Живот без факултет

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Братучед ми е доктор на ветеринарни науке, и замисли ... седи дома. Ја заради тој, не се запиша на ниедн од тија пералнице за паре наречени факултети, него почна да си работу... Куде е тој време изгубено .... да дадеш докторат и да седиш дома еј, ебати државу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio and WomanInRed

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Братучед ми е доктор на ветеринарни науке, и замисли ... седи дома. Ја заради тој, не се запиша на ниедн од тија пералнице за паре наречени факултети, него почна да си работу... Куде е тој време изгубено .... да дадеш докторат и да седиш дома еј, ебати државу.
Види дечко, млад си, животот е пред тебе, не треба да се обесхрабруваш ако докторот на науки седи дома. И тоа знаење што ќе го стекнеш со студиите никој не може да ти го одземе. Со факултетот кога тогаш ќе најдеш подобра работа од оваа сега, ако не према факултетот, но може дипломата барем да ти помогне во друга професија, но на повисока позиција. А со средно? Ништо! Цел живот ќе се влечкаш од фирма у фирма и некој ќе се подјебава со тебе. Не се многу четири години да ги жртвуваш за факс, затоа што уложуваш во себе и својата иднина. Знаеш колку имаш до пензија? Сакаш сите тие години, сиот твој живот да трпиш некој поглуп од тебе кој по некоја случајност станал шеф да те подјебава? ... think about it ...

едит: ова ти го кажувам од лично искуство, 100% проверено. затоа ако немаш сопствен бизнис или сл. не туку се будали. ;)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Очегледно е дека многумина очекуваат од клупа во фотелја да скокнат.
Има и такви случаи, не дека нема, ама поретки се.
Завршил економски и седел дома, станал доктор на науки и седел дома... Е дипломата не оди од врата до врата и не вика дај те на овој што учеше работа, туку тоа треба тој што учел да почне да го прави.
Моја другарка заврши правен и работеше кај извршител за минимални 5000ден. месечно. По година-две, ете ја вработена во суд.
Братучедка ми заврши економски. Работеше во една фирма, земаше солидни 20000ден. ама на госпоѓицата тешка и била работата, па даде отказ. Сега седи дома, да, ама најде работа соодветна на образованието. А тоа дека не и се работеше е веќе лична работа.
А без диплома? Со средно цел живот ќе се влечкаш за тие 5000-6000 и криво ќе ти е зашто некој поглуп од тебе ти командува. Нема да имаш никогаш можност да напреднеш и ќе стоиш во место.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Види дечко, млад си, животот е пред тебе, не треба да се обесхрабруваш ако докторот на науки седи дома. И тоа знаење што ќе го стекнеш со студиите никој не може да ти го одземе. Со факултетот кога тогаш ќе најдеш подобра работа од оваа сега, ако не према факултетот, но може дипломата барем да ти помогне во друга професија, но на повисока позиција. А со средно? Ништо! Цел живот ќе се влечкаш од фирма у фирма и некој ќе се подјебава со тебе. Не се многу четири години да ги жртвуваш за факс, затоа што уложуваш во себе и својата иднина. Знаеш колку имаш до пензија? Сакаш сите тие години, сиот твој живот да трпиш некој поглуп од тебе кој по некоја случајност станал шеф да те подјебава? ... think about it ...

едит: ова ти го кажувам од лично искуство, 100% проверено. затоа ако немаш сопствен бизнис или сл. не туку се будали. ;)
Иам убаву работу пријателе, никој не се подебава сс мене. Док ти траиш од дома за да идеш на факс, ја 3 кредита врати, и створи нешто мое.
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Исто ме иритирасва онија рекламе на владу за као .. инвестирај во својата иднина, 90та генерацие, сви се запишале.. 91ва сви се запишале...
Еве гу компликација одма... Мање више, држава е корумпирана, за паре сви гз продаав па и професори, сви ќе завршив. Океј... цела држава високообразовани ќе бидемо... Куде су работни места куде што ќе работимо бе?! Тај диплома ќе те искомплексира, нема да сакаш нешто друго да работиш, само ако не е фотеља.
Плус: Тај кампања е само за да се покаже помал процент на невработеност у „државу“ пред бирократску унију.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne and Outrider

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Па добро ја иам многу другари со средно шо праат повеќе пари него тие со факултет..мислам дека и наредниов период е многу подобро да не се запишеш и да работиш некој занаети..електричар, водоинсталатер и др затоа што тоа се повеке и повеке ке фали затоа што сите студираат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Па добро ја иам многу другари со средно шо праат повеќе пари него тие со факултет..мислам дека и наредниов период е многу подобро да не се запишеш и да работиш некој занаети..електричар, водоинсталатер и др затоа што тоа се повеке и повеке ке фали затоа што сите студираат :)
Дали твоите другари ја сакаат својата работа?
Дали таа им донесува лично задоволство?
Ако одговорот е потврден, тогаш искрено ми е мило.
Не ценете ја работата според големината на платата, туку според тоа колку ве исполнува, колку сте задоволни од она што го работите.
Вреднувањето на трудот и работата не треба да се сведува само на заработувачката за опстанок или на што поголема плата, туку работата треба да овозможи личен развој и креативност.
Мислам дека нема полошо од тоа да не го сакаш она што го работиш, да пцуеш секое сабајле кога ќе го чуеш алармот, кога со нетрпение чекаш да помине работното време, да работиш само поради платата, без ќејф.
Во моето место на живеење нон стоп се бараат сезонски работници за берење грав, копање пченка и сл. каде што дневницата е 1000 ден. од 7 до 6. Месечно тоа се 500 евра. Но јас никогаш не би го работел тоа.
Сум работел за плата од 11.500 ден., а некогаш со прекувременото достигнувала и 17.000, но никогаш не ме влечела таа работа. Сега покрај студиите подработувам дома (копаничарство) каде што заработувам помалку од работата погоре, но личното задоволство од работата ми е поважно од заработувачката. ... јас вака гледам на работите.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не само факултетот,ништо во животот не ти дава никаква гаранција.
Познавам луге кои имаат завршено факултет и не мрднаа со прст дур не им најде работа вујко им владика,работа каква што тие сакаат.
Ретко кој факултетски образуван човек се нафака да започне од одредена работа и со својот труд и способности да напредува се дур не стигне до одредено ниво кое си го замислил.
Дипломата не ја гарантира нашата способност.
Поготово овде кај нас секој трет веке има диплома,без разлика како стигнал до неа.
А кој што има диплома ке си признае дека не ја заслужува?
Ама има и луге кои не ја добиле со учење а во пракса ке се покажат и како по способни од оние другите.
Затоа велам дека ништо и никој неможе да ни гарантира за било што во животот,се зависи од нас самите,дали на време ке успееме да увидиме колкави и какви се нашите способности,се разбира потребна е и срека понекогаш.
Секако дека дипломата е добро да се има но тоа не значи дека треба да се потпираме само на неа.
Некогаш дури има и случаеви каде дипломата што некој ја поседува е од една област а човекот увидел дека неговите способности се сосема од друга област во која што и успеал.
И во тој случај не му е џабе дипломата.Секое познавање е плус за нас.
Заклучок?
Не е лошо човек да поседува диплома,но најбитно е да ги открие своите најдобри способности и да посвети внимание на нив,да ги усмери по соодветен пат,пат по кој одејки ке му биде ем задоволство ем предизвик,плус ке му овозможи животна егзистенција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

karen

Нов член
17 јуни 2012
24
14
3
cloud number 9
дипломата не ти е гаранција дека ќе најдеш добра работа и дека се ќе ти биде подредено во животот. мислам дека и овде има луѓе кои се снашле и без диплома си живеат сосема пристојно, иако се мноооогу ретки случаи.
е сега што во последно време се фура ова сите да се запишат на факултет-не можам да разберам. нека проверат по другиве поразвиени држави колкав е процентот на запишани во високо образование ко за споредба само.
најголемиот проблем кај нас е со работодавците. попрво ќе вработат некое синче на пријател што цел ден ќе дреме и ќе шета по кафиња отколку да му дадат шанса на некој што навистина ќе си го заработува лебот. кога тоа ќе се среди ќе може да зборуваме за некој ред и ценење на вистински вложениот труд за време на студии