Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?


  • Вкупно гласале
    50

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
на почетокот од темава тоа одма го реков. Скопје да се затвори и да се инвестира у другите делови. баш така реков. и тоа да се деси кој може да ти забрани да дојдеш да студираш шеташ или живееш. само што ќе се нарекува привремен престој. доста инвестирате у Скопје тоа е мојот став. а ако има некој друг начин без да се затвара градот нека каже. ќе го дискутираме нема проблем. само незнам како би се уништила урбаната мафија осим ако нема кој да и ги купува становите.

Аааа не друже, немој со таква игра. Да не ги барам сега постовите каде го поделивте народот на „Скопјани“ и „дошљаци“ и дошљаците беа оние кои ви рушеа цена на работна рака, оние кои ви го загадуваа воздухот, ви го земаа лебот и сл. да не наведувам се` што изнапишавте, па после дека од градот треба да се иселат сите дошљаци, дури и државните установи си ги присвоивте.
Јас сум студент и речиси цела година сум во Скопје. Во извод ми пишува и дека сум роден во Скопје (тоа е друга приказна, ама сепак така пишува) и сеа јас што сум? Македонец сум исто како и ти и сите овде што се изнавреѓавте. Тоа значи дека сите имате исти права во целата држава и за сите нас важат истите закони. Не можеш да забраниш некому да се досели во некое место. Не е Скопје држава па да си стави граница и да не може да влезе никој таму. Да имав јас во мојов град факултет, да работеа фабриките кои се испозатворија речиси сите луѓето ќе имаа работа овде и немаше да има потреба да се преселуваат. Имам јас роднини кои се преселија во Скопје, ама беа приморани. Овде скапуваа без работа, па мораа да бараат настрана од градов. Најдоа во Скопје, поработија и земаа некоја пара колку да почнат одново и си се преселија. Да имаа овде работа немаше да бидат сега жители на Скопје. Затоа велам, да се инвестираше насекаде во државава немаше да биде како што е сега.
 

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
треба прво да се му се објасни на народот што значи изразот затварање на Скопје. од другите делови кога го слушаат тоа одма се почнува со јуриш, дрвја и камења по Скопјаните. не е тоа што се мисли или како звучи. затоа ниедна влада не се усудува да го преземе тој чекор одма ги губи изборите у Ист. Македонија на пример. а додека тоа не се направи тешко дека ќе се инвестира надвор од Скопје. ќе се распрашам малку деновиве малку постручно да се објасни тоа па ќе го пренесам. добра ноќ на сите за сега.
 

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Дигната цена на скопјани .. аууу колку мразам такви типови и типки кои се прчат и се прават ко демек .. видејте ме .. живеам во Скопје .. цар сум еј .. ма дај ти се молам :) .
Оооооо Солидарецу мој .. дај те молам објасни ми како тоа секој да си остане од таму кај што е ?
Па тоа треба да значи .. остани си од таму кај што си и да не си мрднал надвор од тоа место, несмееш да го видиш светот.
Види .. јас сум од Неготино .. и немам ништо лошо против него, само те молам објасни ми .. сега треба да одам на факултет .. како да одам на факултет кој не постои ?
Значи .. решение .. мора да се префрлам на друго место .. па го бирам Скопје, бидејќи го има факултетот на којшто сакам да одам.
Направи ми факултет во градов, отвори ми работни места за (скоро) сите граѓани, тогаш немора да го напуштам градот, не е проблем :)
Искрено .. да си и ти од некое помало место од Скопје, 120% сум сигурен дека би го имал истото мислење како мене.
Значи немора да се кењаме кој од кој град е, и дали треба да оди во друг или не.
Објасни ми .. зошто ти сметаат останатите кои доаѓаат таму ?
Ние многу пати го рековме тоа...За факултетите е оправдано,доаѓаш го завршуваш и си одиш....
Како туриста никој ниту еднаш не рече дека неможеш да го видиш светот...зборуваме за селење,живеење.
Ова не си само ти,ова многу пати го имам слушано и дискутирано....Дали мислиш дека државата има пари да изгради во сите градови факутети,фабрики па за да има за сите пари?
Реков...неможат да ја пуштат машината да прави пари,тие пари треба да си ги створиме,да плаќаме данок,да произведуваме....друг начин нема како државата да има пари ;)

Инаку не верувам дека ни на солидарецот,ниту пак на било кој Скопјанин му сметаат луѓетот од другите градови.Тие се исто како нас македонци,но тука е друг проблемот.Скопје станува претесно...на секој чекор каде порано си играа деца и имаше паркови,сега има згради,пола Водно е во згради.И воздухот се загадува и градот е едноставно ПРЕТЕСЕН.
Само во автобус кога ке влезеш и видиш во сезона на одмори нема место да стоиш а не пак да седиш ке ти биде јасно што зборуваме ;)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Bum-Bum незнам дали воопшто ке ми одговориш пошто на претходното не ми одговори но сепак ке те прашам
Да речеме ти си студент дојдена од внатрешноста на државата,и си добар студент,професорот ти дава понуда за асистент,што ке направиш,ке одбиеш?
Уште еден пример ке те прашам,си студент исто од внатрешноста,твоите немаат пари да те издржуваат,работејки па макар и за 300 денари(мада тврдам дека тоа не го наметнаа лугето од внатрешноста,ако има инспекции тоа нема да постои)во тој случај само ке можеш да достудираш.Би работела ли за да го довршиш факултетот?
Доколку пример си работела на бензиска точејки гориво за таа сума тие три четири години,газдата презадоволен од тебе а ти студираш соодветен факултет и те унапредува на некоја позиција што ке земаш просечно солидна плата.Ке одбиеш?
И покрај тоа што дома перспектива за да влезеш некаде на работа на повидоок тешко?Пак ке одбиеш?
Гледам пак пишуваш во стилот...ние не ви викаме ова,ние ви викаме ова...нема смисла да се ставате па дури ни на темава во групации :) ...така и ја направивте темава со не објективни постови,такви групирања и ги поделија дискутантиве на дека сите скопјани исто мислат а тоа е дека им сметаа дошљаците и на дошљаци кои се трудат да им ја објаснат и својата мака на скопјаните
а во случајов уствари и двете страни имаат мака,само ретко кој ги разбира двете,или ретко кој покажува дека ги разбира,оти ако покаже ке испадне дека не чини оти не заземал страна.
тоа Бум се глупости.
тоа се темели само на немање искуство и гледање необјективни вести од немање објективност ни во новинарството,тоа исто се темели на база на инат и неискуство туку слушајки го искуството на некого од страна,и тоа само на оние на кои ни одговара :)
и после се чудиме оти имало канибалисти од кои се згрозувам уште повеке,е ке има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and karina

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Ние многу пати го рековме тоа...За факултетите е оправдано,доаѓаш го завршуваш и си одиш....
Како туриста никој ниту еднаш не рече дека неможеш да го видиш светот...зборуваме за селење,живеење.
Ова не си само ти,ова многу пати го имам слушано и дискутирано....Дали мислиш дека државата има пари да изгради во сите градови факутети,фабрики па за да има за сите пари?
Реков...неможат да ја пуштат машината да прави пари,тие пари треба да си ги створиме,да плаќаме данок,да произведуваме....друг начин нема како државата да има пари ;)

Инаку не верувам дека ни на солидарецот,ниту пак на било кој Скопјанин му сметаат луѓетот од другите градови.Тие се исто како нас македонци,но тука е друг проблемот.Скопје станува претесно...на секој чекор каде порано си играа деца и имаше паркови,сега има згради,пола Водно е во згради.И воздухот се загадува и градот е едноставно ПРЕТЕСЕН.
Само во автобус кога ке влезеш и видиш во сезона на одмори нема место да стоиш а не пак да седиш ке ти биде јасно што зборуваме ;)
да .. мислам.
Место спомениците што се изградија, можеше друго да се инвестира со тие пари :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: karina and parvati

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
"Скопјани" се плашат дека ако дојде некој од друг град ќе им ја земе работата или ќе заврши факс побрзо од него.Стравот е оправдан.
"Скопјани“ добиваат се’ повеќе комплекси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: karina

