Светско првенство за мажи 2013 Шпанија

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Шведска не се!!!!:placeKim Andersson:place

А овие нашиве особено на Металург поставата шо игра у репрезентација супер се, се надевам ќе постигнат некаков резултат но не ми се допаѓа Шундовски како тренер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and Рушен

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Шведска не се!!!!:placeKim Andersson:place

А овие нашиве особено на Металург поставата шо игра у репрезентација супер се, се надевам ќе постигнат некаков резултат но не ми се допаѓа Шундовски како тренер.
Мислиш Кире Лазаров како тренер, пошто само Кире збори.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Групава од една страна е тешка, од друга страна е средна по тежина, сега како ќе се снајдат нашиве да го искористат тоа. Данска лани не победи одлично, играа пожртвувано и до последните секунди, покажаа како се игра. Нашите самите се криви што не научија да играат цврсто и во одбрана и во напад до последната секунда. Надаваат 5-6 гола и се опуштат, падне и одбрана и напад. Имаме добра репрезентација и имаме шанси за добар пласман. Против Чиле и Катар се очекува победа, Исланд, Русија и Данска ќе биде многу тешко и ќе видим како ќе испадне. Група Ц според мене најлесна. Доколку сме биле во неа, освен Србија и донекаде Словенија од другите не би имале проблем да ги тепаме. Им посакувам се најдобро на нашите и што подобар пласман да остварат, а наше е само да навиваме и да ги бодриме пред малите или големи тв екрани. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Море нервиве веќе ми шетаат, и не ми се чека уште 2 часа да ги гледам нашите...
Аман веќе, нека почнат! -.-
И не ми е гајле кој треба за кого да игра, кој да дава најмногу голови, кој зборува/молчи и кој ни е тренер, сакам МАКЕДОНИЈА како репрезентација на ова првенство да го потврди она што го постигна лани...
И да, Данците ни должат многу од лани! :gjavol
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Рушен

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Групата е лесна бре. Чиле, Катар ги тепаме и Русија ќе ја тепаме, ама со Исланд и Данска ќе ни биде малце потешко. Само едно сакам да и покажеме на Данска, да ја содробиме.

Не сум песимист, но и на Олимпијада ќе отидевме, се ќе испотепавме неможеше никој да не запре, ах....
Чекајте малку, уште не почнале ние одма шампиони сме и уште пред да тргнат секогаш ги префорсираме и сакаме да бидеме први. Прво рипни после кажи оп, јас се надевам дека ќе ја поминеме групата, но не е како што вие замислувате пичкин дим.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Само за мажи? Не смеам да гледам? :place
Малку да го смените насловот, енибади?

Инаку луѓенца, не се тешете, никој ништо не ни должи, сами себе си должиме посолидна и посложна игра. Јес да имаше неправди, секогаш и ги имало, ама ако играме добро, ќе немаме мака од ништо.
Нашиот проблем е што штом поведеме со +3/4 разлика, се опуштаме ко демек завршена е играта, па после кога ќе не стегнат, ни излегува душата низ шупче. Исто и секогаш не фаќаат на финтата што едно полувреме ни попуштаат дури да ни излезе силата, за после одморни да нападнат и да не сјебат. Јас сфаќам дека Лазаров како капитен го чувствува најголемиот притисок, но треба малку да пушти душа и да додава, а не да шутира макар било и пробивање, од пола сала или невозможен агол.
Ај, доста јадев сега (шуќур ми текна), со среќа нек им е на момците, знам дека можат многу да постигнат ако се потрудат. (inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and slb_bobo

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Ајде утре 20 минути и ќе почнат.
Едвај чекам, мене уште од сега ме фаќа еуфорија.
За кого?
За Македонија.
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nighty

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ако и сега се направи истата грешка и се чека само на Кире Лазаров да гаѓа ластовици,маф ни е работата. Треба да се играат крилата,на европското скоро ич не се играа,а беа многу ефективни. И новото крило,младиот Виктор е исто одличен реализатор и ќе биде глупост ако не му се даде поголема можност. Освен тоа треба да се тргне товарот од Миркуловски,кој којзнае колку повреди претрпе на европското.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims