Сакам да кажам/прашам (2 дел)

Статус
Затворена за нови мислења.

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Денот на Тоше Проески
-ќе издвојам неколку негови мисли кои би сакала да ги споделам со вас-
1. Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.
2. Човекот треба да биде инспириран, и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.
3. Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.
4. Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.
5. Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.
6. Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.
7. Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.
8. Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.
9. Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.
10. Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.
11. За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.
12. Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено - исто како во војната.
13. Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.
14. Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.
15. За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!
image030.jpg


16. Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Фуј, денови ли се денови...не се!
Се шалам бе, убаво ми е. Од сè по нешто се наоѓа, си врти кругот. За арно нека е. :sreken

Туку, веќе претпоставувате оти сум тука, не?
Озбилно, муабетов е клише и го има во ист број колку што ги има и честитките, ама најозбилно...како може бе да се посака среќен роденден на мртов човек? Па џе си иронијо? :frantic
Подосаден од пристрасен фан, е „фан“ од мода на клучни датуми.
Одете запалете му свеќа, уживајте во песните, па и пуштете некоја солза, не туку честитајте му роденден со негови, сопствени песни. Иако во многу наврати сум спомнала дека не сум некој обожавател, Тошката беше злато од човек и заслужува барем искрена почит, a не "Srecen rodenen angeluuuu najpojce!" :nah
А ди је печат...овај...логика?
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Во годината има неколку денови кои сакам да ги преспијам и да се поштедам од глупости и дволичност. Денешниов, е еден од тие, ама баш денес сите некако се сеќаваат дека постојам и се обидуваат да ме замараат.
Само ќе прашам: WHY ME??? :place Во меѓувреме ќе си ја слушам песнава и ќе си играм низ дома:igra :
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Оди на фб, гарант ја споделиле барем 2-3 кај тебе. Кај мене до сега 10-тина ја имаат ставено. :zelen
До тогаш немав отворено фб и немав видено.
А што има врска дали сите ја закачуваат или не.
Ако една ,,Ја викале,, заслужуваше да биде на сечиј зид со денови,зошто да ја нема и песната на Тоше посебно на овој ден на сечиј зид?
Зарем и тоа ни смета и ни е досадно?Можеби некој сака на тој начин да изрази почит кон него.
Цел свет ги запазува своите вредни личности од нивниот заборав.
За жал ете и ние го изгубивме највредното.
 
Статус
Затворена за нови мислења.