Дали сте романтични?

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Дали сте романтични и дали ја сакате романтиката?
се смета дека девојчињата се оние кои се најромантични, но на пример јас не сум.. да убаво е кога некој ќе ти каже нешто убаво.. но сметам дека границата меѓу романтиката и патетичноста е многу мала, дури невидлива.. луѓето кои се многу романтични, многу се патетични и смешни...
А кое е по патетично ова твоето што ќе се правиш дека си нешто поразлично од другите девојки или да си се опуштиш со дечкото и да го изненадиш со некој романтичен гест.Верувај и машките сакаат романтика.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Убаво е да знаеш дека има некој до тебе, што ќе те пазе, чува, ќе те теши и сите срања други. Убаво е да слушаш прекрасни зборови, некои ситни работи.. порака на сабајле, припреман доручек, цвеќенце мало скинато од некоја градина, внимание и се тоа.
И јас се држам до тоа дека меѓу романтиката и патетичноста, границата е мала. Не сакам ПРЕМНОГУ романтика, и мене ми е лигавење, и мене ме гуши тоа..
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
А кое е по патетично ова твоето што ќе се правиш дека си нешто поразлично од другите девојки или да си се опуштиш со дечкото и да го изненадиш со некој романтичен гест.Верувај и машките сакаат романтика.
не гледам ништо патетично во тоа што не сум романтична..
да убаво е да те изненади некогаш или ти него.. ама некогаш..
но лигавење ..... те сакам по 54574575411.. пати на ден, ѕвонење исто толку мене, бакнување на дожд и сл. работи ... не фала..
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Да, ептен, у смисла коа под романтика сметам фарбање бекатон-плочки по 10 саати на цел хотелски комплекс со мојата љубена и добивање воспалење на мускули од тоа :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

♠ Таа Сум ♠

Староседелец
17 април 2012
233
444
1,063
Скопје
Да сум,сакам романтика но во границите на нормала,сакам да изненадам и да бидам изненадена :)
Најчесто преферирам свеќи,винце и убава вечера пропратена со тивка музика,али нормално тоа да биде ретко а не секој ден !

фала многу,чао пријатно :*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi and smeker

LazyMonday

Нов член
30 мај 2012
22
17
3
Ич не сум романтична...океј, сакам да гледам романтики на тв ама јас така да делувам, нема шанси! Ете, и јас сум риби во хороскоп, ама ќе да е до подзнакот во мојов случај :giggle
 

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
не гледам ништо патетично во тоа што не сум романтична..
да убаво е да те изненади некогаш или ти него.. ама некогаш..
но лигавење ..... те сакам по 54574575411.. пати на ден, ѕвонење исто толку мене, бакнување на дожд и сл. работи ... не фала..
Премногу си гледала амерички филмови.;)
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Неможе некого со сила да го натераме да биде романтичен цело време. Едноставно тоа е поврзано со карактерот на човекот,со неговата креативност и со изразување на емоции преку такви некои романтични гестови. Јас на пример сум, и сакам да го почастам дечкото со ете некој романтичен гест. Дали ќе биде тоа ЦД со love songs,стих напишан само за него, или вечера (сендвич домашно направен) на отворено небо со две свеќички само за атмосфера:) и така некои ситни работи преку кои јас би ја изразила љубовта. Он не е таков, не е текнувало за такви работи, ама пак на многу др.начини ја покажува љубовта. Ретко знае да изненади со некој гест, и навистина сум радосна тогаш затоа што знам дека многу се потрудил да ме изненади. Убаво е кога заљубените прават убави работи за да украдат насмевка и задоволство кај партнерот. Нема кој не сака такви гестови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi