Од двомечот со Монако, Венгер треба да сфати дека треба да купи одбранбен играч кој ќе биде првотимец и Мертесакер да го продаде некаде во трета лига кај што ќе се мотивира зашто очигледно не го цени доволно статусот „првотимец“ (после свецко не може да се мотивира де, испод ниво му е да игра со некои кои не освоиле свецко). Овој двомеч оди директно на душа на Пер Мертесакер кој што е директен кривец за два гола на Монако затоа што не покри добро и затоа што изиграваше централен среднист, првиот гол не го сметам затоа што беше несреќно одбиена топка од него иако и таму има кривица затоа што не покри на време и дозволи шут.
Арсенал тешко играат против бункераши првично затоа што се низок тим (официјално најнизок во ПЛ), а бункераши се растураат со нафрлени топки од крилни позиции или од ситуации кога одбраната (т.е. целиот тим) е надвор од 16-ник па по некоја долга топка и полу-контра да се искористи тоа.
Судијата не го можев синоќа. На Алексис му даде жолт картон затоа што падна во 16-ник откако буквално го јавнаа
Одбранбен играч подаде на голман и овој ја прибра со раце, судијата ништо не виде, па после се искупуваше судејќи сомнителни аути за Арсенал. Ич не сакам кога судии се искупуваат за претходни грешки кои што не смееле да ги направат.
Вечер очекувам Јувентус да играат катанаџо уште од прва минута. Ако преминат центар три пати на цела утакмица тоа ќе е чудо.
П.С. Вечер играат Нотингем, така да ако не ви се гледа ЛШ пуштете ги Нотингем