Борко се радуваше што во осмина-финале ќе сме играле против Германија.
Искрено Борко беше најдобар на денешнава утакмица беше одличен на својата должност било од кога и да е. Браво за него.
Алушевски врати се ни фали крило !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Алушевски е добро да го имавме на ова првенство може не како играч, но секогаш го советуваше Манасков му беше прв тренер, тоа го знам од Европското во Србија, секој тајм аут секој прекин, Алушевски го советуваше Манасков кој е многу залужен за неговиот напредок ако може да се рече, а добро ќе беше и да влезе во игра сигурно дека ќе дадеше голови во клучни моменти.
Инаку, ако се навратите наназад, нашите пред да тргнат и не беа со толку големи очекувања, како што и рекоа предходно дека ќе гледат да ги победат Катар и Чиле, а за останатите ќе видат - така и беше. Целта е остварена од нивна страна одиграа само за да ја поминат групната фаза, а до душа ние секогаш сме оделе на таа цел, па тоа не се случува само во ракометот туку и со кошарката, па понатаму како ќе ни се погоди денот или среќата, се што ќе избориме повеќе е плус.
Ова првенство заврши за нас, може слободно сите да плукате по нив, но не заборавајте до сега што се имат сторено за репрезентацијата. Јас повеќе се сеќирам за тоа каков катастрофален период во наредните години не очекува до дека се оформи нова репрезентација, ова се веќе последните блескави моменти на Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, Ангелов, Борко... што правиме понатаму кој ќе ги замени?! Немаме ни соодветни кадри за тренерска позиција, освен Червар но тој ќе си остане на кормилото на Металург и е скоро пред пензија тој беше виновен за напредокот на Мојсовски, Миркуловски, Марковски, Јоновски е токму тој направи најголемиот прогрес на сите овие играчи кои го имаа од кога дојде тој на кормилото на Металург, а ние не му даваме да ја води репрезентацијата, епа тоа е.
Според мене наредните 20 години во ракометот ќе бидат катастрофални, не се надевам ниту на пласман на некое Светско или Европско, и тогаш ќе видите дека овој пласман е бил многу добар.