Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Со длабока жалост и неизмерна тага ве известуваме дека денес замина во историјата мојата брада. Еден месец непокор, во вечна борба со умислата на тираните, оваа брада ги имаше сите услови да вроди инспирација за некој 19вековен романтичарски дух, беше симбол на еден правец наречен „Мрзитис акутис гравис“ денес со тешка воља и голем отпор потклекна на разумот. Нека и е вечна слава.

Ожалостени сите рошави, недоквакани, недокучени, несфатени браденковци.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
До тогаш немав отворено фб и немав видено.
А што има врска дали сите ја закачуваат или не.
Ако една ,,Ја викале,, заслужуваше да биде на сечиј зид со денови,зошто да ја нема и песната на Тоше посебно на овој ден на сечиј зид?
Зарем и тоа ни смета и ни е досадно?Можеби некој сака на тој начин да изрази почит кон него.
Цел свет ги запазува своите вредни личности од нивниот заборав.
За жал ете и ние го изгубивме највредното.
Што не му изразат почит некој друг ден? :^)Ама не, тие само на роденденот и на смртта се растураат од ставање на неговите песни, и ептен некогаш кога се во тешка депресија, па сакаат цел свет да знае дека сочувствуваат со зборовите на песната. Има 365 денови, ако се толкави фанови и почитувачи на неговото дело може и друг ден да ја споделат песната, ама како што викаат народски: Видела жабата ќе го потковуваат коњот, па и она кренала нога. Поздрав и се најдобро. :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Што не му изразат почит некој друг ден? :^)Ама не, тие само на роденденот и на смртта се растураат од ставање на неговите песни, и ептен некогаш кога се во тешка депресија, па сакаат цел свет да знае дека сочувствуваат со зборовите на песната. Има 365 денови, ако се толкави фанови и почитувачи на неговото дело може и друг ден да ја споделат песната, ама како што викаат народски: Видела жабата ќе го потковуваат коњот, па и она кренала нога. Поздрав и се најдобро. :)
Ни тоа не значи дека не смеат да го одвојат овој ден како еден од неколкуте посветени малку по интензивно на него.
но немора да сум во право,тоа е само мое размислување.
Секој ден ти го посакувам најдоброто,и во секој пост.:)
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Е убаво размислување имаш за форумов чисто како еден вид негов штитеник,усмерувач,креатор,овааајјј,модератор де(wasntme)
Јас само кажав реалноста каква е. А бидејќи форумот го креираат членовите....:rolleyes:
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јас само кажав реалноста каква е. А бидејќи форумот го креираат членовите....:rolleyes:
А ти си модератор на форумот а истовремено и дел од членовите. (nod)
едит Mila Kunis зошто се избришани моето и мислењето на Arkantos од темава,во денешната дискусија со тебе?
Беа офф топик или те испровоцираа?
Не дека ке пропадне светот за неколку постови,но до кога ке си ги прикриваш твоите грешки на тој начин?:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
СДК дека сум премногу изреволтирана од одредени членови на форумов, не се ни свесни колку индиректно ме повредија мене, што за чудо не предизвика во мене ништо друго освен револт и изопачување во буквална смисла на сликата која ја имав за нив.Како е можно некој да е толку желен за внимание, што би направил се и би се лижел секаде од најгорните кругови па се до најновите членови само за да добива поддршка во своите злобни намери.А од друга страна па и не е толку чудно, кога сите веќе ќе те научат каков си и никој нема да ти обраќа внимание ќе мора да бараш нови жртви.Друго, која памет ејј, колку се восхитувам на некои лицемерни личности кои успеваат да ги вртат околу малиот прст тие околу нив, со милозвучни муабети да ги натераат да се колнат во нив.А од друга страна пак овие "вртените" се толку глупи што едноставно не можат да функционираат сами па им треба некој повисок механизам да ги придвижува всушност нечија изопачена интелект да ги води нивните плитки умови.
Желбата за доминација е многу изразена тука на форумов, буквално има членови кои упаѓаат во тема само за да направат раздор или упаѓаат со некои глупи препрашувања околу мислењата на другитре членови, наместо самите да се изнесат да ги видиме како размислуваат.Знаат само зелени да се прават и да препрашуваат"A вистина така?", "E зошто така? "...ма иди беги бе, научи да размислуваш па јавувај се тогаш, барем на ниво дискусија отварај.
И просто не можам да се изначудам на злобата и зависта кај членовите, очигледно е дека на форумов постојат искрени отворени луѓе, со големо срце, секогаш насмеани, да се нашалат, да не насмеат...но очигледно тоа им смета на оние кои одамна изгубиле внимание на форумов па ги оддржуваат само 1-3 члена со нив, и ајде удри по нив, не бирај начин да ги понижиш и да ги навредиш, ама всушност не се свесни дека со тоа само си го покажуваат се' повеќе и повеќе своето вистинско лице.
Никој на форумов не може да изигрува Бог и да брка нови членови со своите малтретирања и неартикулирани однесувања на форумов, ако си имаш мака никој не ти е крив да те трпи, прво олади се па најави се!
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Така е, не реков дека 100% од членовите се сеирџии , туку само неколкумина кои сите знаеме кои се:zelen
Ти го нарече форумот сеирџијски,не рече дека одредени членови се сеирџии.(nod)
Пред се,сериџиски форум,каде што некој небитен човек се замара со туѓиот живот на оној другиот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and cakar_ulav
Статус
Затворена за нови мислења.