Не ублажувам туку кажувам од друг аспект за да свати тој што мислам дека не сватил. И искрено знам многу да се изиритирам од...да не речам сеа глупавост на несваќање, знам дека сте побистри од тоа, туку од намерното бодење. Ај сеа сите да се запнеме ко пијан за плот и да се испоколеме овде со коментари ако не? Затоа се трудам да ти го опишам нештото од друга страна или да дообјаснам за да разбереш за мојот став а не да се колеме. Си оставам јас место за критика и за грешка и за извини, има многу наврати на тоа проверете. Но ништо не иде со колење.
мила си навистина
а јас најмалку од сѐ настроена за колење
ќе бидам искрена до коска
ти завидувам, на младоста и невиноста и неискуството
и на моментите кои допрва те очекуваат
особено ти завидувам на моментот кога љубовта ќе ти ги побие сите твои вистини и кога ќе сфатиш дека секој од нас е она што е, ни помалку ни повеќе
и дека најмалку е важен терминот во кој би се сместил
ваков сексуалец, онаков сексуалец, сѐ ми е тоа дрн дрн филозофија
сите сме ние различни и поинакви и чудни и необични
но исто толку сме и исти и сосема обични
битно е да бидеш човек
сѐ друго е помалку битно
а она што сакаш да им го посочиш на другите, посочи им го преку своето делување
оти лесно е да се биде силен на зборови
тешко е да се влијае без нив
ама не е невозможно
