Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?

  • Вкупно гласале
    50

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
:rolleyes: :rolleyes: Ми се допага што си демек искрена...Дај боже секоја нок да ти е од подобрите...а за тоа околу мојата нека биде дека е така :) ....а одговор не треба,се си има низ постовите нагоре,да е кажан збор па никој не слушнал е друго,а напишаното си стои:)
дали можам ја да се мешам на пр. у Гевгелија што да правите. неможам. ниту гласам таму ниту живеам. така ли е. пред две години бев на одмор у Дојран знаеш што бидна пољубив врата и се вратив назад. немаше место. Немало капацитет. ми оставија визитка за следната година а цената поскапа дури и од Охрид. Може затоа нема работа. Значи треба да се створат услови за туристите, приступачна цена, да се средат плажите. Грчка е близу треба се учи малку од нив како се работи. Берово плаче за селски туризам, а цената 100 евра за две ноќевања, после недостаток на Беровски компир, зашто, затоа што не се работи, сака работа и има работа. колку ниви се необработени. дали ме разбираш што сакам да кажам. лесно е само ајде ќе идиме у Скопје. У Скопје не се живее подобро него пред 10 години а сега има дупло повише народ што ти кажува тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

karina

Нов член
20 јули 2012
11
8
3
Jа се нарекувам баш така како што читаш и сум солидарен до таа мера до кај што може да бидам. Ама кога е доста доста е. Скроз ми го променивте мислењето во последниве два три дена. Од добронамерна иницијатива ме натеравте да кажам нешто што немав намера. За твоја информација само 10 посто од дојденците пардон дошљаците у Скопје се ситуирани другите се клошарана тешка и работат што стигнат највише у кафич за 300 ден. дневно, живеат у купче по 5-6 души у еден стан, мислиш од Пакистан се дојдени, компири им праќаат од дома манџи да прават, женските се надеваат на некоја добра прилика , добрите одма ги лапаат другите... а машките кои демек студираат кој знае на што се надеваат. Шетаат у чопор по Скопските тротоари како да го ослободиле градов. Начукале по 30 години и Call of Duty ја усовршиле до таа мера што секој Скопјанец може да го преслушаат у секое време да не речам без по муке. Летово нигде ги нема се вратиле од кај што дошле да се најадат ко луѓе а од септември пак по старо, идеме у бољи живот. Сакаш да ми кажеш дека у родните места немале работа па доаѓаат у Скопје да си ја побараат среќата а наместо тоа се понижуваат кај некои Скопски газди да работа за ич пари. Или чекаат од нивните сограѓани што отвориле фирма у Скопје обично за компјутери па да ги повикаат за работа. Таквите ли ќе ми ја земат среќата, не биди ти смешна. Да ги тресеш нема 80 ден да им испаднат за едно макијато. Да 80 ден. кафето е скапо у Скопје па највероватно затоа неможеш ни да ги видиш у кафич осим како вработени. Купуваат Кока Кола од гранапче па на клупа, јадните пензионери неможат слободно место да најдат. Тежок е животот иселенички. За таква ли среќа ми збориш. Скопје не живее од таквите. И тоа е жално. Размисли малку пред да критикуваш нешто. Скопјаните се сложуваат со тоа дека треба малку надвор да се инвестира што е сега работава вие сте против. Тогаш стварно е нешто до умот... ама чив.

Сакам кажам незнам речам - ете така правиш г-дине солидарец, ти изгледа знаеш се, па дури и знаеш кој за што дошол да живее во Скопје, факт е и тоа дека дојденците се многу подобри студенти од скопјани а поквалитетни во секој случај, да зборам колку се поискусни и позрели личности, туку исфрустрирани сте и веќе не знаете што да направите... Ќе кажам и за газдите скопјани, студентите не се виновни што работат за 300 ден. туку газдите скопски што им даваат работа за да заштедат некој денар плус насрана од сиот капитал што го имаат (кутрите), па им ја искористуваат работната сила а не се ни малку случаеви каде што дојденците не земале ни плата, но знаеш како е, големите риби ги јадат малите, но вие газдите милионери ги штитите, нив ништо не им можете па студентите ви се криви, ( кој не може по магарето - по самарот удира ), продолжете со навреди и потценувања, демек вие сте луѓе со натпросечни квалитети, но погрешно насочени во секој случај, продолжете со нискиот квалитет на комуникација, на тој начин сигурна сум дека ќе го постигнете она што го заслужувате... А што се однеесува до тоа дека ти мислиш на помалите градови да се развиваат, тогаш едно мислиш, друго зборуваш но ништо не правиш... со ваков мизерен јазик и начин мислиш дека ќе ја постигнеш целта? Се лажеш пријателе, се додека ти вреѓаш и кажуваш кој со колку пари поминува, што јаде, што пие, кога кога заспива, без разлика каде е, тебе очигледно за ништо друго не те бива... Ти само докажуваш колку си страшливец да се бориш со знаење со труд и да ги победиш тие дојденците, те гледам и колку го познаваш познаваш македонскиот литературен јазик, барем вака кога јавно се обраќаш, сам си одиш против себе...Огорчен си на твојот живот, ти нема спас... Мој совет, не знам колку си стар за да те советувам, направи нешто истакни се како индивидуа во твоето Скопје, бори се, така гласот ке ти се слушне, но вака пријателе само раздор постигнуваш, на крај краева тоа и го заслужуваш...

п.с. демек вие скопјаните не сте за жалење што за 300 ден. дневно за цела фамилија, се пикате во еден стан за да можете другиот да го издавате? или може за парното да го платите и соба издавате па во дневна спиете??? Тоа е тоа- борба за живот, јас сфаќам, секој си знае зошто и како, но вие очигледно само напаѓате, за друго нешто тешка работа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Г-це или Г-ѓо Карина, прво, со реченицата дека дојденците се подобри студенти итд итд како што си ја пишувала така у исто време се демантираш и тука нема да додадам ништо. Второ, ја памтам у времето дека по кафичи се земало и 700 и 800 ден., а зашто паднала цената може само да нагаѓам, а прошетај по кафани што ги држат газди од Берово или Прилеп а ги има доста па да видиме они колку плаќаат. Може и ја да те прошетам ние Скопјаните сме џентлмени. Трето, Скопјанецот и кога џаболебари тоа го прави со стил. Четврто, се повише ми станува јасно зашто помалите градови тешко се развиваат од многу пекање за доаѓање у Скопје изгледа се нема време за развој. Шесто, чекам подобра прилика за да се вратам у селото од кај што потекнуваат моите па да се фатам за мотика пошто Скопје станува село неподносливо за живот. Седмо, тачно е многу у државава работат за 300. ден ама неможам да сватам зашто некој напушта работа за да се резили у Скопје. Изгледа уште на снага е акцијата село - град од времето на Социјализмот. Осмо, иначе покрај Скопскиот добро го владеам и Македонскиот јазик, само за твоја информација. Девето, точно е огорчен сум и изненаѓен и увреѓен у исто време али не вреди да ви се објаснува паметен човек како што се декларирате би требало да го сфати тоа. Ако не ме тангирате мене слушнете барем стручњаците што велат тоест архитектите дека НЕМОЖЕ више да се гради, незнам како да ви го објаснам тоа.
Опасно е по сечии живот.
ПС. Пошто гледам сакаш да делиш совети тогаш подели го на оние што сакаат да си го напуштат родното место. Посоветувај ги зошто е подобро да си останат таму од кај што се. Или што би рекле Србите Седи диси јер каки си ни за диси ниси!
ПС.бр.2. Врати се назад по форумот па види м.м.е. кој прв почна - како што викаш да те цитирам “со нискиот квалитет на комуникација“

ПС.за крај. Погледни го прилогов па можда некои работи ќе ти станат појасни.
http://skopskisolidarec.blogspot.com/2012/07/blog-post_3506.html?spref=fb
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Мамата, Скопје и свој јазик имало. Па што чекате бе Скопјани, отцепувајте се од државава. Бидете си посебна држава штом веќе и Скопски јазик имало.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ајде бре престанете да правите поделба на лугето со такви категоризации.
Како може да правите толкави поделби мегу лугето.
Како може да ги правите де едните добри а сите други лоши и обратно.
Од какви мајки сте вие родени.
Во кои биртии памет наталоживте.
Од каде толку омраза се изнацрпавте.
Кој ви ги усмери очите да гледаат само во една насока.
Што крај краева добивате од ова.
Во грам државичка живееме,и неможеме да се испоштуваме и без навреди да споделиме мислење околу еден итекако голем проблем и за едните и за другите.
Што воопшто ми требаше да ја отворам и разгледам темава на почеток воопшто.
Уште толку повеке да се изначудам какви тоа ние лугето уствари сме.
Резили,срамотилаци...Нечовечност,ограниченост со тони.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Глупости!

Значи....
за доброто на оваа држава,не само на градот Скопје е МНОГУ поубаво секој да си остане во своето родно место..
наместо Скопјаните да одат во Битола,а Битолчаните да одат во Скопје нели е многу по едноставно секој да си остане кај што се родил...Да не се доселеше пола Македонија во Скопје,немаше толку да се инвестира во Скопје...наместо да се изградат 5 згради во Скопје ке се изгради нешто во внатрешноста...Се буните споменци се граделе,споменици..верувајте ми иде една петиција да поднесам потписи и сите споменици да се разнаесат по сите градови...па да видам дали ке си останете или пак ке дојдете во Скопје...и дали ке бидете задоволни
Пак ке кажам..сите сакате да работите во администрација
сте запнале фабрики па фабрики...а кој ке работи во фабрика....
40% од младите генерации ке прифатат останатите нема да сакаат ни да слушнат...
Паметно си праи Груевски,инвестира во туризмот...зашто си го знае народот..полесно му е да отвори кафич и да биде газда на кафич и да заработува од туристи наместо да работи во факбрика....
Како во западна Македонија си живеат албанците....зашто се вредни и работат..они можда по рамковен ке влезат во суд..ама нивите не ги продаваат него после работа ке си ги работат и нивите...
и ние да правиме така..ке има пари државата...иначе од каде барате и плати и живот и се....
неможе да пуштиме машините и да се штампаат пари,треба самите да ги створиме тие пари...

Значи сепак се е до мрзеливоста на нашиот народ!
Бум,:) ме интересира твојот работен стаж што кажува?Колку е?
офф топик сум со прашањево ама морам да го поставам за да знам дали од ракав ги пишуваш работите или имаш доста искусено и на своја глава па затоа вака неосновано пишуваш.Да напоменам дека не ми е цел да навредам никого ама неможам да не реагирам на текстови без основа(такво е моево видување).
Јас околу работи за кои сметам дека не сум доволно упатена не пишувам она само што сум слушнала на вести што зборат или лугето одоколу.
Во Скопје треба да се престане да се гради,да,цела планета се уништува,не само Скопје на тој начин.
Но за да се задржат лугето во своите родни места прво треба да се створат услови,како што тие се створиа пред многу години во Скопје.За тоа најдобро знаат нашите баби и дедовци и поколение пред нив.
Уште една работа да спомнам,во медицината има работи за кои освен во Скопје во ниеден друг град човек неможе да оди ако не дај боже се разболи.Дневно по другите градови се испишуваат по илјадници упути за по болници низ Скопје.
Кога еден Скопјанец бил на маки освен покрај болеста да мора да се малтретира и да плака огромни патни трошкови да стигне до лекарот во Скопје кој има соодветни апаратури за да може да се прегледа.
Примеров го давам само колку уште еднаш да ви укажам дека,да,Скопје се гуши,но верувајте и погледнете ги работите пореално и од двете страни, не е се ни до вас ни до лугето кои живеат вон Скопје,повеке е до некој друг,кој исто не е мокен да направи идила за два дена.Но факт е дека работите треба да се сменат.
И престанете да ги правите едните работници а другите неработници,тоа е само апсолутна невистина и врегање.

