Стојам на тезата дека секој граѓанин треба да бара работа и живеалиште од онаму каде што е роден, иако Уставот вели поинаку, дека секој има право да го избира своето живеалиште. Се е тоа во ред, но....
Дека Скопје е пренаселено е факт и секој кој од друг град се преселил овде е свесен дека е така колку и да тера инат.
Во Кисела Вода, кај Расадник на пр, се направи посебна населба од 100-на згради каде на 100 коли паркирани има 80 со други таблици кои не се од Скопје.
Исто така, откако цела држава ќе дојде во Скопје, се жалат дека остатокот од Македонија пропаѓа економски и демографски. Што исто така е факт.
Затоа, се е во ред со студирањето во Скопје, но потоа луѓето да се вратат дома и таму да го развиваат нивниот роден крај како што јас би направил ако би студирал на пр. во Штип или Битола со тоа што економски ќе се подигне целокупната економија на ДОЛГ РОК, што не е случај сега.
Со тоа ќе се растерети главниот град, и нема да биде молзена крава со децении а нивото на економскиот раст ќе е подигне НА ДОЛГ РОК.
Кој сфати-сфати, кој не нека се фрустрира и повторува како тоа скопјани мразат луѓе од други градови.
Да не почнувам со примерите на однесувањето на младите студенти, во текот на учебната година во еден студентски дом во Скопје, и како тоа фрлаат телевизори од тераса, се дерат во 2,3,4 ч сабајле и сл.
Ќе напоменам дека постои опасност (а штета ќе биде реалност) дел од тие луѓе кои студираат во СК, а се однесуваат како што споменав да држат дел од раководни позиции во иднина, но тоа и не е битно толку сега, за темава.
Поентата е, дека на секоја крава кога-тогаш ќе и секне млекото ако освен нејзиното, цицаат и други телиња од други крави. Скопје реално во моментов полека, но сигурно е таа крава.