Живот без факултет

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Дали денес е возможно достојно живеење без факултет?
Дали може да се најде достојна работа без факултет?
Кои работи можат да се работат без факултет?

Како вие го замислувате таквиот живот?
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,007
3,215
1,143
Ни факултетот не може да ти гарантира достојна работа денес.
Некои ја имаат дипломата а седат дома и чекаат вработување.
Што ако еден мој братучед ја има дипломата 10 години царина кога сега вози такси?
И едвај го издржува семејството.

Што и да кажам џабе е.
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Денес факултетот не ти гарантира работа, но барем имаш парче хартија кое можеби еден ден ќе ти отвори некоја врата.
Додека пак, без факултет знаеш дека нема да држиш пенкало в рака, туку ќе треба бајаги да се потрудиш за да прехраниш семејство.
А достојно? Тука се подразбира да не се гладува?
Бидејки се знае која плата може да ја вади таксист, келнер, продавач, чистач и сл. (а овие професии најчесто ги работат тие без факултет), а уште ако таа плата е и единствена која влегува во семејството, тогаш не изгледа лесно.
Повеќе преживување, отколку живеење.
 
Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
денешно време не може со фалкутет да се најде работа, а камо ли без фалкутет можеби да имаш возачка со положени А,Б,Ц,Д е тогаш ќе се вработиш во добра фирма и добра плата,а јас дефинитивно животот го гледам само излез од оваа држава здравје октомври за италија ако нешто не ми излезе непредвидено.
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Без факултет можеш да имаш прекрасен живот само ако имаш милиони и милиони евра. :biggrin
Многу убаво го замислувам тој живот, цело време ќе си патуваш, ќе си уживкаш на најубавите плажи во светот.
 
  • Like
Реакции: katetoo and Marchisio

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
699
93
катастрофа,овде само врски или партиски книшки,мама или тато да има фирма абе крш е.има луѓе и без факултет што се попаметни
 
  • Like
Реакции: Artist and Marchisio

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,054
1,576
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Дали денес е возможно достојно живеење без факултет?
Дали може да се најде достојна работа без факултет?
Кои работи можат да се работат без факултет?

Како вие го замислувате таквиот живот?
Мислев дека и без факултет може да се успее во животот, да се има пристојна работа, но увидов дека сум бил во заблуда. Мислев дека ако студираш ќе се занесеш само во тоа што го студираш и освен професијата за други работи во животот ќе бидеш дудук.
Кај мене важеше она ’’подобро да имаш познавање од повеќе области но помалку, отколку да навлезеш во една’’.
Дури и ги делев луѓето на ’’енциклопедисти’’ - првите погоре и ’’специјалисти’’ - навлезени во професијата, но без интерес и знаење за друго надвор од неа од кои повеќе ги поштуев првите ... Но се бев излажал ... и специјалистот може да биде енциклопедист ако му фаќа кликерот ...
Џабе ми е сето знаење кога нема каде да го покажам, кога нема со кого да напраам асален муабет (мене така ми се погоди, за жал), кога осум саати сум опкружен со смртници кои ништо живо не ги интересира од животот, на кои темите за разговор им се само фудбал, спортска, кеш, курви, коли, трачарење ... кога им ги кажуваш своите сваќања, идеи те гледаат како чудак, мислат дека им се праеш паметен, воопшто не те сваќаат ... Сознајниот развој во животот со средно многу споро се развива, а може и воопшто да не се развие, немаш време за тоа. Она што си го спознал како такво додека си бил средно и тоа ќе ти остане, дури може и бетер да се отупи, поготово ако стекнеш семејство рано и ако се најдеш во некоја работна средина со просечноинтелигентни личности... Постојат секаде исклучоци не велам не, има лица со средно кои работат како медицински сестри, сметководители или општо во фирми каде што има паметни човеци ... но ипак, таквиот живот е живот по шаблон куча-посо-посо-куча, учењето, надградувањето е закочено ... колку само ме нервира некој ко ќе ми рече ’’ене го се ожени, се вработи со плата 200 евра, си го нареди животот’’, абе си го нареди у мајчина ... Јас можеби по дипломирањето пак ќе се пикнам во некое фирмиче за мизерна плата, но во меѓувреме ќе трагам по работа спрема професијата, ќе се надевам барем оти имам диплома ... а со средно? со средно животот ми е решен ... ќе се вработам негде, ќе се оженам, платичето пола и јаче ќе иде за деците, а да не зборуваме за когнитивниот прогрес, нема време за тоа ... пиши пропало на таков живот ... Ваков став држам зошто сум прошол низ тоа, знам како е, а и гледам околу мене луѓето со средно каков живот имаат повеќето ... после средното се запишав вонредно на факс и работев, но од Х причини испадна да бирам помеѓу работата и факсот, и ја одбрав работата оти тогаш поважни ми беа парите отколку образованието ... и така после 5 години се освестив и се запишав повторно на факултет од кој се надевам деке ќе имам подобра иднина и подостоинствена работа.
 
Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,541
2,555
1,133
Треба да се направи една тема: Живот со факултет

Комшивка моја со 9,5 просек на Економски факултет седи дома.
Уште една со завршен Економски работи во конфекција.
Моја бтатучедка пред 7 години има завшрено медицина- работи чистачка.
Друг братучед со правен работи обезбедување.

И уште многу други примери, ќе се навратам покасно пак во темава, има многу за кажување.

Што значи моите погоре... професиите кои ги имаат можеле да ги работат и без факултет, не им требало 4 години и повеќе вложување на пари, енергија, пожртвуваност и што уште не.
 
Јас мислам дека и не е важен толку факултетот. Ако имаш знаење во таа област можеш и без факултет да работиш. Повеќето така ги бираат денес кај нас.
Ти можеш и 10 факултета да завршиш, но ако си труп работа не наоѓаш.
 
  • Like
Реакции: 990Freak

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,054
1,576
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Треба да се направи една тема: Живот со факултет

Комшивка моја со 9,5 просек на Економски факултет седи дома.
Уште една со завршен Економски работи во конфекција.
Моја бтатучедка пред 7 години има завшрено медицина- работи чистачка.
Друг братучед со правен работи обезбедување.

И уште многу други примери, ќе се навратам покасно пак во темава, има многу за кажување.

Што значи моите погоре... професиите кои ги имаат можеле да ги работат и без факултет, не им требало 4 години и повеќе вложување на пари, енергија, пожртвуваност и што уште не.
Види, понекогаш треба да се испоти г’з и да се земат работите во свои раце, да се биде снаодлив, да се трага по среќата и подобро утре. А ако седиш дома и чекаш да ти се јават за работа, ништо не праеш. Сега пријателиве погоре и покрај се, ако пак не нашле достојна работа, јбг, таков им бил к’сметот. Конкуренција голема на пазарот на трудот, немање книшка, пријатели и то. Но обесхрабрување никако! Ако таа дигнала раце и се замишља до пензија у конфекција, самата си е крива.