Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ми скурчија стварно турскиве и индискиве лепешки. Искрено, ми фали некоја шлакната и лигава шпанска сапуница, барем да верувам во убави приказни. Би рекла среќни краеви, ама мајчиниве ставаат крај веднаш штом Есмералда се омажи за Родриго и евентуално е бремена или роди дете...понатака никој не гарантира дека остареле среќни. А и онака, барем подраматично е паѓањето на Касандра по скали, отколку истурањето ориз од страна на Ананди, пропратено со највеча хорор музика свих времена, чиниш апокалипса стиже.
Мех...напорен, но преубав ден. Ај добра ноќ. (yawn)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
СДК...Патетичноста на денов започна со будењето од страна на мојот жив аларм кој како и секој друг ден ме буди барем 1 час порано од предвиденото. Фактот што се разбудив тотално потресено и фактот што 1 час по бруталното будење не знаев се уште дали сум во сон или јаве, не го натера мојот будилник да ме поштеди од живот спасувачката низа прашања од типот: Што ќе се напиеш? Млекце?.(.Не).. А Чајче?...(Не).... А Млекце?...(Не)...А Чајче?...(Не)...А Млекце?..(Не)...А Чајче? За на крај да го изустам очекуваниот одговор кој наведуваше на согласност. Немајќи избор морав да ја отворам скриптата и да го доучам она за што претходниот ден немав време бидејќи бев презафатена со булење во ТВ, лап топ, слики, рамки од слики, па и мртви точки по површината на темно кафените ѕидови во областа на дневната соба, трпезаријата и мал дел од кујната. Првата половина од денот поминуваше со брзина на светлината. Буквално. Додека научив 3-4 страни дошло 15часот. Првин почнав да се сомневам во состојбата на малиот, средниот или големиот мозок, но последователното ќивање, потеченоста на очите , малата болка во грлото што дури тогаш почна да се приметува и надуеноста на мојата глава ме насочија кон тоа да заклучам дека се работи за ништо друго туку за есенскиот грип кој да чукнам во дрво до сега ме нема прескокнато. Врв на се беше информацијата дека колоквиумот за кој се спремав викендов и за кој сабајле маки мачев со тие неколку последни страници е одложен. Колку убаво. Кога се опуштив од притисокот на утрешниот колоквиум , се препуштив на убавините што ги носи оваа настинка. Колку има вистина во тоа дека секој почеток е најубав, чешањето на носот, насолзавените очи, ултра модерниот глас кој звучи толку симфонично како резултат на затнатите носни канали, студот кој ми покажа како се чувствуваат луѓето на Северниот Пол, и се разбира вкусот од најновата линија на Фервекс напитоците. Полека се стемнува а јас се уште се наоѓам во истата позиција како и пред 1,2, 3 и повеќе часови. Одвереме навреме ќе помине некој од членовите на семејството да ме потсети дека оваа настинка е резултат на моето бањање пред изглегување а при тоа невозможно е според истражувањата што ги направиле, да влијаеле други фактори како на пример тоа што е период на грипови, надвор е студено, блиски личности кои ме заразиле и слично. Тоа што денес е ден кој е еден од оние кога се чувствувам како камион да ме прегазил неколку пати, а потоа ме фрлиле надвор во вселена за да видат што ќе се случи со прегазените делови е толку непродуктивно самосожалувачко чувство, што ми прави да почнам сериозно да размислувам за астрална проекција. Некој ќе рече “боже мили еден ден и е вака и одма ајде книга напиши за тоа дека се чувствуваш down“, и тоа би било нормална реакција на некој што не ме познава и некој што не знае дека јас никогаш не сум физички и емотивно down во еден ист ден. А сега еве ме тука, косата ми е во Х, лицето како тава да ме треснала, нозете парализирани поради тоа што не функционираа во последните неколку часа и мисли кои ми работаат за уште само 13 напишани зборови: Како да се префрлам од овој кревет до мојот кревет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
304315_487292907977713_1370186985_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and alba

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК има вечери во годината кога постелата е против тебе. Тамам си дремнал и гледаш дека ќебето изиграва питон и се сплеткало околу тебе и не можеш да мрднеш. Перницата почнала да сонува дека е шејпшифтер и ги менува најнеугодните форми за твојот врат. Пижамите ништо покусо, што се спријателило со питонот, што пробува да се соблече од тебе...абе катастрофа. Спиј ако можеш.|-(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
Ми скурчија стварно турскиве и индискиве лепешки. Искрено, ми фали некоја шлакната и лигава шпанска сапуница, барем да верувам во убави приказни. Би рекла среќни краеви, ама мајчиниве ставаат крај веднаш штом Есмералда се омажи за Родриго и евентуално е бремена или роди дете...понатака никој не гарантира дека остареле среќни. А и онака, барем подраматично е паѓањето на Касандра по скали, отколку истурањето ориз од страна на Ананди, пропратено со највеча хорор музика свих времена, чиниш апокалипса стиже.
Мех...напорен, но преубав ден. Ај добра ноќ. (yawn)
Езел беше одлична серија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
СДК има вечери во годината кога постелата е против тебе. Тамам си дремнал и гледаш дека ќебето изиграва питон и се сплеткало околу тебе и не можеш да мрднеш. Перницата почнала да сонува дека е шејпшифтер и ги менува најнеугодните форми за твојот врат. Пижамите ништо покусо, што се спријателило со питонот, што пробува да се соблече од тебе...абе катастрофа. Спиј ако можеш.|-(
...aaaand in those nights you drink more than 4 cups with double dose of nescafe. What an interesting night. ^_^
 
Статус
Затворена за нови мислења.