Атеизам (генерална дискусија)

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Ќе оставам неколку прашања и сакам некој верник да ми ги одговори..
1. Зошто после операција се заблагодарувате на господ што ве спасил а потоа се заблагодарувате на докторт? ако тој бог бил толку добар нели вие немаше да бидите таму зашто немаше да сте болни?
2. зошто во библијата се спомнати сите животни и човекот како креации на бог а не се спомнати диносаурусите за кои очигледно постојат научни докази дека постоеле? дали тоа се должи на фактот дека луѓето кои ја пишувале библијата не знаеле дека некогаш постоеле диносауруси, не знаел тој што се претставувал како бог што докажува дека религијата е измислена?
3. Дали ја знаете бројкаат на војни посебно на жртви на труењето на религијата а да не го спомнувам технолошкото заостанување поради таа религија?

сакам јасен и гласен одговор на прашањата !!!!

Јас ќе се пробам да ти одговорам:)
1. Ова не толку закоравените верници поинаку го дефинираат. Имено, тие се молат Бог да ја води раката од докторот, односно докторот да е воден од таа Божја сила кога е опериран. Значи тие мислат дека Бог се канализира преку докторот.
2. Факт е дека старите луѓе не знаеле за диносаурусите. Ама верниците не ги негираат нив. Тие сметаат дека не ги задоволувале потребите за живот тука, па затоа биле отстранети.
3. Представници на религијата го запалиле Коперник кога открил дека сонцето е центар околу кој што се вртат планетите. Истите тие го убиле и Џордано Бруно, кој кажал дека земјата се врти околу сонцето.
Сега ти види:)
И ова го заборавив вчера
`адам и ева згрешија потоа и нивните деца се родија грешни и нивните внуци и нивнинте правнуци и нивните пра пра...пра внуци`
Зашто Бог кажа дека сите згрешија и се лишени од Божјата слава тоа значи дека сите се грешни и нема таков кој не направил никакво зло (едно бебе можеби не направило никакво зло но тоа бебе го има гревот од своите родители)!!!!

Прва работа, Адам не згрешил, Ева згрешила, get your facts straight.
Прв парадокс, Бог не учи дека треба да проштеваме на непријателот, а тој не можел да и прости на Ева, и ја прогонил од рајот. Која е логиката ние обичните смртници да проштеваме, кога во самата библија имаш пример како заради грешка, луѓето се протерани.

Значи по твојава логика, сите сме родени во минус(грешни), си го носиме гревот уште од бебиња, и треба цел живот да се молиме да се прочистиме? Извини, али јас сум чиста пред самата себеси, никогаш никому не сум наштетила и тоа ми е доволно. Нема што да се правдам јас дека сум дошла на овој свет, затоа што ако не сум дошла јас, и секој нормален човек, човечката раса немало да опстои.

Твоите родители ако немале односи, ти немало да постоиш!!!

И пошто еве те интересира библијата, објасни ми зошто Адам и Ева во библијата имаат папок? Нели папокот е белег каде што стоела папочната врвца...
Како се размножиле децата на Адам и Ева. Прва работа тоа биле браќа и сестри, значи феил 1. Второ биле 2ца машки, Каин и Авел, феил 2. Каин бај д веј исто така згрешил, и и него не му се простило, бил протеран од рајот, сам да талка.

И ти што преповедаш безгрешност и следење кон Бога... Планираш ли да имаш деца, или ќе чекаш Светиот дух да те оплоди? Имаш ли односи? Ако ми речеш да, сета теорија маф ти е.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Епа никогаш не го знаеме Божјот план тој знае што е најусправно бидејки ако тоше уме на 26 години Богнаправил така бидејки знаел дека е најдобро така но им дава време на тие криминалците луѓе кои се 1024 пати полоши од него Бог исто така има причина за тоа која ние не ја знаеме.А ти,...ке го видеш Бог..да..но ке биде предоцна..на судниот ден!!!!

WAO! Просветли ме, молам ти се. Изгледа имаме Божји ангел на форумот, деца пазете се од гревови овде. Не за друго, ќе го видете Бог. А уште подобро ќе биде да си се опуштете со билка, па нема да ви биде криво и Бог да го видете ;)

Wiiiiiiiiiiiiiiii I can't wait (happy)

Me too! :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
ЗАШТО СИТЕ ЗГРЕШИЈА И СЕ ЛИШЕНИ ОД БОЖЈАТА СЛАВА.стих од библијата
можеби не пишува дека е наследна болест но како ке дефинираш `адам и ева згрешија потоа и нивните деца се родија грешни и нивните внуци и нивнинте правнуци и нивните пра пра...пра внуци`???Докторите ја лекуваат физичката болест на пациентите а Бог психичката.Доктор не може да лекува скршено срцено Бог,даЗашто Бог кажа дека сите згрешија и се лишени од Божјата слава тоа значи дека сите се грешни и нема таков кој не направил никакво зло (едно бебе можеби не направило никакво зло но тоа бебе го има гревот од своите родители)!!!!

Тоа бебе го има гревот од своите родители само поради тоа што така пишува во Библијата? А ако пишува во Библијата да се фрлеш од најблиската брана, ќе се фрлеш?
И едно нешто: Не лекува Бог скршено срце, туку ти самиот се „лекуваш’’.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Long story short, сакате да ми кажете дека ќе одам рајот ако тресам зелени во тема наменета за Атеизам? (think)
Оти нели, во слободно време Господ обожава да чита како го величаат по форуми, па така врши селекција кого каде ќе прати.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Постои само еден научник во историјата кој беше наречен „икона на атеизмот“ и „шампион на атеизмот“- доктор Ентони Флу. Пред бројните камери овој доктор изјавил „Ја свикав оваа конференција да ве известам дека станав религиозен. Под притисок на јасни и недвосмислени научни факти морав да прифатам дека Бог постои“.
Хахаха, денеска баш го прочитав ова (bravo) и морав да ви го пренесам. Ме интересира вашето мислење за ова, божји чеда (атеисти и теисти) ! ;)
http://denesen.mk/web/2012/11/29/najgolemiot-svetski-ateist-priznavam-postoi-bog/
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Јас ќе се пробам да ти одговорам:)
1. Ова не толку закоравените верници поинаку го дефинираат. Имено, тие се молат Бог да ја води раката од докторот, односно докторот да е воден од таа Божја сила кога е опериран. Значи тие мислат дека Бог се канализира преку докторот.
2. Факт е дека старите луѓе не знаеле за диносаурусите. Ама верниците не ги негираат нив. Тие сметаат дека не ги задоволувале потребите за живот тука, па затоа биле отстранети.
3. Представници на религијата го запалиле Коперник кога открил дека сонцето е центар околу кој што се вртат планетите. Истите тие го убиле и Џордано Бруно, кој кажал дека земјата се врти околу сонцето.
Сега ти види:)
праша њето ми е : зошто бог воопшто се малтретира да се канализира преку раката на докторот, зошто воопшто неја излечи таа болест насекаде и таа болест воопшто да не постои ?
2. тука прашањето е зошто воопшто не се спомнати во библијата.. Зошто во настанокот на свето, тогаш кога бог во седум дена кога си создавал мориња и реки и кокошки и петли и луѓе ,зошто не спомнал дека создал и диносауруси за кои сепак згрешил и потоа ги уништил, што отвара нова теорија дека бог згрешил и тоа го прави грешник како сите луѓе а не некое вишо суштество над сите нас.
3.Религијата убила многу луѓе зашто се плаши дека луѓето ке ја дознаат вистината и ке ја загуби контролата ...
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Епа никогаш не го знаеме Божјот план тој знае што е најусправно бидејки ако тоше уме на 26 години Богнаправил така бидејки знаел дека е најдобро така но им дава време на тие криминалците луѓе кои се 1024 пати полоши од него Бог исто така има причина за тоа која ние не ја знаеме.А ти,...ке го видеш Бог..да..но ке биде предоцна..на судниот ден!!!!

Суден ден?А Зошто толку ја тупете тоа со судниот ден?Што ке се случи тогаш?Господ ке се симне?Еј еве го иде.
И тој ден ке биде како останатите.
И сите ке се смееме на тие што упорно го тврдea тоа.
Ке застанам на некоја карпа и ке го чекам крајот на светот.Ке помине и ке продолжиме да се договараме за Нова Година.
А на тв ке изјават само дека било уште една ново погрешно толкување и ке го најават за следна година.E тоа ке се случи драги мои.
Што го мешате Тоше?оставете го на раат да си почива ччовекот.
И да...Ако веке постои тој Бог зошто дозволува сиромаштија,убиства војни?
Дајте ми доказ дека постои,доказ... Нема нели?Или библиите и поповите ви ги испрале мозоците?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Колку шо праев муабет со еден тип, ми вика дека бог не создал и не контролира, се што мислиме, правиме итн. Па значи тој сака да не верувам во него, значи да мислам дека не постои. End of story.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Колку шо праев муабет со еден тип, ми вика дека бог не создал и не контролира, се што мислиме, правиме итн. Па значи тој сака да не верувам во него, значи да мислам дека не постои. End of story.

Остај тоа,пред некој ден на брат ми поточно вчера мислам беше му приога еден во кафич и му вели ти си полн со енергија син на Господ си (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Остај тоа,пред некој ден на брат ми поточно вчера мислам беше му приога еден во кафич и му вели ти си полн со енергија син на Господ си (facepalm)

pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
pos.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест