Дали Скопје треба да се затвори?

Дали Скопје треба да се затвори?


  • Вкупно гласале
    50

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Што е многу,многу е! Барем новиве градби квалитетни да ги прават,а не после 4 год се како пред распаѓање
Па редно е и ние малце да се распространиме по другиве градови,а не само они кај нас :p
За градбите колку се квалитетни е дискутабилно а за изгледот да не праиме муабет. Иначе сега добра инвестиција е да се купува имот у Ист Маседониа. Ефтино е, а може и да притреба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Сте се фатиле сите со политичарите и политиката...Сите топки во државаат пак накај нив се вртат...
Ако некој е крив за нешто тоа се они,ако некој треба да направи нешто тоа се они...
Аман више...А дали сте се запрашале што правите вие?
Како демек ако имате каде да се образувате не би доаѓале во Скопје?
Како јас што знам нема само во Скопје факултети има и во други градови...
А на крај краева ако сте дојдени за студирање ,дојдете,студирајте и одете си,студирањето трае 4 год...но не...не е тоа проблемот....Сите вие се водите со тоа.,..учев факултет сакам господска работа,епа ајде тогаш да отвориме уште по некое министерство во градовите....
Епа извинете ама неможе секој да работи во министерство..
Работа има и за тие во другите градови,но кој сака да работи...Фабрики има,колку села се празни,во тие села да се населат луѓе и да ги разработат нивите место да ги продаваат и да се извезува тоа и ке имаат убава пара и државата ке оди напред,како сакате да има пари во државата кога сите сакаат работа во државна администрација......
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ваљда си добро информирана дека до пред 4 години немаше факултети во сите градови а и сега нема доста од факултетите по другите градови.
А тој што се родил во Скопје за во министерствата е демек сакаш да кажеш.
Па оди ете ти во некое од селата па населисе и работи по нивите,а ако имаш капацитет за да бидеш дури и министер нема да те назначат оти ете ти паднало некое село на судбина демек. :)
Ма ајде детски муабети.
Не знам за оние што сакале господска работа или што сеуште сакаат,јас си пишував за нештата од мој аспект.
Ете и вон Скопје работам господска работа и покрај тоа што истата ми се нудеше и таму,сепак не одбрав да останам во Скопјето и покрај тоа што нуди доста позитивни работи доколку човек одлучи да живее.
Кога јас прв пат добив работа во Скопје,исто вака еден средовечен човек ми доага на работа и ми вика,одете таму по нивите работете и не им ја земајте работата на нашиве деца овде,станав и го прашав дали керка му е вработена,ми рече не.
Го замолив да ја повика и одма да и го одстапам местото,не прифати.Рече керка ми не е за оваа работа(се разбира,јас тогаш почнав од обичен работник и имав само 20години,како и керка му).Епа извинете ама за жал керка му уште седи дома без работа,а јас доста научив за она што сега го работам и горда сум на се она зад мене.
Џабе ти е и факултет и се ако во една област не почнеш од ако не најнискиот дел во фирмата ете негде од средина.Ако не знаеш како функционира и работникот подолу,ако не си го искусил она низ што тој поминува,лично,не дека нема да можеш да си успешен туку тешко ке ја задржиш успешноста добиена на срека или од вујко владика.
Колку сакате плукајте и по политичари и по лугето кои се родиле вон главниот град јас пак ке кажам,човек сам не бира каде ке се роди и каде ке го води судбинаата.
Празни муабети колку сакате можете да пишувате,поготово кога немате ништо од она што пишувате искусено,колку сакате исто можете да ги делите лугето на Скопјани и Дошљаци,ние сите сме луге со исти права и исти можности,само зависи од нас како ке ги искористиме.
Да,не викам дека треба да се затвори Скопје,но треба колку толку да се избегнуваат сите збиднувања да се таму.Со тоа се наштетува на сите нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO and slb_bobo

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Да немаше факултети,но јас реков..не е проблемот тука...Да дојдат 4 год,да го завршат факултетот и да си се вратат во своите родни места....
Оние луѓе за кои ти зборуваш со голема интелегенција никој не ги оспорува да бидат успешни и надвор од главниот град...Ако се они толку интелегентни незначи дека мора да бидат министри и пак ке речам да работат во администрација ,има многу фабрики кои бараат такви луѓе,а со текот на времето и тие самите можат да разработат таков бизнис.
Јас би се населила..али само од мене и 5 будали како мене тешко дека ке се оформи државата....
И ако збориме реално јас немам ниви никаде низ државава...треба да продадам куки и станови на некој од друг град кој продава ниви....тоа ти е буквално размена..а зашто да правам размена кога генерации наназад се бореле за јас да живеам во Скопје.,и потоа ке биде она..јас ке работам на нива а тој во фотеља...епа извини ама не сум помаку интелегентна од него,некогаш е и ствар на среќа....јас многу пати има кажано дека би сакала да сум се родела во помал град...
Значи меломена...господска работа има во СИТЕ градови за оние луѓе кои се стручњаци во одредена област,за интелегентни и снаодливи луѓе,но такви ги има малку...
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
А значи сега имаме уште една поделба...Градска работа и неградска. :)
Многу банални и општи примери,без навреда но многу површно гледање на нештата.Многу буквализирање,а кога ке се расчепка малку подетално би се уверила и ти ете ке го земам пример и форфан со кого исто дебатирав,но мислам дека тој е малку поупатен,ке сватите дека не се глобализираат така ни лугето ни работите.
Да беше се така едноставно животот ке беше досадна песна која на 4годишна возраст веке ке ни беше здосадена.
Ако сум јас еден пример,верувајте дека ги има доста кои дошле и сакале да се вратат.
Срека што јас сум еден бунтовник кој нема да дозволи вакви површни размислувања да му ги плеска некој во лице и попрво би се повлекол некаде каде што се помалку лугето со вакво размислување.
Овде лугето малку поинаку гледаат на конкуренцијата.Се трудат и работат наместо да кукаат како некој им земалл нешто што е нивно само ради тоа што се родиле таму.
И упорно избегнувате еден дел од моите постови,не верувам дека кај сите се базира заради тоа што некој е слабо упатен.
За кои фабрики зборувате?За кои работни места зборувате за во некои градови низ Македонија?
Да се иселат сите луге Дошљаци,како што ги нарекувате,кои се доселиле само последниве 20 години,дали сте свесни дека во наредниве бар 5 години нема да имате доволно кадар со капациитет за некои работни позиции? :)
Ах...знам дека џабе пишувам,тука се работи повеке за инает отколку за било што друго.
Јас кажав,сум да се затвори Скопје,но на секое нешто ново отворено во Скопје,немора по повеке,по едно нека се отвара и во било кој град,нека се распоредат малку работите низ државата,тогаш верувајте дека после 20 години и без да се затвори ке се намалат Дошљаците таму.
И не се плашете од конкуренцијата седејки дома.Излезете,работете и задржете си го она за кое сметате дека е ваше.
Во Англија работев,значи држава која не ми е татковина,па ниту еден жител таму не ми префрли дека не ми е заслужено работното место,а овде?На еден форум само колку се нагласени тие префрлања,а можете да замислете низ се што поминува секој трет дошљак таму.А не има секакви,и баш и онакви какви што наброја фанот,но такви има и во скопјето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO and slb_bobo

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Каде ја прочита ти градската и не градската работа...
Мене ми беше сосема друг зборот....
тоа е така во право си тоа е конкуренција,работата не е наша зашто сме се родиле тамо,имам многу пати дебатирано на таа тема....јас не викам да се оспоруваат успешните луѓе,луѓето со познавајње...зборувам за сосема друга класа на ѓраѓани...зборувам за оние граѓани кои по секоја цена сакаат да дојдат во Скопје и да работат на некој шалтер за минимални плати расправајки се со секакви будали само за да не ја фатат мотиката во рака..мене зборот ми беше што сме премногу мрзлив народ,народ кој сака државата и политичарите нешто да му дадат,народ кој не се бори за да живее поубаво..туку чека на неколку луѓе тоа да го направат.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Каде ја прочита ти градската и не градската работа...
Мене ми беше сосема друг зборот....
се расприкажавме сабајлечки :D (hug)
еве каде
Значи меломена...господска работа има во СИТЕ градови
Сега овој пост и првиот се сосема поразлични,во првиот се е земено глобално исто,а во последниот веке е нешто подруго. :)
А само што сакав да го земам за пример само Тоше Проевски,и тој не е од Скопје,ако требал само да студира и да се врати,како ке јаа тераше својата кариера во Крушево,кога се што му беше потребно во она што тој го работеше,е стационирано на куп само во Скопје.Затоа јас повеке пати напомнав,не барајте ја кривицата во оние кои останале,некои останале со право,некои не,но сигурно имаат причина и нешто што ги натерало да останат.Секој сам има право да си одлучи каде ке остане при вакви услови што ги нуди нашава држава на глобално ниво.
Има и една друга работа што ми текна да ја спомнам,доста од Дошљаците имајте во предвид дека нивните родители немаат услови да ги издржуваат па мораат сами колку толку ем да заработуваат ем да учат.Ставете се на местата на овие лица,ако некој од вас студирал или уште студира,знаете како излегуваат вашите на крај,а ставете плус да плакаат кирија за вас,трошкови и слично.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Токму така...во Тоше има потенцијал,талент,што го нема во пола Скопјани...
Јас тоа не го оспорувам како што веќе потенцирав....зборувам за луѓе кои по секоја цена бегаат од мотиката и по секоја цена само за да дојдат во Скопје...а не за луѓе кои имаат талент,потенцијал,па и тие се луѓе од истата таа држава.Но такви луѓе се гледано во процент се 30 % од 100 % дојдени...
Мене зборот ми беше нешто сосема друго ;)
нешто што го нагласив во некој пост погоре...дека сме МРЗЛИВ народ :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Во пола?
Во Тоше имаше нешто што го нема во 99.99проценти :) од лугето во Скопје.
а мрзеливоста е веке сосема дрруга тема
Јас реагирав за твоето изнесување во првите два поста конкретно за оваа тема
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum