Сакам да кажам/прашам (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
и мене ме мава дремка од сабајле, никако ни јас да отворам очи ... вака ретко ми се дешава, гледам и emzzy се жали ... изгледа до денот е :nerd
Изгледа.
Надвор ко 6 сабајле да е, тмурно в крај упм, само за спиење
Сепак бегам по судови, банки, работи ти реков-ми рече :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and Kitty

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
СДК дека на Реми не можете да и ја определите божествената природа, бидејќи не можете да и поставите некакви граници.
Пријатно нарцисоидно попладне, I'm back :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
СДК дека на Реми не можете да и ја определите божествената природа, бидејќи не можете да и поставите некакви граници.
Пријатно нарцисоидно попладне, I'm back :)
Оооо,таман бевме се запустиле,и доста ни правиш веке топло ладно ебаго,имај усул. (wasntme)
Каква и да си,дојди,не колебај се при облекувањето...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Одамна немам влезено на форумов :D:D, да видам што и како е:D. Гледам добри сте тоа е битно :D. Малку опадната активност ама такво е времето :D:D:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Фуј, мина и денов.
Онака, многу подобро од очекуваното.
Полека си ги добивам битките во животот, по заслуга. Од денешнава се плашев искрено, толку многу средби со непожелни лица, лица кои ми се толку блиски, а крвнички настроени. Чиниш бевме чопор волци кои се разделиле, па сега се борат меѓусебно за парче месо. Ако, не им се плашам, затоа и ја добив битката. Хах, грандиозно чувство кога јас, речиси тројно помала од нив, ги имав сите аргументи во ракав. Па и не биле толку страшни суднициве бе, да не се урочам.
Мислев дека не чувствувам ништо спрема татко ми. Онака, го одминував на улица ко странец. Додека денес за прв пат не му го слушнав гласот и размислувањата. Сега комотно можам да кажам дека го мразам и презирам.
За награда, си се почестив со две нови марами, штосни обетки и ланче. Нек се множат.
Така, убаво ми е на душата што ја истерувам правдата до крај, и кога излегов и си мислев дека имам уште неколку недосредени работи кои ме мачат, реалноста ме удри повторно. Седната стара, изнемоштена, испокината женичка како проси, а во кутијата имаше некои ситурии од по денар-два. Да имав повеќе од тие 40 денари во џеб, и тие чинам ќе и’ ги дадев.
Ме благослови, знам дека беше искрено. И еве уште ја мислам...
Ее, да немаш покрив и да ти зависи лебот од милостина, тоа е тешко. А, моиве проблеми се сите решливи бе. Па тоа не се ни проблеми, туку работи кои зависат од мене, од мојот мозок и реакции. Со какви работи се справуваат други...малечко душиче чии родители веројатно се разведуваат, го донеле на суд, целото липа и се тресе. Толку мало, а му донесуваат животни одлуки пред нос. Огромна благодарност имам до мајка ми поради тоа што мене нималку не ме инволвираше во тие процеси кога бев на таа возраст. Којзнае кои трауми би влечела денес.
Кога сме веќе кај малечките, сакам детенце. Секогаш овој период ја имам таа желба да си го гушкам и штипкам. (sun)
Ја, кај има сајтови за плодење, да не умрам без потомство. Сама би си го чувала. Father free. :D
Aман, се разбуди сељакот во мене. Во глава ми се увртела Милке душо и крај. Ќе си приумрам еј. :frantic
 
Статус
Затворена за нови мислења.