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
"Скопјани" се плашат дека ако дојде некој од друг град ќе им ја земе работата или ќе заврши факс побрзо од него.Стравот е оправдан.
"Скопјани“ добиваат се’ повеќе комплекси.
После изначитаново во темава,искрено,почнав да мислам дека постојат луге од Скопје,со ваков страв.
И јас и ти еднаш да ни се совпаднат размислувањата :D
 

jasjas

Нов член
20 јули 2012
6
6
3
Имам предлог,дајте ние Скопјаните да учествуваме во донации,да ги тренспортираме спомениците во сите градови по Македонија.Незнам точно колку споменици има,ама се надевам дека за секој град ќе има по еден споменик.
А денешнава власт колку се гордее што направила!
Уште еден предлог,анкетите што се прават каде што ТОЛКУ се одушевени граѓаните од Скопје 2014,следно прашање да биде,од каде се.На крај на краева можеби баш тој хаос во Скопје ги привлекува луѓево да имаат желба да бегаат за Скопјево.
Сакам да потсетам за една изјава на Коце Трајанов,дека народот многу брзу прифаќа се власта што ќе направи,а после се горди што се жители на Скопје.На пример се бунеле за плажите а сега уживаат....и могу други примери.
Најнова атракција е двокатниот автобус за панорамско шетање,ќе доаѓаат странци...првата тура беше со наши сограѓани,а може во скоро време Коце ќе организира еднодевни екскурзии за тие од внатрешноста,да го разгледаат Скопје со сите новитети...па може ќе имаме нови доселеници...од што ќе бидат многу воодушевени,па нема да им се враќа дома.

ВИЕ СКОПЈАНИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ ВО ДОНАЦИИ......Е ова веќе е неиздржливо.......а да те прашам од кај ви се вас Скопјаните спомениците?????????од даноците што го плаќаат сите односно цела Македонија..и сега вие со наши пари ке донирате во нашите градови,и да не е толку глупаво ќе биде смешно...дали се читате бре луѓе што пишувате,,,не ми се верва...а спомениците да си ги чувате,а тоа дека возите по три ленти,и дека сите трговски центри и се она во кое што може да се ужива,односно паркови,театри и да не набројувувам,тоа не сакате да го донирате?????????
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
После изначитаново во темава,искрено,почнав да мислам дека постојат луге од Скопје,со ваков страв.
И јас и ти еднаш да ни се совпаднат размислувањата :D

Факт е дека не е возможно да се забрани слободата на некој да студира каде што сака или пак да живее каде сака.Ако некој од Скопје не е доволно интелигентен за да заврши факултет за 4 години, тогаш постои некој од Куманово кој ќе заврши факултет за 3 години и ќе му ја земе работата.
Некои сеуште немаат сфатено дека животот е борба.Секој се бори за своето парче леб.Без разлика од кој град доаѓа дали е сељак или не.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Факт е дека не е возможно да се забрани слободата на некој да студира каде што сака или пак да живее каде сака.Ако некој од Скопје не е доволно интелигентен за да заврши факултет за 4 години, тогаш постои некој од Куманово кој ќе заврши факултет за 3 години и ќе му ја земе работата.
Некои сеуште немаат сфатено дека животот е борба.Секој се бори за своето парче леб.Без разлика од кој град доаѓа дали е сељак или не.
Абе сељаците обично повеке ги има низ градовите,нели оние другите се селани.
Повеке пати потенцирав низ темава дека не треба да се тврди дека секој што дошол во Скопје на пример како беше потенцирано дека сите девојки дојдени ги продавале своите тела.Епа и јас бев едно време таму дојдена па не се продавав а познавав девојки и од внатрешноста на Македонија кои се продаваа условно кажано за две три пијачки но и девојчиња од Скопје исто така.
Низ темава се направија такви поделби на лугето,такви навредливи работи што просто се чудам што се ги испровоцирало лугево на сето ова.
Па ние да сме со големина на Америка навистина пола држава ако ни е со размислувања како низ темава,ке има повеке канибалисти отколку нормални луге.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo