на почетокот од темава тоа одма го реков. Скопје да се затвори и да се инвестира у другите делови. баш така реков. и тоа да се деси кој може да ти забрани да дојдеш да студираш шеташ или живееш. само што ќе се нарекува привремен престој. доста инвестирате у Скопје тоа е мојот став. а ако има некој друг начин без да се затвара градот нека каже. ќе го дискутираме нема проблем. само незнам како би се уништила урбаната мафија осим ако нема кој да и ги купува становите.
Аааа не друже, немој со таква игра. Да не ги барам сега постовите каде го поделивте народот на „Скопјани“ и „дошљаци“ и дошљаците беа оние кои ви рушеа цена на работна рака, оние кои ви го загадуваа воздухот, ви го земаа лебот и сл. да не наведувам се` што изнапишавте, па после дека од градот треба да се иселат сите дошљаци, дури и државните установи си ги присвоивте.
Јас сум студент и речиси цела година сум во Скопје. Во извод ми пишува и дека сум роден во Скопје (тоа е друга приказна, ама сепак така пишува) и сеа јас што сум? Македонец сум исто како и ти и сите овде што се изнавреѓавте. Тоа значи дека сите имате исти права во целата држава и за сите нас важат истите закони. Не можеш да забраниш некому да се досели во некое место. Не е Скопје држава па да си стави граница и да не може да влезе никој таму. Да имав јас во мојов град факултет, да работеа фабриките кои се испозатворија речиси сите луѓето ќе имаа работа овде и немаше да има потреба да се преселуваат. Имам јас роднини кои се преселија во Скопје, ама беа приморани. Овде скапуваа без работа, па мораа да бараат настрана од градов. Најдоа во Скопје, поработија и земаа некоја пара колку да почнат одново и си се преселија. Да имаа овде работа немаше да бидат сега жители на Скопје. Затоа велам, да се инвестираше насекаде во државава немаше да биде како што е сега.