По „дифолт“ се очекуваше Франција денес да ја победи Германија. Со тоа, Франција ќе беше прва, и ние ќе требаше да сме трети, за да избегнеме соочување со нив, и да играме со вториот - Германија по тоа сценарио. Во тој случај, ќе игравме исклучително на победа.
Но, Германија на крајот славеше, 32-30, и со тоа Германија е прва. Тоа значи дека доколку изгубиме, ќе играме против нив, а доколку победиме, против Франција. Работата е што многумина, па и дел од ракометарите, сакаат да избегнеме соочување со Франција. По таа логика, денес би требало да изгубиме.