Јас ја мразев романтиката и ми се повраќаше и од помислата. Сега, можам да кажам дека сум, ме направија таква со тек на времето.
Што има за мразење кај романтиката па?
Јес да сум голем буквалист ама ...
Им се гадело од романтика,било близу до патетика,незнам шооо...
Тоа колку да изгледааме КУУЛ и поразлични од другите?
Сите се романтични, само добро лажат
Се согласувам.
Па не е романтика само гест да купуваш некому миризливи свеки и мечиња.
Романтика може да биде и момент...ете на пример кога седите со одредено друштво и без разлика на моменталната причина,ти се разнежнила посебно душата кон парнерот,во тој ист момент ви се срекаваат погледите и се гледате десетина секунди без да трепнете...ве полазуваат морници.Иако после дома(доколкуу заедно живеете)ке заспиете за три минути свртени со грб еден кон друг.
Романтика може да се нарече и моментот додека шетате низ паркот,држејки се за раце и разговарајки заа тековниот ден.
И да не набројувам повеке.
Во секој од нас постојат клетки на кои итекако му се потребни романтични моменти.
Ма ке лежам до него ако треба и со запалени свеки колку да разбијам монотонија,галејки го најнежно што можам по грбот,па макар и тој рчел на цел глас,ако за тоа осетам потреба.
Па ако треба и на дождот ке се бакнувам и на свои 34 доколку ми се потрефи моментот,личноста,потребата и дождот во еден ист момент.
Не се срамам да признаам дека во мене постои и ѕвер и плишано мече.