Е, ова ми е еден досаден, неделен ден, во кој, за живо чудо, се вклучив на социјалноно лајно, нели, да видам во меѓувреме колку мажи ми пишале дека сум неодолива и да избројам колку срценца оставиле пропратно.
Оп-стоп, тој што ставил највеќе, најмногу ме сака. Релевантен доказ!
И сеа ко последица, ќе мрчам за obvious stuff ко попалена тинејџерка на која младичот и’ оставил два пољупци помалку отколку таа нему. Има нешто што не знам или? Мислам, не ми е ново молење за лајк, не ми е ново означување дека трите пуфлиња биле во средната кабина во ВЦ-то на кафиќот, ниту 300 слики од новороденото бебе...ама да си ја сликаш елката со тетрис и да ги тагнеш сите можни за да ја коментираат, ми е сосема нова еволуција во...не знам, нема(м) соодветен термин уште.
Не е ни битно.
А, да, слушам модата било да се изиграва хардкор контраш. Нели, ако се контраме, посебни сме.
А не дека нешто имам право да мрчам, ама имајте на ум дека едно е контрање со основа, издржно, објективно и поради разлики во ставови, а сосема друго е да се започне расправија поради лична нетолеранција, за да се предизвика мерење ташак кој ќе се избаци со појак комбек за после да го величаат сопартијците.
И? Бранко ли е крив?
Ни тоа не е битно.
Ај, повелете на торта и домашно винце.