СДК ми се кења од фаци кои сакаат да се нарекуваат креативци и од фаци кои што се зависници од добивање лајкови и се` би направиле само за да добијат лајкови и да се собере багра која ќе ги фали колку се креативни и ќе им го билда егото.
СДК губам волја, губам елан за се` освен за една работа која што реално е недостижна. Цел ден сум за никаде...омалаксан, без енергија, без потреба за храна...само вода и кафиња пијам од сабајле. Се чувствувам ко да сум дел од сопствениот кошмар и никако не можам да го натерам оној кој сонува да се разбуди. Повторно меланхоличноста во мене почнува да се шири и да ги обзема моите фантазии, моите мисли, моето тело, мојата енергија... Деновиве повторно ми се случи нешто што мислев дека одамна престана и нема да се случува повеќе, но еве пак се враќа...веројатно цел живот ќе биде така.