За она кој каде се родил и треба да остане,нема да коментирам,секој си има право на свое размислување,кој мисли така нека си остане,кој мислел ама животниот тек му покажал дека мора или дека ке е подобро за неговата иднина да не остане,нека не остане,немам намера на никого да му се мешам.
Само да напомнам,зарем мислите дека прво лугето се доселиле(значи зборам за порано)па после фабриките се отвориле?Имате факти за тоа..ако имате ставете линк да го видиме.
За спомениците ич не ми е криво,и тие го загушиа Скопје,кој сака нека признае којне сака,немора.
Ова околу политичкиот лик нема да го коментирам,само се надевам дека ке примети администација,оти јас мислења не пријавувам,оти колку што знам политика не е дозволена,а ти во постот фалиш еден лик од политиката,ако јас сега земам да испофалам некој друг и отиде јабана темата.
Дали некогаш си прошетала по нивите во источна и јужна Македонија,дали и во западна?Дали имаш сознанија или извор,кој ти докажува со факт дека само во западна Македонија се работат нивите,ако имаш би сакала исто линк,не за друго оти се изначитавме тврдења а факти никаде нема,а знаеш зошто?
Затоа што воопшто не е така како што пишуваш.
Никој низ темава не побара работа,ни плати ни живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Не е решение Скопје да се затвори, воопшто не е.
Треба да се почне од урбанизација и развивање на другите градови ширум Македонија. Кога таму би се создале пристојни услови за живот ( повеќе средни училишта, факултети, здравствени установи, трговски центри итн а со тоа и нови работни места) луѓето нема да доаѓаат во Скопје, ќе немаат причина.
Не е крив некој од Кратово што таму освен две три ресторанчиња и неколку кафичи нема ништо друго, луѓето се притиснати па затоа доаѓаат во Скопје.
И секој има право да бира каде ќе студира и работи, ако смета дека ќе успее во Скопје а не во својот роден град, нека повели нека си ја проба среќата.
Јас би рекла, не е се до Скопје и до среќата, и до упорноста и амбициите на човекот ќе да е.
 
karina

Нов член
20 јули 2012
11
8
3
Г-це или Г-ѓо Карина, прво, со реченицата дека дојденците се подобри студенти итд итд како што си ја пишувала така у исто време се демантираш и тука нема да додадам ништо. Второ, ја памтам у времето дека по кафичи се земало и 700 и 800 ден., а зашто паднала цената може само да нагаѓам, а прошетај по кафани што ги држат газди од Берово или Прилеп а ги има доста па да видиме они колку плаќаат. Може и ја да те прошетам ние Скопјаните сме џентлмени. Трето, Скопјанецот и кога џаболебари тоа го прави со стил. Четврто, се повише ми станува јасно зашто помалите градови тешко се развиваат од многу пекање за доаѓање у Скопје изгледа се нема време за развој. Шесто, чекам подобра прилика за да се вратам у селото од кај што потекнуваат моите па да се фатам за мотика пошто Скопје станува село неподносливо за живот. Седмо, тачно е многу у државава работат за 300. ден ама неможам да сватам зашто некој напушта работа за да се резили у Скопје. Изгледа уште на снага е акцијата село - град од времето на Социјализмот. Осмо, иначе покрај Скопскиот добро го владеам и Македонскиот јазик, само за твоја информација. Девето, точно е огорчен сум и изненаѓен и увреѓен у исто време али не вреди да ви се објаснува паметен човек како што се декларирате би требало да го сфати тоа. Ако не ме тангирате мене слушнете барем стручњаците што велат тоест архитектите дека НЕМОЖЕ више да се гради, незнам како да ви го објаснам тоа.
Опасно е по сечии живот.
ПС. Пошто гледам сакаш да делиш совети тогаш подели го на оние што сакаат да си го напуштат родното место. Посоветувај ги зошто е подобро да си останат таму од кај што се. Или што би рекле Србите Седи диси јер каки си ни за диси ниси!
ПС.бр.2. Врати се назад по форумот па види м.м.е. кој прв почна - како што викаш да те цитирам “со нискиот квалитет на комуникација“

