Work and Travel in America | Црнобело Форум

Work and Travel in America

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,794
1,153
26
Битола
Инаку песната ти е стварно на место, се живо и диво ми фалеше тук дур бев во Америка, а баш со песнава ме испратија, бев на матура една вечер пред да тргнам и комшијата ја порача песнава само за мене (inlove)
бтв еве ти: Нема врска! Јас бев летово и баш не е така, баш се беше топ, океј сега додека се снајдеш ти требаат недела-две и додека ти стигне првата плата, на мене на пример ми даваа на две недели на првата работа ама па затоа имав бакшиш и секој ден си имав пари у мене а кога ќе ми стигнеше платата одма на картица си ја ставав ;) и бакшишот си го собирав 3-4 дена па и тој на картица... Си имав платен еден оброк од хотелот кај што работев што значи јадев здрава храна барем 5 пати неделно, другиот оброк си плаќав 4 долари во ресторанот кај што работев втора работа и добивав огрооомна порција шпагети или некој бургер со компири и салата :cool: Што значи зависи од човек до човек, не јадат сите конзервирана храна и не рмбаат по 12 часа ;) Друго додека не најдов втора работа работев по 5 саата на ден, јадев во хотелот и после си ја прчев на плажа докај 6-7 :smug А пак имав бакшиш 40-50 долари на ден од првата и по 50-60 од втората работа :cool:
за песната нема збор ;) :D
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје

Екстра бе, другарка ми вика работела како домаќинка било многу тешко а и тешко бакшиш добивале. И давале да работи од сабаље до вечер, а некои денови така и поминувале немало работа и не ја викале. Си седеле така, а кај заврне дожд во Чикаго нема шанси да искочиш надвор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,794
1,153
26
Битола
Уште една интересна информација
ВО АМЕРИКА НЕСМЕЈ ДА СЕ ПИЕ АЛКОХОЛ ЗА ЛИЦА ПОД 21 ГОДИНА
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611

домаќинка?! Мислиш house keeping? хахахахах ме изнасмеа девојче :rofl тоа е да чисти во хотел, да средува соби итн итн, на филмоине шо викаат Room Service ;)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас бев минатото лето и топ си поминав! Имав супер работи, еден период работев и 3, станувајки во 4:45 сабајле па легнување на полноќ. Ако сакаш да заработиш, има работа, треба да вложиш труд. Јас на местото каде што бев храната беше екстремно скапа, дупло, а за некои производи и тродупло од обичен град како Њу Јорк (на пример). Иако заработив 3 пати од тоа што го вложив, добри 1500$ потрошив на храна. Се на се, одлично си поминав!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Уште една интересна информација
ВО АМЕРИКА НЕСМЕЈ ДА СЕ ПИЕ АЛКОХОЛ ЗА ЛИЦА ПОД 21 ГОДИНА
Несмее да се пие??? Несмее да се купи, било во продавница било во бар, клуб или каде и да има алкохол, ама едноставно, ти купуваат другарите шо имаат над 21 и си пиете по дома т.е. во куќата кај што сте сместени, заклучени сте си и кој ќе ве види дека пиете? Иначе јас кај шо бев е туристичко место и имаше луѓе т.е. студенти од сегде низ европа и повеќето значи добри 70 посто немаа 21 а сите си праевме журки и си пиевме и никому ништо ;)
инаку неможеш ни цигари да си купиш ако не си 21 ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,794
1,153
26
Битола
Несмее да се пие??? Несмее да се купи, било во продавница било во бар, клуб или каде и да има алкохол, ама едноставно, ти купуваат другарите шо имаат над 21 и си пиете по дома т.е. во куќата кај што сте сместени, заклучени сте си и кој ќе ве види дека пиете? Иначе јас кај шо бев е туристичко место и имаше луѓе т.е. студенти од сегде низ европа и повеќето значи добри 70 посто немаа 21 а сите си праевме журки и си пиевме и никому ништо ;)
инаку неможеш ни цигари да си купиш ако не си 21 ;)
епа баш така..моја грешка ;)
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
домаќинка?! Мислиш house keeping? хахахахах ме изнасмеа девојче :rofl тоа е да чисти во хотел, да средува соби итн итн, на филмоине шо викаат Room Service ;)
Па да бе, тоа, знам како се вика... тоа ти викам тоа и било многу тешко/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Па да бе, тоа, знам како се вика... тоа ти викам тоа и било многу тешко/
Моите румејтс шо ми беа соба до соба, од Битола две девојчиња они работеа тоа, и тешко е не викам не ама па секогаш си имавме тоалетна, чергичиња за во купатило, влашни марамици, шампони, купки, балсами, и понекогаш и по некои благи или пиво шо ги заборавиле гостине по соби :sreken како и да е треба да знаеш да се снајдеш, кај и да си, што и да работиш, ако не си снаодлива личност у животот, и мед и млеко да ти тече од работана џабе ти е, муле ќе си останеш ;)
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Па да бе, тоа, знам како се вика... тоа ти викам тоа и било многу тешко/

Се е тешко ако те мрзи да работиш. Иначе, супер е housekeeper да си, според мене. Како прво, имаш бакшиши, понекогаш огромни, и над 100$. Како второ, речиси секој ден наоѓаш оставени работи по соби, кои се за тебе, како храна, кутии пива, облеки и сл. Како трето, можеш да се влечеш во една соба, буквално 10 минути да редиш еден кревет, ако сакаш, и така повеќе саати да си собереш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trouble and Martin_MKD