како што ѓаволот го искушувал Бог ќе ти ги дадам сите царства и богаства на земјата бидејки се мои само ако ми се поклониш па така е исто и со атеистите.
Бог рече и ти го слушна, и ни се обрати нас, така?

Иначе бог рекол : А сега убијте ги сите деца од машки пол, убијте ги и сите жени кои препознале маж во женско легло.

Според тебе , треба да го слушаме шо зборува бог?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and cakar_ulav

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Разговор.Едниот е надежен писател а другиот е атеист.Писателот ќе биде со буква П а атеистот со буква А.

А:"Во нашата природа е да преживееме.Верата е инстиктивен одговор на аспектите на постоењето што не можеме да ги објасниме поинаку било да се работи за моралната празнина што ја гледаме во универзумот,за извесноста на смртта,за тајната на настанувањето на нештата или за смислата на нашиот сопствен живот,или за отсуството на смисла.Тоа се елементарни аспекти и се исклучително едноставни,но сопствените ограничувања не спречуват да дадеме непобитни одговори на тие прашања ,па затоа создаваме како одбрана,емотивен одговор.Едноставно чиста биологија.

П:"Тогаш според вашето мислење ,сите верувања или идеали се ништо друго освен фикција?"

A:"Секое објаснување или гледање на реалноста нужно е тоа.Во овој случај проблемот настанува од тоа што човекот е морално животно ставено во неморален универзум и осудено на постоење со сигурен крај и без друга смисла освен да го продолжи видот.Невозможно е долго да се преживее во реалноста,барем за човекот.Добар дел од животот поминуваме во сон,посебно кога сме будни.Како што реков проста биологија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Атеизам(генерална дискусија) - соодветно место за да го поставам уште еднаш моето прашање и вероватно да добијам нормален одговор.

Зошто драги мои Атеисти, сте толку желни да докажете дека Верниците не треба да бидат Верници, дека се во заблуда?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mountian