ПС.за крај. Погледни го прилогов па можда некои работи ќе ти станат појасни.
http://skopskisolidarec.blogspot.com/2012/07/blog-post_3506.html?spref=fb

Е дури сега ме увери колку скопјани се посебна раса, не ми го искоментира п.с.-от..оправдано е, сфаќам јас, немаш што за тоа да кажеш, од далеку се гледа дека знаеш само да напаѓаш, а во одбрана ништо... Ама гледам јас колку ти знаеш да се изразуваш, ти не ни знаеш ни да пишуваш (не е сваќа туку сФаќа, со В се пишуваат Сват и Сваќа), да не ти ги редам грешките тука пред сите, но можам во сандаче да ти ги напишам, па да ти биде појасно јас за што ти зборувам, очигледно е дека правопис не си отворил, исто така ќе ти кажам и дека не знаеш ни наслов на тема да разбереш, а за развивање на истата да не правам муабет, ич не те бива за жал... значи пак ќе ти повторам со навреди ништо не постигнуваш... ако имате добра намера и конкретна цел, те молам темава нека се вика" Дали помалите градови во Македонија треба да се развиваат подеднакво со главниот?" - e дури тогаш ќе наидеш на разбирање и комуникација на она ниво на кое што би требало сето ова да се одвива вака јавно!!

... a тоа како било порано, во времето како што ти велиш, можам да ти пишувам и пишувам како било тогаш, кога во малите градови имало и фабрики, и дневници, вработувања и работа за сите, и плати и кредити и заеми и соживот, ама за џабе е, ти не ни знаеш во кое време живееш...
 
Што се однесува на тоа дали е со в или ф највероватно на тој час не сум присуствувал. И више тоа со јазикот станува досадно да го повторуваш по којзнае колку пати. Скопскиот јазик е таков каков што е. И мене ми е полесно да се разберам со некој Кинез него со некого од други делови на Мкд па не дигам револуции ради тоа. Него ти дали сФати нешто од она што го напишав погоре. Ако ја не сум одговорил на едно ти не одговори на ниедно прашање. Еве повели почни ја темата што ја предложи баш би ме интересирало како ќе го образложиш тоа. Па тогаш ќе се уклучам и ја у муабет.
А за твоето пс. Прво што ми падна на памет е дека ја сум бил под кирија у куќа кај еден Прилепчанец дивоградба у Лисиче додека он си живееше у стан у Ново Лисиче. Очигледно слабо ја познаваш актуелната ситуација у Скопје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnnAmaa and Aaliyah

Скопски јазик??!! Леле.... Па сега излегува дека вие имате и јазик?!! Да не сте држава?!! Скопје држава - ти претседател, може?? Само така ќе ти се смират страстите и излечат фрустрациите!! Дијалектот е богатсво на еден народ, но правопис си е правопис, не мешај баби и жаби!! Прифати ја состојбата таква каква што е во Македонија или пак направи нешто друго, ти пишав примери како може да ти се слушне гласот !! Не почнувам јас никаква тема на интернет, но знам да се уклучам и да го кажам мислењето, но само тогаш кога јас сметам дека е потребно, јас, самоиницијативно на друг начин се справувам со проблемите, онака како што знам дека ќе ги решам, знам да се борам, но знам и со кого како... А за ситуацијата во Скопје верувај дека ја знам подобро од тебе или од некои други скопјани !! И самиот си бил кираџија а ги потценуваш другите?! Дефинитивно ти си една од посебните раси на посебната раса скопјани !!