Живот без факултет

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Реков ќе се навратам пак во темата, да се докажам.

Прво наведов неколку примери од мои блиски, а сега ќе си кажам за мене.
Прехдоната година завршив средно, со се матура некаде Јули мислам дека ја земав дипломата...Август месец јас почнав хонорарно да заработувам 200 евра, што за мене тогаш беа одлично, а дипломата од средно си немаше никаква врска со работата. Цела година се движев тука некаде со тие 200 евра, не се запишав факултет, но како заработуваав така ги инвестирав парите во книги, а со тоа и со полагање на испити за добивање на сертификати. Втората година ми остана хонорарната работа, но сега имам и основна работа, за која исто така не ми е потребно ни факултет ни дипломата од средно зимам значи плата од 300 евра, што значи моите месечни приходи се качиа на 500 евра, што за мене на овие години е супер за самостоен живот, но не и за во иднина кога ќе имаш фамилија. И оваа година не се запишав факултет 2 години значи сум „дома„, но догодина се спремам за во странство за факултет, тука ја нема професијата која што сакам да ја работам па во странтво ќе ги инвестирам заработените пари... живи и здрави. А дека од кога ќе завршиш фкаултет и не треба да чекаш да те викнат од дома со тоа се сложувам, треба да си бараш нормално, јас секогаш викам нај на крај не е само Македонија! И уште нешто на кое секогаш ми е во главата, инвестирај во себе до дека си млад.

Едит: И се ми викат некои мои блиски, толку пари месечно не зима Доктор на науки, ете ви го мојот живот без фкаултет.
Трајко, не ти требаат никакви плус пари за издржување фамилија, всушност тоа е многу лесно и ефтино. Секако доколу сакаш full опремена куќа, со коли, телевизори, компјутери, облека во сире шифоњери итн. ке ти требаат повеќе пари.
 
  • Like
Реакции: malo