Па добро ја иам многу другари со средно шо праат повеќе пари него тие со факултет..мислам дека и наредниов период е многу подобро да не се запишеш и да работиш некој занаети..електричар, водоинсталатер и др затоа што тоа се повеке и повеке ке фали затоа што сите студираат
Дали твоите другари ја сакаат својата работа?
Дали таа им донесува лично задоволство?
Ако одговорот е потврден, тогаш искрено ми е мило.
Не ценете ја работата според големината на платата, туку според тоа колку ве исполнува, колку сте задоволни од она што го работите.
Вреднувањето на трудот и работата не треба да се сведува само на заработувачката за опстанок или на што поголема плата, туку работата треба да овозможи личен развој и креативност.
Мислам дека нема полошо од тоа да не го сакаш она што го работиш, да пцуеш секое сабајле кога ќе го чуеш алармот, кога со нетрпение чекаш да помине работното време, да работиш само поради платата, без ќејф.
Во моето место на живеење нон стоп се бараат сезонски работници за берење грав, копање пченка и сл. каде што дневницата е 1000 ден. од 7 до 6. Месечно тоа се 500 евра. Но јас никогаш не би го работел тоа.
Сум работел за плата од 11.500 ден., а некогаш со прекувременото достигнувала и 17.000, но никогаш не ме влечела таа работа. Сега покрај студиите подработувам дома (копаничарство) каде што заработувам помалку од работата погоре, но личното задоволство од работата ми е поважно од заработувачката. ... јас вака гледам на работите.