melpomena, јас да кажам дека се сложувам со скоро с
è што кажа за членката која е главна тема на дискусијата од претходните неколку страни. Мене искрено ми беше една од најфините тука, ако не се лажам ја имам тагнато во темата „Со кој член сакате да се запознаете?“. Ако не, значи сум изумила, а навистина сакав. И уште сакам.
Ама па навистина не ја сфаќам поентата на претставувањето како некој друг. Или лажењето. Измислувањето. Имам забележано на форумов (уште многу одамна) една личност што многу лаже. На една тема едно, на друга сосем спротивното, на трета па муабет да не правам. Исто како и за погоре спомнатата членка што забележав одамна (на фб, не на форум) дека користи туѓи слики, ама ете некако не се дрзнувам да ги откривам јавно овие нивни ... не знам шо се стварно, не знам ни како да ги наречам.