СДК дека сум премногу изреволтирана од одредени членови на форумов, не се ни свесни колку индиректно ме повредија мене, што за чудо не предизвика во мене ништо друго освен револт и изопачување во буквална смисла на сликата која ја имав за нив.Како е можно некој да е толку желен за внимание, што би направил се и би се лижел секаде од најгорните кругови па се до најновите членови само за да добива поддршка во своите злобни намери.А од друга страна па и не е толку чудно, кога сите веќе ќе те научат каков си и никој нема да ти обраќа внимание ќе мора да бараш нови жртви.Друго, која памет ејј, колку се восхитувам на некои лицемерни личности кои успеваат да ги вртат околу малиот прст тие околу нив, со милозвучни муабети да ги натераат да се колнат во нив.А од друга страна пак овие "вртените" се толку глупи што едноставно не можат да функционираат сами па им треба некој повисок механизам да ги придвижува всушност нечија изопачена интелект да ги води нивните плитки умови.
Желбата за доминација е многу изразена тука на форумов, буквално има членови кои упаѓаат во тема само за да направат раздор или упаѓаат со некои глупи препрашувања околу мислењата на другитре членови, наместо самите да се изнесат да ги видиме како размислуваат.Знаат само зелени да се прават и да препрашуваат"A вистина така?", "E зошто така? "...ма иди беги бе, научи да размислуваш па јавувај се тогаш, барем на ниво дискусија отварај.
И просто не можам да се изначудам на злобата и зависта кај членовите, очигледно е дека на форумов постојат искрени отворени луѓе, со големо срце, секогаш насмеани, да се нашалат, да не насмеат...но очигледно тоа им смета на оние кои одамна изгубиле внимание на форумов па ги оддржуваат само 1-3 члена со нив, и ајде удри по нив, не бирај начин да ги понижиш и да ги навредиш, ама всушност не се свесни дека со тоа само си го покажуваат се' повеќе и повеќе своето вистинско лице.
Никој на форумов не може да изигрува Бог и да брка нови членови со своите малтретирања и неартикулирани однесувања на форумов, ако си имаш мака никој не ти е крив да те трпи, прво олади се па најави се!