Лагата на убавината

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
За тие што незнаат, сапиосексуалноста е сексуална ориентација која се карактеризира со голема привлечност кон интелегенцијата во други личности. Сапиосексуален е оној кој смета дека најпривлечно нешто во една индивидуа е неговата интелегенција.

Отсекогаш сум била таква, никогаш незнаело да ме привлече надворешното кај човек, ако го нема внатрешното. Карактерот и паметот во секоја нивна битка извојувале победа и биле многу пред изгледот и прифатените стандарди за убавина. Секогаш за сограѓаните имав многу лош вкус и избор на луѓе што ми се свиѓаат, но ретко кој ја сваќаше мојата опседнатост со убавите и моќни умови. Уште како мала, обожавав друштво на постари. Се опивав од оние кои размислуваа барем малку поинаку од стегите на секојдневието и водеа анархија со закржлавеноста и старите корени кој ги имаше во изобилие. Но нејсе, друг ми беше муабетот. Не би да ви го „тупам“ премногу за да не се свати ова како величење на мојата различност.

Денес многу мисли ми започнаа со – зошто? Мисли кои тешко се решаваат, и кои уште помалку ги разбирам. Тоа во мене претставуваше голем товар и измачување. Би сакала да ви претставам дел од мојот товар :
1. Зошто убавината е толку ценета? И зошто секоја деценија носи свој нов поим за совршен изглед па сите трчаат да се сменат, одат под нож и изгледот толку многу им варира?
2. Зошто луѓето не сваќаат дека секој си има своја убавина, и дека особено треба да се работи на внатрешноста, а не надворешноста да ти цути а внатре да гниеш.
3. Зошто постои љубов на прв поглед?

Јас сум човек кој знае многу брзо да се иритира драги мои, и многу често да искритикува нешто само затоа што мисли дека тоа не е паметно и му изгледа многу просто во моментот. Јас предводам една голема анархија и „хејт“ што потекнува токму од оваа моја сапиосексуална состојба. Понекогаш дури и мразам да се социјализирам. Се околу мене ми е некако површно, лажно, а мразам „фејк“ работи. Го чувствувам цело тоа лицемерие и сите тие потсмевни маски особено кај женскиот пол, и ретко кој ме исполнува.

Но бар јас си ги знам несовршеностите и пробувам да работам на нив – зборам за внатрешните. Не се опседнувам со тоа да им се допаднам на сите, и да ги следам сите трендови и мода. Не се трудам да ги прикријам оние знаци што ме карактеризираат, на пример моите пеги, само поради наметнувањето на правилото дека чисто лице е прекрасно лице. Многу ме иритира што ако си прифатен како убав многу врати ти се отворени и си привилегиран. Мразам кога ме привилегираат мене или некој околу мене само поради фактот дека изгледа убаво или дека е привлечен, а некој заслужил многу повеќе за вложениот труд.
Ме иритираат личности со премногу комплекси и онакви кои не излегуваат во јавност додека не одвојат десет часа за да се скоцкаат напудрат и накитат. Дали драги мои воопшто знаете колку се драгоцени тие десет часа? Дали знаете колку можете да љубите, гушкате, научите, направите и придонесете во тие моменти што бесцелно ги губите? Зошто цела таа пластика на вас? Зарем не можете да се прифатите? Знаете ли дека неможете секому да сте му убави? Салони, флизерници, парфимерии, пола живот го оставивте таму. Пет часа се оптеретувате што да носите. А што ќе добиете со изгубен пола живот? Еден лајк на фејсбук повеќе? Каква сатисфакција ќе ви донесе тоа што ќе бидете наградени со автомобил само ради тоа што некому му се дигнал…адреналинот на вашиот изглед? Мене тоа сепак ми е вид спонзорство.
Дали во тие изгубени десет часа ќе ја најдете љубовта на својот живот? И уште подобро, дали тие што ве „сакаат “ таа вечер, ќе ве сакаат и утрото без грам шминка на вашето лице? Дали ќе ве познаваат доволно добро и ќе знаат да ве насмеат и исполнат вистински, или ќе им требате само за една единствена….цел?

Мислам дека моето зошто долго ќе ме мачи. Но во едно сум сигурна, неможам потполно да ја избегнам интеракцијата со луѓе што не ги сакам околу мене. Ниту пак можам да ги убедам дека не се во право, тие секогаш ќе бидат убедени во спротивното.
Па како да им докажеш дека не постои љубов на прв поглед, и дека тоа е само првенствено привлекување? Неможеш да им докажеш зошто многу незнаат ни да сакаат вистински, а љубовта на прв поглед е прифатена како волшебна па секој сака да се пофали дека ја доживеал.

Јас само сакам еднаквост и фер работи, па мојата иритација е преголема. Само се прашувам како може да ги контролирам толку добро бурите на мојата душа. Не викам да сте батал, туку да согледате дека ретко кому изгледот му донел вистинско богатство. Живејте го животот лежерно, прекрасните моменти не се оние под нож и пред огледало. Не сте сите вие манекенки и боди билдери. Неможе тоа да е професија на цела Македонија. Правете го она што вистински ве прави среќни и вдишувајте чист воздух со помалку цимент на лицето. Драги мои прегрнете то животот искрено и вистински. Тој е толку убав. Не се потребни дополнителни лаги,и онака веќе ги имаме премногу. Лажниот пушап, лажната висина, лажните трепки, лажното лице…На лагата и се кратки нозете.



Deviously Devilish
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
:D
хелоуу
ај ко за почеток
велиш - Правете го она што вистински ве прави среќни и вдишувајте чист воздух со помалку цимент на лицето.
и сега да те пита дада Блу
од кај па ти знаеш дека не го прават тоа што вистински ги прави среќни? (wasntme)
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Најпрво ќе почнам со еден мал коментар. Ми се допадна твојот состав, браво. Не знам колку ти значи моето мислење, но, ете, твој читател сум. Без разлика дали ми се допаѓа некој твој состав или не, сепак ќе го прочитам цел, со причина.

Предупредување: Еми, ќе да е долго..

* * *

Повеќето имаат различно мислење за убавината, различно ја толкуваат. И според тоа што тие сметаат за убаво, тоа и го бараат. Се додека има некој што го бара тоа нешто, тоа нешто ќе се произведува и ќе излегува на светлина.

Се додека момците завиваат по девојките кои носат прекратки шорцеви, девојките ќе продолжат да носат прекратки шорцеви. И се додека девојките не престануваат да се влажнат на самата замисла на стомачни мускули, момците нема да престанат да се трудат по 6 дена неделно во теретана. Кругот се врти.

Во секој случај, не постои само еден вид на девојки и еден вид на момци. Тука се и оние девојки/момци кои преферираат нивниот партнер да биде со малку поголема килажа, малку повисок, понизок. Можеби некои момци не сакаат нивните девојки постојано да бидат прекриени со шминка, туку да седат дома. Исто како што некои девојки попрво би одбрале некој кој изгледа сосема обично (average) преку некој што повеќето го сметаат убав. Има уште безброј работи кои влегуваат во оваа категорија и лесно ја заменуваат убавината. Зрелост, едукација, начин на размислување, итн.

Зошто? Многу лесно.

Бидејќи, за неа, оној кој другите го сметаат за преубав едноставно на неа не и создава интересно чувство помеѓу препоните. Но, оној кој останатите го сметаат за сосем обичен за неа е поубав.

За него, онаа девојка кога попрво би седела дома отколку да отиде на загревање во Drinkers, па на журка во Paradiso, е совршената девојка.

Убавата девојка која обожува журки и не бара сериозна врска веројатно попрво ќе ја одбере машката верзија од себе, без разлика колку романтичарите и се нудат.

Исто како што згодниот дечко кој сака журки попрво ќе ја одбере женската верзија од себе отколку некоја искрена и убава девојка која само сака врска. И брак. И деца. И да остарат заедно.

* * *

Како и да е, надворешната убавина никогаш нема да биде неважна и отфрлена.

Искрено, како би забележиле некого? Како некој би успеал да ни го привлече вниманието, ако не по убавината и надворешниот изглед?

И колку и да сте силни адвокати на внатрешна убавина во случајот и судењето на "Внатрешна vs. Надворешна Убавина", морате да признаете дека сепак надворешната убавина има улога.

Колку и да се длабоки и зрели разговорите, без физичка привлечност се сомневам дека било која врска ќе опстане.

Но, повторно ќе посочам, немаат сите иста дефиниција за убавина. Иако реков дека надворешната убавина има улога, не мора да значи дека мислам на пропорции 90-60-90, 6/8 плочки пропорционало поставени на абдоменот, убаво лице и сл.

* * *

1. Зошто убавината е толку ценета? И зошто секоја деценија носи свој нов поим за совршен изглед па сите трчаат да се сменат, одат под нож и изгледот толку многу им варира?

Убавината е ценета бидејќи од секогаш била ценета, од секогаш постоела, од секогаш влијаела на многу работи, на многу луѓе, на многу индустрии.

Основа на модната индустрија не е интелегенцијата, модната индустрија не е започната затоа што Коко Шанел, Наоми Кембел, Кејт Мос, итн. сакале да читаат длабоки романи од 18от век и насловната страна на Вог не ја добиваат неубави луѓе.

Како што реков, се додека има убави луѓе - ќе има кој да ги цени, и се додека убавината е ценета, луѓето ќе настојуваат да бидат убави.

И не се согласувам дека сите трчаат да се сменат. Прво, не можат сите да си дозволат. Второ, убавината треба да ти е многу битна за до овде да отидеш.

2. Зошто луѓето не сваќаат дека секој си има своја убавина, и дека особено треба да се работи на внатрешноста, а не надворешноста да ти цути а внатре да гниеш?

Сфаќаат. Како што сфаќаме ти и јас, сфаќаат и други. И не е секогаш ова случајот. Понекогаш и надворешноста и внатрешноста цутат, само треба да се знае кога да се каже стоп, пред да се отиде предалеку. Самобендисаност, преголемо его, нарцисизам.


3. Зошто постои љубов на прв поглед?

Мислам дека постои привлечност на прв поглед. Бидејќи, како што реков, надворешниот изглед е она кое го привлекува вниманието на другите.

Љубов е голем збор и не би требало да се користи за привлечност на прв поглед бидејќи ако некој ни е привлечен, ни го привлече вниманието, но не се запознаеме - наредниот ден едвај ќе паметиме дека постоел.

Ако во некого се вљубиме, и љубовта ни е возвратена, тоа е малку поинаку.

Се надевам дека имаше смисла ова. Многу често имам размислувано на оваа тема и ми е многу забавна тема за дискутирање, и, како и секогаш, се извинувам за преголемиот текст. Поздрав.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ќе бидам ептен краток и сладок :)

МИЛО МИ Е ШТО МИ ГИ ПОСЛУША СОВЕТИТЕ ПИШАНИ ВО ПРИВАТНАТА ПОРАКА. КОЛКУ И ДА НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ ВО ЦЕЛОСТ СО ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА СТАВАМ ЛОШ КОМЕНТАР, БИДЕЈЌИ МЕ ПОСЛУША! БРАВО!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ќе бидам ептен краток и сладок :)

МИЛО МИ Е ШТО МИ ГИ ПОСЛУША СОВЕТИТЕ ПИШАНИ ВО ПРИВАТНАТА ПОРАКА. КОЛКУ И ДА НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ ВО ЦЕЛОСТ СО ТВОЕТО МИСЛЕЊЕ ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА СТАВАМ ЛОШ КОМЕНТАР, БИДЕЈЌИ МЕ ПОСЛУША! БРАВО!
WOW?!?! Сега горд си затоа што ги послушала твоите совети, ама колку и да е лошо и бесмислено тоа што е напишано ти нема да оставиш лош коментар поради тоа? Браво. Така треба да правиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
WOW?!?! Сега горд си затоа што ги послушала твоите совети, ама колку и да е лошо и бесмислено тоа што е напишано ти нема да оставиш лош коментар поради тоа? Браво. Така треба да правиме.

Прво, не е бесмислено :)
Можеби насловот е малку промаршен, ама бесмислено не е :)
Второ не е воопшто лошо напишаното. Има грешки - во изобилие, ама не е лекторирано делото од ниту еден лектор.
Трето не оставам лош коментар оти оди во добра насока.
Сам ќе видиш, следната колумна ќе биде поинаква, подобра.

Да напомнам: Зборувам за стилот со кој е пишувана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Прво, не е бесмислено :)
Можеби насловот е малку промаршен, ама бесмислено не е :)
Второ не е воопшто лошо напишаното. Има грешки - во изобилие, ама не е лекторирано делото од ниту еден лектор.
Трето не оставам лош коментар оти оди во добра насока.
Сам ќе видиш, следната колумна ќе биде поинаква, подобра.

Да напомнам: Зборувам за стилот со кој е пишувана.
Не ми беше тоа зборот, ама ајде. Не реков дека конкретно ова е бесмислено туку дури и да било бесмислено само поради тоа што ги послушала твоите совети ти не би оставил лош коментар?!?! Не е малку контрадикторно тоа со желбата да помогнеш некому?

Онтопик: За колумнава имам многу ствари за кои не се согласувам. Сум сретнувал луѓе кои викале „Јас се палам на интелигенција и на карактер, мене физикусот не ми е битен“ па кога ќе им излезе некој Гвазимодо и 400 IQ да има ќе бегаат од него.
За љубов на прв поглед не коментирам овде, има посебна тема.

Мене нешто ми е контрадикторно во овие колумни. Авторката се декларира као персона која не се замара за другите, ама сепак им објаснува дека не се во право. Ако не се замараш за другите гајле ти е. Ќе си речеш „Шо и е**м, нека умрат глупи“ и ќе се свртиш и ќе продолжиш. Со оние со кои не сакаш да контактираш едноставно е, ги одбегнуваш.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Не ми беше тоа зборот, ама ајде. Не реков дека конкретно ова е бесмислено туку дури и да било бесмислено само поради тоа што ги послушала твоите совети ти не би оставил лош коментар?!?! Не е малку контрадикторно тоа со желбата да помогнеш некому?
Ако немаше смисла натписот дефинитивно ќе го искоментирав тоа. Ама сега немав некој огромни замерки па се одделив од лоши коментари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish