Од Македонија ги има многу, но посебно оние кои постојано менуваат кариери затоа што ќе си го наоѓаат она "вистинското" на 60 години.
Кутрите, никој не ги бодреше кога почнаа да пеат соло, или пак кога формираа бенд, или кога отидоа во правец глума, или пак кога потпишаа договор за своја емисија на Канал 5 за убави миленичиња, или пак другата емисија за каде била на одмор Каролина Гочева и што планира да прави Маја Кикириткова за модната недела.
И никој не им пружи рака кога сите обиди им пропаднаа и мораа да позајмуваат гласови за високо-бараната македонска синхронизација на турските серии. Нивната улога како четвртата слугинка која вели "Да, Султанке" беше многу впечатлива.
Поздрав до скандалозните старлети кои го разиграа македонскиот народ со нивните инспиративни песни како "Докторе" или "Кеш Кеш" и кои, се разбира, ја благословија Австралија со нивната високо-барана австралиска турнеја.
И поздрав до нај антипатичните: политичарите.
Од холивудските има многу, но кај нив проблемот е само катастрофалниот карактер и злоупотребата на нивната слава (која често е незаслужена слава).