Помалку или повеќе, секој има појдено на состанок на кој посакал да пропадне во земја или да се врати дома слеп, шут и сакат, за веќе никогаш да не се сретне со „избраникот“ на неговото срце.
Некои ја доживуваат ваквата ситуација комично, некои трагично и кубат коси. А вие?
Отворете си ја душичката, искажете си ја ужасијата. Ем ќе ви олесни, ем ќе се насмееме.
Мозочните клетки ми се пред умирање и не сум способна за подобар вовед. Битна е поентата.
Да го скршам мразот, ќе си го копирам мислењето од друг форум.
Подолго е, оти таква убитачност во неколку реда не ја собира.
Епа вака децо. Тоа требаше да биде нешто ко демек врска, ама се сведе на само 2-3 најужасни „состаноци“ што некој воопшто може да ги посака и изрежира.
Имав некои 15-16 години и се допишувавме некое време со лепотанот, јас - црпка невидена, тој бетер, и ајде се договоривме ко демек да се видиме.
Ноември беше, чинам, оти беше прилично студено. Договорот беше да ме пречека пред школо, оти бевме различни смени, а јас бев втора и беше веќе ноќ.
Излегувам јас, се потпирам на ѕидчето и чекам онака незаинтересирано. Кд одозгора иде Дунав. Ризик јак, мила душа, и да погинеш, колко можеш ќе се спасиш.
Типов се приметува уште од 50 метри далечина. Беше накај 2 метри висок ко ништо, и кога одеше - ѕенѕаше, подрипнуваше онака весело и со еден смешен полуосмех.
Бонус - косата му беше удрвена и залижана наназад и имаше полупубертетски брк.
Ко го видов од далеку, си фатив џадето надолу да бегам, кога ете ти го ми врти на мобилен „Не си оди, извини што доцнам, позади тебе сум, идам.“ Е, у материну!
Се завртов со една грев кисела фаца ко три лимона со лук да сум изела и од километар пружив рака само за да не ми се доближи. Ко ме повлече типов кон него, ко ме разлигави...
Дали 3-4 секунди траеше, ама за мене беше вечност бре!
И после тоа иде свечени моменат, ја опалува најјаката можна реченица: Стварно извини што доцнам, морав да се дотерам, да ти бидам убав, а и омиленава јакна ми се сушеше. Абе?
Омилената јакна намерно ја испуштив во горниот опис, оти заслужува посебно место.
Јакната беше подебела од оние монткине и беше дреч портокалова ко на комуналцине. Згора на тоа, тој милувал ракавите подсоберени нагоре да ги носи оти било пофраерски, а и топло му било вака.
Абе лепотан! Пу, среќничка.
Прошетавме 2 круга без 2 реда муабет и си ја опалив накај дома.
Прво нешто што направив, се изгледав во огледало да не случајно ми излегол херпес, застанав пред шоља и плукав ко будала, па после испостискав паста, и, да не претерам, едно 10 минути миев заби, непца, јазик, усна шуплина, па дури и внатрешната страна на образите и кожата околу устата.
После со денови го одбегнував типов, ама втор пат ме начека во небрано и морав пак да потрошам скапоцен половина час со него. И за тоа време ми расправаше зашто не сум слушала турбо-фолк, колку бил тапа физика и математика и одеднаш ми го зеде телефонот да пренесувал сликички, ќе ми го врател утредента, чисто колку да имал изговор пак да ме види.
Ништо ај, нека иде кога пошло.
Се вклучувам сабајлето на МСН, ете ти го цел накурчен ми пишува:
- Мори циганке една, што ме лажеш ти мене?
Јас 3 реда муабет му немав направено, што па сега го лажам?
Ко ќе видиш, Ајнштајн ми нашол слики од Лима во телефон, си ги пренел, и по не знам која логика и при кои очи, се фалел по другари „Видете од женска ми какви слики имам“
Овие после му кажале која е, и сега ем шуто, ем се боде, јас сум му крива што е слепо и просто.
Морав да го видам уште еднаш за да си го земам телефонот и нешто ми се избаци сум доцнела, па кога го подбрав, го отерав у 300 материне со секакви навреди и си појдов.
До дома идеше по мене прашувајќи ме што ми е и извинувајќи се.
Од тогаш, еве 5-6 години очи му немав видено до вчера, и кога ме виде, се здрви ко курац во ладна вода, наведна глава и чур да го нема. Уште си ја држи селската појава, пу пу.
Ах, најубавите денови од мојот живот.
NOT!
Пребарував, ама не наидов на ваква тема. Ако постои, знаете што да правите.