Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Денес после работа, најнормално си одам на кафе во кафичот во кој одам веќе 3 години редовно.Има една келнерка, која работи тука скоро 3 години.20 години има.Девојката е премногу фина и за жал премногу убава.Културна, прибрана девојка.Девојка за пример.Премногу скромна, доаѓа од семејство кое е сиромашно и оваа работа и единствена опција.Зема дневница од 500 денари, а за да стигне до дома со автобуси потребни и се 150 денари.Јадење си носи од дома за да ги заштеди тие малку пари што ги има.
Многу пати ми дава пита што правела мајка и зашто знае дека ништо не јадам.
Секогаш кога ќе дојдам однапред знае што ќе пијам, во зависност во кое време ќе дојдам.Секогаш е насмеана и ведра, па дури и кога не сум расположен ќе ме натера да се насмеам.
Ми го носи кафето заедно со пијалокот.За разлика од другите денови, денес не ме поздрави и не се насмеа.Само дојде ми остави нарачката, тивко повелете слушнав и ја снема.
Знам дека не беше својствено за нејзе.
Повторно кренав рака и ја викнав да дојде.Шминката на очите и беше размачкана.Ја прашав што и се случува.Седна и почна да плаче како малечко детенце.
Сопственикот на локалот бидејќи нема толку голем промет во зимен период, особено затоа што веќе никој не седи надвор а внатре не се пуши, ја тера работничката да се облекува провокативно, и да кокетира со муштериите за да има промет.До тој степен да и каже дека и некој ако ја фати за гз да не го сфаќа тоа толку сериозно.Девојкава е потресена максимално.Не сака да го прави тоа што тој и го наредува, ама па и не сака да си ја загуби работата.
Ми кажа дека на секое доаѓање на муштерија во кафичот она се плаши да не биде фатена за гз или било што.

Муабетот ми беше, факт е дека газдата е копиле.Дали он има чуство за бизнис.
Дали он знае дека јас овие месеци работам во минус па не ги терам вработените со куровите на улица да мафтаат за да имаме работа?
Дали во него постои мала човечност за тоа што тој се труди да го прави? Дали убаво ќе биде некој неговата жена да ја фаќа за гз, или неговата ќерка која е бруцош на елитен факултет?
Дали ќерка му видела нешто помалку од секоја недела саати од божиновски, секоја недела маникири, педикири, сауни, афродити, зевсови и слично?
На грбот на кутра работничка која би требало да си го продаде телото за да неговата ќерка има саат од божиновски.

Па така би ве замолил, бидејќи јас немам доволно големи познанства со сопственици на угостителски локали, доколку слушнете/видите дека бараат девојка за работа би сакал да ме известите по порака или на мобилен телефон, кој може да го добиете доколку го побарате, исто така во приватна порака.
Повикот ќе биде на моја сметка, исто така и частењето за новата работа на девојката.
Јас веќе најдов некои огласи, ама поубаво би било доколку идеме со препорака, со тоа што претходно ќе знаеме каков е газдата на локалот.А уште поубаво ако сопственикот е женско.


Фала на читањето, ако некој прочита.

Секое добро,

Шмекси.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Си ги изброја овчичките? :D

Сеа ќе ти кажам како ќе заспиеш побрзо. Пушти си некоја игра која ќе те замара и тоа многу. Нешто со барање скриени предмети, разлики и сл. За пола саат ќе заспиеш:)
Fala na idejata, od preska si imam pusteno nekoi baladi, no slabo pomagaat za zaspivanje. Ajde koa togas ke zaspijam, a ne e loso da si napisam eseite po makedonski. :D
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Уште 2 кила туба винце и едно 5000 exp. башка ако одеш на raid-oви, ќе си збереш и добри item-чиња. :p
ICC 10 Heroic :D
Sarah јас колку и да пијам кафе (било какво) ќе си спијам ко бебенце :D
во рок од 3 саати испив 3 макијата .. и сеа ми се спие за сите пари, и одам да си легнам :D
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Па така би ве замолил, бидејќи јас немам доволно големи познанства со сопственици на угостителски локали, доколку слушнете/видите дека бараат девојка за работа би сакал да ме известите по порака или на мобилен телефон, кој може да го добиете доколку го побарате, исто така во приватна порака.
Повикот ќе биде на моја сметка, исто така и частењето за новата работа на девојката.
Јас веќе најдов некои огласи, ама поубаво би било доколку идеме со препорака, со тоа што претходно ќе знаеме каков е газдата на локалот.А уште поубаво ако сопственикот е женско.


Фала на читањето, ако некој прочита.

Секое добро,

Шмекси.


Го прочитав цел текст, и искрено ме погоди и мене и ми е многу жал за девојчево, а има многу работа за тоа ич да не му се секира ќе се снајде, а од Скопје ли е?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Го прочитав цел текст, и искрено ме погоди и мене и ми е многу жал за девојчево, а има многу работа за тоа ич да не му се секира ќе се снајде, а од Скопје ли е?

Благодарам на одзивот.Да од Скопје е, само што би било убаво доколку некој од вас лично го знае сопственикот на локалот, или пак имал претходно работно искуство.
Целата работа е што немаме простор за манипулирање со повеќе работи, јес да јас и се понудив да и помогнам материјално таа одби и рече да не се трудам да ја понижувам.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Благодарам на одзивот.Да од Скопје е, само што би било убаво доколку некој од вас лично го знае сопственикот на локалот, или пак имал претходно работно искуство.
Целата работа е што немаме простор за манипулирање со повеќе работи, јес да јас и се понудив да и помогнам материјално таа одби и рече да не се трудам да ја понижувам.


Алал да и е на самодовербата и самопочитта спрема себе, и размислувањата што ги има е голема реткост. Не сум од Скопје брат, и не познавам некој газда на локал од таа страна неможам да помогнам, ама има многу огласи јас како што гледам дури може да си најде и подобро платена работа, гледај да си најде нешто што и е блиско за да не плаќа многу превоз, ако можеш да и помогнеш околу новата работа каде ќе биде да речеме сигурна свака ти част и те частам дека навистина ми е многу жал за вакви случаеви
 
Статус
Затворена за нови мислења.