Ќе оставам неколку прашања и сакам некој верник да ми ги одговори..
1. Зошто после операција се заблагодарувате на господ што ве спасил а потоа се заблагодарувате на докторт? ако тој бог бил толку добар нели вие немаше да бидите таму зашто немаше да сте болни?
2. зошто во библијата се спомнати сите животни и човекот како креации на бог а не се спомнати диносаурусите за кои очигледно постојат научни докази дека постоеле? дали тоа се должи на фактот дека луѓето кои ја пишувале библијата не знаеле дека некогаш постоеле диносауруси, не знаел тој што се претставувал како бог што докажува дека религијата е измислена?
3. Дали ја знаете бројкаат на војни посебно на жртви на труењето на религијата а да не го спомнувам технолошкото заостанување поради таа религија?
сакам јасен и гласен одговор на прашањата !!!!
Јас ќе се пробам да ти одговорам
1. Ова не толку закоравените верници поинаку го дефинираат. Имено, тие се молат Бог да ја води раката од докторот, односно докторот да е воден од таа Божја сила кога е опериран. Значи тие мислат дека Бог се канализира преку докторот.
2. Факт е дека старите луѓе не знаеле за диносаурусите. Ама верниците не ги негираат нив. Тие сметаат дека не ги задоволувале потребите за живот тука, па затоа биле отстранети.
3. Представници на религијата го запалиле Коперник кога открил дека сонцето е центар околу кој што се вртат планетите. Истите тие го убиле и Џордано Бруно, кој кажал дека земјата се врти околу сонцето.
Сега ти види
И ова го заборавив вчера
`адам и ева згрешија потоа и нивните деца се родија грешни и нивните внуци и нивнинте правнуци и нивните пра пра...пра внуци`
Зашто Бог кажа дека сите згрешија и се лишени од Божјата слава тоа значи дека сите се грешни и нема таков кој не направил никакво зло (едно бебе можеби не направило никакво зло но тоа бебе го има гревот од своите родители)!!!!
Прва работа, Адам не згрешил, Ева згрешила, get your facts straight.
Прв парадокс, Бог не учи дека треба да проштеваме на непријателот, а тој не можел да и прости на Ева, и ја прогонил од рајот. Која е логиката ние обичните смртници да проштеваме, кога во самата библија имаш пример како заради грешка, луѓето се протерани.
Значи по твојава логика, сите сме родени во минус(грешни), си го носиме гревот уште од бебиња, и треба цел живот да се молиме да се прочистиме? Извини, али јас сум чиста пред самата себеси, никогаш никому не сум наштетила и тоа ми е доволно. Нема што да се правдам јас дека сум дошла на овој свет, затоа што ако не сум дошла јас, и секој нормален човек, човечката раса немало да опстои.
Твоите родители ако немале односи, ти немало да постоиш!!!
И пошто еве те интересира библијата, објасни ми зошто Адам и Ева во библијата имаат папок? Нели папокот е белег каде што стоела папочната врвца...
Како се размножиле децата на Адам и Ева. Прва работа тоа биле браќа и сестри, значи феил 1. Второ биле 2ца машки, Каин и Авел, феил 2. Каин бај д веј исто така згрешил, и и него не му се простило, бил протеран од рајот, сам да талка.
И ти што преповедаш безгрешност и следење кон Бога... Планираш ли да имаш деца, или ќе чекаш Светиот дух да те оплоди? Имаш ли односи? Ако ми речеш да, сета теорија маф ти е.